Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 мај 2009
Мислења
323
Поени од реакции
7
Власта го наметнала христијанството откако увидела дека на тој начин може да ја контролира рајата. Јака философија:kesa:
Да, затоа за неполни 100 години Рим го ограбија сите можни варварски племиња па се распадна царството и влегоа во мрачно доба:uvo:
 
Z

ZeroStyle

Гостин
Да, затоа за неполни 100 години Рим го ограбија сите можни варварски племиња па се распадна царството и влегоа во мрачно доба:uvo:
Сега прашањето твое беше како стасале до таму работите, да римјаните веруваат во Исус. Грабежите и распадот на царството не зависеле од христијанството, уствари царството почнало да слабее уште во времето на спартаковото востание:toe:
Ама тоа е друга тема за во друг подфорум. Твоето прашање беше јасно одговорено, мислеле дека така полесно ќе го контролираат народот и го усвоиле христијанството.:toe:
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Koнстантин

Константин во своето царство се соочил со граѓанска војна и немири. Тој забранил прогон на сите вери (не само на христијанството) и му излегол во пресрет на сите вери во градење на храмови и светилишта. Истовремено поставувал кипови и жртвеници и на Митра и на Аштатра и градел цркви. Му било потребно внатрешна стабилност и мир. Во тоа време званична религија на Рим беше во паганскиот бог на сонцето “Сол инвикти“ а константин беше негов првосвештеник. Тој му овозможи на христијаните да странат легални а тие од друга страна го поставија на местото на Исус, ги сменаа своите празници да се совпаднат со празниците на сонцето (ја зедоа недела место сабота, го зедоа 25 декември место 6 јануар) Под надзор на паганот Константин беше одржан и соборот на кој се одлучи који книги ќе влезат во новиот завет и со гласање се одлучи дека Исус бил син божји а не пророк. Константин од друга страна нареди спалување и уништување на сите книги евангелија, посланија... кои не беа во склад со новата христијанска доктрина. Но сепак Константин остана паган се до неколку моменти пред смртта кога го крстија (тешко и дека онака на самрт беше свестен што му прават) тој беше политичар кој сакаше со сите сретства да го зацврсти и обедини царството и цел живот беше паган.
Тоа беше почетокот на воспоставување на христијанството како легална а подоцна и државна религија.
 
Можи е за друга тема ама не мислам дека царството почнало да слабее за време на спартаковото востание кога Римската Империја беше сеуште римска република а не царство. Царството почнало да слабее откако го доживеало својот врв, после големиот процут во времето на Август, во времето на Тибериј, негде околу и по смртта на Исуса. "Мислеле дека така полесно ќе го контролираат народот и го усвоиле христијанството" - значи биле победени, принудени да прифатат формула сосем спротивна од она што дотогаш го признавал паганскиот свет.

Секоја почит кон твојот емпиризам. Штета што не знам многу историја па да навлегувам детално во ваков тип расправа. Но без разлика на тоа дали некој си правел компилации од текстови или носел политички решенија при креирање на една нова (еврејска, монотеистичка) религија, карактерот на Христос е јасно даден во евангелијата и ни зборува за еден оригинален човек, не паган, човек кој само со своите зборови и дела извршени во 3 години придобил народи, кој длабоко навлегол во човечките срца. Она што е прикажано во евангелијата има своја суштина. Зошто пак баш таква смисла на работите како што се запишани извојувала победа над сладострасните имотни пагани и нивните обичаи, зошто прикаската станала ваква каква што е, од какви психолошко-физиолошки и филозофски побуди на светот?
 
Исто така и Гандалф е прекрасен човек, мудар и правдољубив за разлика од Саурон кој е лош и зол.
И тоа е убаво опишано и запишано.

Али ти си во право без да ја знаеш историјата без да побараш потврди и поткрепи во други науки и книги не можеш детално да дискутираш.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397

Лет3, каква врска има твоето (не)познавање на историјата со историјата од Црквата? Световната и црковната историја имаат свои интереси и свои патеки, а ти упорно мешаш баби и жаби, обидувајќи се да ја критикуваш црковната историја и Црквата, преку шпекулациите од световната историја.

Не случајно, световната историја ја нарекуваат „ороспија„ меѓу сите науки, оти само историјата ја „обработува„ кој како стигне и само историјата не може емпириски да се докаже (пошто е иреверзибилна), кому како му е кеифот и од така „обработената„ и „докажана„ световна историја, се впушташ во „набадања„ за наводната пресија од Св. Цар Константин врз Црквата?

Сите напади врз Црквата доаѓАат од фаци кои се надвор од Црквата па таквите, згора на све, ем е надвор ем си дозволуваат луксуз да пишуват за нешта кои се внатре.

Го мразеа Христа, Го тепаа и распнаа па зашто тоа пак не би се случило?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Лет3, каква врска има твоето (не)познавање на историјата со историјата од Црквата? Световната и црковната историја имаат свои интереси и свои патеки, а ти упорно мешаш баби и жаби, обидувајќи се да ја критикуваш црковната историја и Црквата, преку шпекулациите од световната историја....
Мики... абе еднаш да прифатеше аргумент...
Све што ќе те отера у ќош го пљукаш и омаловажуваш. Срамота е бе, еееееј! Верник си викаш... Бог да чува од такви верници.

Лет3 ти вика дека постои разумно историско толкување за генезата на христијанството. Толку ли ти е страв да прочиташ нешто од страна? Мислиш дека знаењето ќе те стави во грев? Страв ли ти е да дознаеш нешто ново?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Мики... абе еднаш да прифатеше аргумент...
Све што ќе те отера у ќош го пљукаш и омаловажуваш. Срамота е бе, еееееј! Верник си викаш... Бог да чува од такви верници.

Лет3 ти вика дека постои разумно историско толкување за генезата на христијанството. Толку ли ти е страв да прочиташ нешто од страна? Мислиш дека знаењето ќе те стави во грев? Страв ли ти е да дознаеш нешто ново?

DBack, раскрсти веќе еднаш што се баби а што жаби...

Каков црн аргумент, каков бутур бе. Овде никој не изнесе ниту еден валиден доказ, кој „држи вода„ туку сите оние, како веќе напишав, кои се надвор од Црквата, ја критикуваат истата таа Црква, од чиста омраза и кон Црквата и кон Христа а не ради некое изложување јаки „аргументи„ од историска природа. Како да не.... Затоа , еден современ руски богослов, со право вели дека, кога Исус би дошол повторно на Земјава, отпаднатите од Него повторно би Го распнале на крст. Омразата кон Христа постоеше и при Неговото прво доаѓање, а постои и ден-денес, со овие непрекидни напади врз Црквата-телото Христово и врз сите оние кои веќе се во Црквата. Не случајно, Христос, јавувајќи му се на Св. Ап. Павле, го опомена: „....Савле, Савле, зашто Ме гониш?. Тешко е да се ридаш против бодило..„. Секој напад врз Цркваат е напад врз Христа! Савле ја гонеше раната Црква Христова, ја гонат и денес...Христа Го мразеа пред 2000 г. а очигледно е дека Го мразат и денес.

А своеглави фаци, кои мислат дека Светот постои од нивното раѓање и кои мислат дека Светот секогаш треба одново и одново да се „отркива„, имало, има и ќе има.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Лет3, каква врска има твоето (не)познавање на историјата со историјата од Црквата? Световната и црковната историја имаат свои интереси и свои патеки, а ти упорно мешаш баби и жаби, обидувајќи се да ја критикуваш црковната историја и Црквата, преку шпекулациите од световната историја.

Не случајно, световната историја ја нарекуваат „ороспија„ меѓу сите науки, оти само историјата ја „обработува„ кој како стигне и само историјата не може емпириски да се докаже (пошто е иреверзибилна), кому како му е кеифот и од така „обработената„ и „докажана„ световна историја, се впушташ во „набадања„ за наводната пресија од Св. Цар Константин врз Црквата?

Сите напади врз Црквата доаѓАат од фаци кои се надвор од Црквата па таквите, згора на све, ем е надвор ем си дозволуваат луксуз да пишуват за нешта кои се внатре.

Го мразеа Христа, Го тепаа и распнаа па зашто тоа пак не би се случило?
Прво не сакав вака да те растревожам и вознемирам.
Никој овде не напаѓа било која црква, ние дискутираме овде за историја и настани луѓе кои довеле до настанок на христијанството. Споредуваме евангелија и свети писма со други вонхристијански податоци и изведуваме заклучоци. Тоа што текстовите во светите писма не се совпаѓаат или немаат поткрепа во други не христијански пишувања не е мој проблем исто така не е мој проблем ако текстовите, исказите и пишувањата во светите писма се разликуваат едни од други и меѓусебе се спротивставуваат. Тебе ете тоа не ти смета да си веруваш и јас те подржувам сосема во твојот избор.
Значи мој совет е дека ако овие пишувања толку те вознемируваат да не им обрнуваш внимание, да ги заобиколиш. Можеби помирно ќе спиеш ако не знаеш некои работи.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
DBack, раскрсти веќе еднаш што се баби а што жаби...

