и уште едно друже @мики
што е со одредени делови од Библијата кои предходно се свакале буквално а сега се свакат демек фигуративно како на пример староста на зејмата која според библијата пишува дека е не постара од 6000 години?
има и за други делови од неа кои порано се свакале буквално а сега 'фигуративно' што со тоа? ке испадне дека после некое време цела Библија ке треба да ја свакаме несериозно?
1. Никаде во Билбијата не е наведена ниедна година, ниту пак староста од планетата Земја.
2. Православна проценка е дека Земјата е стара околу 8 000 г., но тоа е проценка, не е догма, не е црковна одредба, не е услов за влез во Рајот. Адвентистите даваат проценка за старост до 6 000 г.
3. Библијата е текст пишуван на едноставен начин, кој има повеќеслојно значење во својата едноставност. Затоа, еден стих, напишан со едноставен јазик, зад себе крие сложени значења и содржини. Ради таа сложеност и повеќезначност, потребно е толкување на стиховите од квалификувани личности, кои во Црквата ги знаеме како „Свети Оци„. Нивното толкување е и фактичко и симболичко, но и двата начини на толкување се точни, оти ние сме и материјални и духовни битија. На пр. Св Василиј е познат по тоа што толкува фактички а Св. Григориј симболички, но и двајцата се во право.
Кажими ? Јулијански и Грегоријански календар кој е исправен за молње, за славење, за цел начин на живот.
Едните грешат ама прашањето е кој?
Н едните нема да им се примат молитвите ама кому?
Кажиго твојот став во врска со ова, баш ме интересира.
МПЦ, РПЦ, СПЦ, и Света Гора се водат по Јулијанскиот календар. За нас, тоа е закон. А кој греши, ќе трпи и последици од грешката. Дел од праволавните Цркви го сменија минејот/календарот па сега се водат по Грегоријанскиот а како последица, се јавија доста расколи во тие Цркви.
@мики1,
друже објасни за слободна воља што пишува во библијата во однос на тоа што пишува за кој ке биде спасен и кој не,бидејки според неа само оние кои ке го прифатат Исус Бог ке бидат спасени а неверниците не и како да ги сврзиме овие две работи сега?
од една страна имаш слободна волја а од друга ако не ме прифатиш си наебал.
Православниот став по ова прашање е двоен, па вели:
1. Црквата не исклучува и други луѓе да се спасат, оти спасението е по милоста Божја а не по човечка одребда или пуста желба.
2. Но, оние кои се исповедаат за православни вернци, треба да бидат убедени дека најголемата веројатност за спасение на душата своја, може да се случи само под закрилата на православната Црква/Цркви.
И уште една работа: лесно е за некој поединец или колектив, да се самооправда на Судот Христов со тоа што можеби навистина никогаш не ни слушнал за Христа Бога. Но, кој барем слушнал за Христа и дознал нешто од Неговото учење и истото не го прифаќа, за тоа, на Судот ќе нема никакво оправдување.