Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
@мики1,
друже објасни за слободна воља што пишува во библијата во однос на тоа што пишува за кој ке биде спасен и кој не,бидејки според неа само оние кои ке го прифатат Исус Бог ке бидат спасени а неверниците не и како да ги сврзиме овие две работи сега?
од една страна имаш слободна волја а од друга ако не ме прифатиш си наебал.
Многу е едноставно, за оној кој сака да разбере. Ти се давиш, ти фрлаат гума да се спасиш. Ако се фатиш за неа ќе се спасиш, а ако не ќе се удавиш. Изборот е твој, никој не може со сила да ти помогне.:toe:
 
Член од
29 октомври 2008
Мислења
596
Поени од реакции
13
сакам да разберам
значи ми ставаш пиштол у чело и ми даваш 'слободна воља'?
или ке ме прифатиш или ке умреш
слободна воља парекселанс:tapp:

----
уше едно
според библијата господ Бог е совршен и аналогно на ова се што создава треба да е соврсено земјата исто така треба да е и се друго,реалноста е дека е далеку од соврсена и секој би си поставил прашање ако земјата кое е господово дело е несовршено тогаш зашто рајот како исто господово дело би било соврсено?
 
831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.838
Поени од реакции
12.292

Значи Господ нас не не сака, не фрлил да се давиме и сега не уценува со гума...значи тој го создал универзумот за да ужива во нашето давење, како што јас уживам во филмот SAW и слични њему...
 
?

..........

Гостин

Пааа така некако:helou:
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Pazi
magija da ne ti frlat, od toa ima spas samo so kontramagija!
Risjanstvoto ne priznava magija, ama taa postoi!

Da be, zosto risjanstvoto ne priznava magija a ima
ko magijski obredi?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
и уште едно друже @мики
што е со одредени делови од Библијата кои предходно се свакале буквално а сега се свакат демек фигуративно како на пример староста на зејмата која според библијата пишува дека е не постара од 6000 години?
има и за други делови од неа кои порано се свакале буквално а сега 'фигуративно' што со тоа? ке испадне дека после некое време цела Библија ке треба да ја свакаме несериозно?

1. Никаде во Билбијата не е наведена ниедна година, ниту пак староста од планетата Земја.

2. Православна проценка е дека Земјата е стара околу 8 000 г., но тоа е проценка, не е догма, не е црковна одредба, не е услов за влез во Рајот. Адвентистите даваат проценка за старост до 6 000 г.

3. Библијата е текст пишуван на едноставен начин, кој има повеќеслојно значење во својата едноставност. Затоа, еден стих, напишан со едноставен јазик, зад себе крие сложени значења и содржини. Ради таа сложеност и повеќезначност, потребно е толкување на стиховите од квалификувани личности, кои во Црквата ги знаеме како „Свети Оци„. Нивното толкување е и фактичко и симболичко, но и двата начини на толкување се точни, оти ние сме и материјални и духовни битија. На пр. Св Василиј е познат по тоа што толкува фактички а Св. Григориј симболички, но и двајцата се во право.

Кажими ? Јулијански и Грегоријански календар кој е исправен за молње, за славење, за цел начин на живот.
Едните грешат ама прашањето е кој?

Н едните нема да им се примат молитвите ама кому?

Кажиго твојот став во врска со ова, баш ме интересира.
МПЦ, РПЦ, СПЦ, и Света Гора се водат по Јулијанскиот календар. За нас, тоа е закон. А кој греши, ќе трпи и последици од грешката. Дел од праволавните Цркви го сменија минејот/календарот па сега се водат по Грегоријанскиот а како последица, се јавија доста расколи во тие Цркви.

@мики1,
друже објасни за слободна воља што пишува во библијата во однос на тоа што пишува за кој ке биде спасен и кој не,бидејки според неа само оние кои ке го прифатат Исус Бог ке бидат спасени а неверниците не и како да ги сврзиме овие две работи сега?
од една страна имаш слободна волја а од друга ако не ме прифатиш си наебал.
Православниот став по ова прашање е двоен, па вели:

1. Црквата не исклучува и други луѓе да се спасат, оти спасението е по милоста Божја а не по човечка одребда или пуста желба.
2. Но, оние кои се исповедаат за православни вернци, треба да бидат убедени дека најголемата веројатност за спасение на душата своја, може да се случи само под закрилата на православната Црква/Цркви.