Каков црн аргумент, каков бутур бе. Овде никој не изнесе ниту еден валиден доказ, кој „држи вода„ туку сите оние, како веќе напишав, кои се надвор од Црквата, ја критикуваат истата таа Црква, од чиста омраза и кон Црквата и кон Христа а не ради некое изложување јаки „аргументи„ од историска природа. Како да не.... Затоа , еден современ руски богослов, со право вели дека, кога Исус би дошол повторно на Земјава, отпаднатите од Него повторно би Го распнале на крст. Омразата кон Христа постоеше и при Неговото прво доаѓање, а постои и ден-денес, со овие непрекидни напади врз Црквата-телото Христово и врз сите оние кои веќе се во Црквата. Не случајно, Христос, јавувајќи му се на Св. Ап. Павле, го опомена: „....Савле, Савле, зашто Ме гониш?. Тешко е да се ридаш против бодило..„. Секој напад врз Цркваат е напад врз Христа! Савле ја гонеше раната Црква Христова, ја гонат и денес...Христа Го мразеа пред 2000 г. а очигледно е дека Го мразат и денес.

А своеглави фаци, кои мислат дека Светот постои од нивното раѓање и кои мислат дека Светот секогаш треба одново и одново да се „отркива„, имало, има и ќе има.
... мора да е многу тешко... да живееш и размислуваш во затворен систем кој може да се поткрепи и објасни единствено со самиот себе...
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Let3, Всенената посто и пред твоето раѓање, а Црквата Христова постои едно 2 000 г. Што тука не е јасно и што тука допрва треба да се истражува и со која цел е то истражување? Наоѓањето „грешки„ во евангелијата? Па се изначитав(ме) такви постови на форумов, а стварноста ни вели дека и покрај тие „грешки„, Црквата Христова сеуште постои и живее и чудна работа, никако да исчезне!

... мора да е многу тешко... да живееш и размислуваш во затворен систем кој може да се поткрепи и објасни единствено со самиот себе...
Не е тешко, лесно е, но само со ум и срце отворени за науката Хриатова а не за менливо-минливи „научни„ сознанија и мудрости од овој Свет.

Христова наука е духовно-етичка, а токму тие две категории се нешта кои „модерните„ луѓе ем ги заборавија, ем лупаат глупости за темите кои не ги познаваат.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Црквата постои уште поради тоа што е сеуште богата и силна институција која практикува моќ врз наивното и недоволно образовано население. Ќе постои се додека има овци за стрижење. Се додека луѓето живеат во страв од големиот суд - измислица од контрол-фрикови од римското царство.

Тоа што нешто постои не докажува дека не е лажно, Мики. И филмови постојат, а не се вистински, нели? Исто и овој твојов филм. Не викам дека не постои. Викам само дека е лажен.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
DBack, раскрсти веќе еднаш што се баби а што жаби...
Код:
1(Отец)+1(Син)+1(Свет Дух)=1(Бог)
Хе хе хе на друг вика а тој самиот во една равенка испомешал баби и жаби па дури вметнал и јаболки и круши.:pos2:
Код:
 Црквата Христова сеуште постои и живее и чудна работа, никако да исчезне!
Живее???!!!!!
Поточно......вегетира.....никој за ништо битно не ја прашува.....тоа и е најболното:vozbud:
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
како веќе напишав, кои се надвор од Црквата, ја критикуваат истата таа Црква,
Возможно е некој од Црквата да ја критикува Црквата ?
marcus напиша:
Мислиш дека е болнотото тоа што никој ништо не прашува?!Болно ќе биде кога ќе застанеш еден ден пред Бога и тој ќе те праша..да дадеш одговор за својата вера и дела..
Абе не знам за пред Бога ама оние твоине во Америка палат и жарат. Политички мешања, калкулации, измами, коалиции, саботажи на научни документи... Мислиш на Доналд Трамп се клањаат а не на пресветото чисто Тројство.
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Поточно......вегетира.....никој за ништо битно не ја прашува.....тоа и е најболното:vozbud:
Мислиш дека е болнотото тоа што никој ништо не прашува?!Болно ќе биде кога ќе застанеш еден ден пред Бога и тој ќе те праша..да дадеш одговор за својата вера и дела..Остајте ја Црквата Исусова на страна од вашиот сарказам..

Лет3..да има политичка осонова зад Христијанстовот..но само затоа што некои од апостолите(знаеш и самиот кои)..мислеле дека сето она што Исус го зборува..треба да се случи овде на Земјата..Зелотите очигледно го побркале Небесното Царство со она за кое мислеле дека се борат...неверството не било само меѓу народот

Возможно е некој од Црквата да ја критикува Црквата ?
Да..ако тргне настрана од "патот"
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom