Let 3
The Nipple Erector
- Член од
- 13 јули 2008
- Мислења
- 30.896
- Поени од реакции
- 31.276
1. Има некоја одредена дата, некој миг кога духот ја напуштил римокатоличката црква или тоа се случи постапно, на пример ко виде духот дека се тие еретици почна се поретко да им оди1. Духот Свет ја напушти римската Црква, откако во неа се појавија ересите, значи и пред 1054 г. Зачетоците на тие погубни ереси ги ма уште во 5-от век по Христа, а врз на тие ереси е шизмата од 11-от век, иако Константинополските црковни достоиниственици ги предупредуваа римјаните за проблемот со векови претходно.
2. Да, Духот ја дели својата енергија во сите православни Цркви, Тоа не значи дека Он е толерантен кон насилното припојување кон некоја од околните/помесните Цркви. Проблемите кои се појавија кај нив, последица се од нивното отстапување од Вистината.
3. Тоа што дел од помесните православни Цркви не ја признаваат МПЦ, тоа не значи дека Духот Свет ја напуштил МПЦ. Проверено, дури и од мене лично. Помесните СПЦ и ГПЦ не ја признаваат МПЦ не од догматски, туку од прагматско-политички причини, кои немаат блага врска со Духот Свет.
2/3 дали луѓето кои во минатото биле крштени, причестувани, во Македонија во бугарски, грчки, српски... цркви се со полноважно пред бога извршени обреди? Ако се како такви пред очите исправни, зошто да не се дозволат отварања на српски бугарски грчки ерменски руски и било кои други православни цркви низ Македонија. Од каде иди тој отпор? дали од синодот на МПЦ? нели со тоа се противат на Бога пред чии очи сите православни цркви се исправни?