И уште една работа: лесно е за некој поединец или колектив, да се самооправда на Судот Христов со тоа што можеби навистина никогаш не ни слушнал за Христа Бога. Но, кој барем слушнал за Христа и дознал нешто од Неговото учење и истото не го прифаќа, за тоа, на Судот ќе нема никакво оправдување.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Значи Господ нас не не сака, не фрлил да се давиме и сега не уценува со гума...значи тој го создал универзумот за да ужива во нашето давење, како што јас уживам во филмот SAW и слични њему...
Значи, убаво напишав, за оној кој сака да свати ...Господ ги љуби сите:

„Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.“ (Јован 3,16).

Токму поради таа љубов и ти ја „фрла таа фамозна гума“. А, во водата те има фрлено и те држи Сатаната. Е сега, ако пак не ти е јасно, тогаш едноставно тоа е твој проблем.

П.С. А тие србизми што ги користиш „њему“ , тоа некоја нова шема ли е ?:pos2::pos2::pos2:

сакам да разберам
значи ми ставаш пиштол у чело и ми даваш 'слободна воља'?
или ке ме прифатиш или ке умреш
слободна воља парекселанс:tapp:

----
уше едно
според библијата господ Бог е совршен и аналогно на ова се што создава треба да е соврсено земјата исто така треба да е и се друго,реалноста е дека е далеку од соврсена и секој би си поставил прашање ако земјата кое е господово дело е несовршено тогаш зашто рајот како исто господово дело би било соврсено?
Не, не сакаш да разбереш. Ти сакаш бескрајно да си играш со зборови, а тоа го правиш толку невешто што дури станува патетично.

Второ, да Господ Бог е совршен, но ние луѓето не сме. Тој ги создал Адам и Ева, но тие стануваат грешни поради тоа што биле заведени од Сатаната. Поради тоа се избркани од рајот (Едемската градина) на Земјата, каде сите од тогаш сме грешни. Но, не е се' изгубено. Спасение има, а тоа е Исус Христос. Поздрав !
 
Член од
29 октомври 2008
Мислења
596
Поени од реакции
13
1. Никаде во Билбијата не е наведена ниедна година, ниту пак староста од планетата Земја.

2. Православна проценка е дека Земјата е стара околу 8 000 г., но тоа е проценка, не е догма, не е црковна одредба, не е услов за влез во Рајот. Адвентистите даваат проценка за старост до 6 000 г.

3. Библијата е текст пишуван на едноставен начин, кој има повеќеслојно значење во својата едноставност. Затоа, еден стих, напишан со едноставен јазик, зад себе крие сложени значења и содржини. Ради таа сложеност и повеќезначност, потребно е толкување на стиховите од квалификувани личности, кои во Црквата ги знаеме како „Свети Оци„. Нивното толкување е и фактичко и симболичко, но и двата начини на толкување се точни, оти ние сме и материјални и духовни битија. На пр. Св Василиј е познат по тоа што толкува фактички а Св. Григориј симболички, но и двајцата се во право.
аха да,како би требало да се свати пишувањето во библијата за магариња кои зборат,за огнени змии и други митски чудовишта џинови и остали фактички или симболично? мислам ова за оние со здрав разум како треба да го сватат ова фактички или фиктивно?

Православниот став по ова прашање е двоен, па вели:

1. Црквата не исклучува и други луѓе да се спасат, оти спасението е по милоста Божја а не по човечка одребда или пуста желба.
2. Но, оние кои се исповедаат за православни вернци, треба да бидат убедени дека најголемата веројатност за спасение на душата своја, може да се случи само под закрилата на православната Црква/Цркви.

И уште една работа: лесно е за некој поединец или колектив, да се самооправда на Судот Христов со тоа што можеби навистина никогаш не ни слушнал за Христа Бога. Но, кој барем слушнал за Христа и дознал нешто од Неговото учење и истото не го прифаќа, за тоа, на Судот ќе нема никакво оправдување.
тогаш зашто Бог дал разум и логика на лугето?со која цел е дадена? да читаат куп нелогичности и да одат против здрав разум и да веруваат у глупости?магариња што летаат и зборуваат или како деда Ное успеал да собере милиони видови на неговата арка?
зашто тогаш христијанските бракови доживуваат разводи ист процент ако не и поголем за разлика од другите? нели во името на Бог.....ваљда имаат некоја закрила повеке:pos2:

на крај краева зашто му веруваш на Бог кога и неговиот најголем и најблизок следбеник се завртел против него,хаха според ова прееска некој спомињаше Бог е совршен:pos2::pos2: абе не се зезај бе:tapp:
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
A islamot ne veruva vo dzinovi?? Muahahahaha!@

Sega i jas treba ko tebe kilavo da se smeam??

Ne be, ne sum tolku glup i nema da se smeam sto Muhamed veruval vo duhovi, dzinovi itn.

Risjanskite brakovi, poradi sopstvena vokja i sloboda na izbor imaat razvod, za razlika od muslimanskite (osobeno iranskite ili saudiskite), kade se besi na plostad za toa. Sosila ubajna ne biva. Taka za d azadrzite zena, za razlika od risjanite, mora so zakon da i zabranite da se razvede.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
аха да,како би требало да се свати пишувањето во библијата за магариња кои зборат,за огнени змии и други митски чудовишта џинови и остали фактички или симболично? мислам ова за оние со здрав разум како треба да го сватат ова фактички или фиктивно?

Посочи конкретен случај од Писмото, за да не правиме муабет на памет...
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ке праша некој од џиновитеи ќе ти извади цитат за Св. Ѓорѓија и ламјата!
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
тогаш зашто Бог дал разум и логика на лугето?со која цел е дадена? да читаат куп нелогичности и да одат против здрав разум и да веруваат у глупости?магариња што летаат и зборуваат или како деда Ное успеал да собере милиони видови на неговата арка?
зашто тогаш христијанските бракови доживуваат разводи ист процент ако не и поголем за разлика од другите? нели во името на Бог.....ваљда имаат некоја закрила повеке:pos2:

на крај краева зашто му веруваш на Бог кога и неговиот најголем и најблизок следбеник се завртел против него,хаха според ова прееска некој спомињаше Бог е совршен:pos2::pos2: абе не се зезај бе:tapp:

1. Бог ја дарува логиката само за луѓето, оти само луѓето се разумни/словесни битија и само луѓето можат да ја прифатат волјата Божја, .т.е. науката Божја.
2. Разводите на браковите се последица од се помалата и послабата љубов меѓу сопружниците, и воопшто, помеѓу луѓето. Тоа Св. Ап. Павле веќе го најави...
3. Како тоа, „неговиот најблизок следбеник се завртел против него„? Кој е тој „најголем„ следбеник, дај појасни троа...

Ке праша некој од џиновитеи ќе ти извади цитат за Св. Ѓорѓија и ламјата!

Под „џинови„ се подразбираат луѓе (поединци, народи...) кои навистина имале исклучителна физичка сила, но не се подразбираат џинови, со несфатливи димензии и височини. Пример за таков исклучителен џин е Голијат, филистеецот.

А под „ламја„ се подразбира не ламја од некоја приказна за деца, туку се подразбира демонот.
 
831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.838
Поени од реакции
12.292
Значи, убаво напишав, за оној кој сака да свати ...Господ ги љуби сите:

„Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.“ (Јован 3,16).

Токму поради таа љубов и ти ја „фрла таа фамозна гума“. А, во водата те има фрлено и те држи Сатаната. Е сега, ако пак не ти е јасно, тогаш едноставно тоа е твој проблем.

П.С. А тие србизми што ги користиш „њему“ , тоа некоја нова шема ли е ?:pos2::pos2::pos2:
Значи постои и Сатана кој му пркоси на Се или Не-Моќниот Бог така? Ако Бог не љуби толку многу зошто тогаш не не избави од злото што ни го нанесува Сатаната? На коалиција ми мириса овде, универзален заговор, каде Сатаната не фрла во вода а Бог ни фрла гума, сега дај да разјасниме кој владее со животот и универзумот, двајцата? Или Сатаната е додаден како фил на тортата наречена религија за да се искористи глупоста и малодушноста на народот, толпата, збирштината, како би се придобиле повеќе верници.

Да, србизми! Објавувам нова шема...повелете...:vozbud:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom