DBack, раскрсти веќе еднаш што се баби а што жаби...
Каков црн аргумент, каков бутур бе. Овде никој не изнесе ниту еден валиден доказ, кој „држи вода„ туку сите оние, како веќе напишав, кои се надвор од Црквата, ја критикуваат истата таа Црква, од чиста омраза и кон Црквата и кон Христа а не ради некое изложување јаки „аргументи„ од историска природа. Како да не.... Затоа , еден современ руски богослов, со право вели дека, кога Исус би дошол повторно на Земјава, отпаднатите од Него повторно би Го распнале на крст. Омразата кон Христа постоеше и при Неговото прво доаѓање, а постои и ден-денес, со овие непрекидни напади врз Црквата-телото Христово и врз сите оние кои веќе се во Црквата. Не случајно, Христос, јавувајќи му се на Св. Ап. Павле, го опомена: „....Савле, Савле, зашто Ме гониш?. Тешко е да се ридаш против бодило..„. Секој напад врз Цркваат е напад врз Христа! Савле ја гонеше раната Црква Христова, ја гонат и денес...Христа Го мразеа пред 2000 г. а очигледно е дека Го мразат и денес.
А своеглави фаци, кои мислат дека Светот постои од нивното раѓање и кои мислат дека Светот секогаш треба одново и одново да се „отркива„, имало, има и ќе има.