Јас знам кој беше Исус.
Тоа може да се заклучи од евангелијата.
1. Исус беше син на Јосиф и преку својот татко Јосиф беше наследник на царот Давид и престолонаследник на Израел. И мудреците (пастирите) уште кога се роди дојдоа да му се поклонат на кралот Израелов, а дека е цар и дека луѓето го познавале и признавале како цар го имаме и кај Лука и кај Матеј и кај Јаков. И самиот Рим го признава дека е цар јудејски и како таков го распнуваат , како цар Јудејски и тоа јасно го обележуваат со табла на крстот.
[FONT="][/FONT]
[FONT="][/FONT]Исус бил столар и немал никакви благороднички права во времето на римската окупација. Не може некој од дете да биде јавно спреман за престолонаследник на политичка титула од страна на скромни побожни сиромашни Евреи за да наследи царство пропаднато пред 700 години, и тоа пред очите на Рим, Ирод и римските доушници ― корумпираната еврејска црква. Тоа дека Месијата според пророштвата требало да биде потомок на Јуда, од коленото Давидово, е факт, но ретко кој од Јудејците не бил потомок на Давида со оглед на неговото огромно богатство и големината на Давидовиот Дом кој постоел 1000 години пред Исуса, огромниот број жени и деца на Давида и Соломона, ― па така и Исус бил син Давидов, но не можел да биде никаков легитимен наследник на световна круна баш тогаш (и зошто баш тогаш?), а и зарем евангелијата го прикажуваат(издаваат) како желен за политичка власт? Сепак, Исус се покажал поголем од сите благородници и свештеници заедно, од цела римска војска во цела кралска, републичка, царска и христијанско-империјална римска историја. Зошто?
3. Исус со политика и борба сакал да си го поврати престолот, околу него имаше вооружни зелоти (вооружена група која се борела против Римската власт) но таа борба не успеела. Околу 600 римски војници заедно со непознат број на еврејски стражари од храмот го нападнале и заробиле Исус. Рим го осудил на смрт и го распнал како крал на јудеја (која во тоа време беше во рацете на Рим а Исус бил неприател на Рим. Бил распнат заедно со двајца зелоти (вооружени борци против Рим)
Исус никогаш не изгубил некаков престол па да трга со војска да си го повраќа. Зарем ти изгледа дека човек кој говорел такви работи како Него може да биде заинтересиран за да организира 200-300 бунтовни Евреи да удрат на Римската власт во златните времиња на Август или Тибериј?, зарем ти сакаш да кажеш дека Он со тоа се занимавал и се надевал да ја зграпчи власта преку пролевање крв??? Смешно размислување.
5. Од животот на Исус и неговата борба за престол и против Рим се изродија легенди кои во 4 ти век од новата ера беа искомпилирани во текст под наслов Нов Завет а самиот исус беше со гласање прогласен за бог.
А зошто и како Римјаните дозволија еден распнат бунтовник по 300 години да стане нивни Бог и да го означи крајот на античкиот свет на Земјата?
[FONT="][/FONT]
Тоа во кратки црти беше Исус Христ (Христ значи помазан крал а Исус беше ритуално помазан во крал) Во историјата на Израел сите помазани кралеви имале назив (на грчки) Христ. Исус не е првиот кој ја имал таа титула и Давид бил Христ и Соломон бил Христ.
И Саул можда бил а? Остај ги ти грчките преводи. Се знае добро што чекале Евреите и што чекаат уште:
Господ за иднината
1 Зашто, ете, ќе настапи ден, кој гори како печка; тогаш сите горди и оние, кои постапуваат нечесно, ќе бидат како слама, и ќе ги изгори денот оние што иде, вели Господ Саваот; и така, нема да остане од нив ни корен, ниту гранчиња.
2 А за вас, кои се боите од името Мое, ќе изгрее сонцето на правдата, и исцеление ќе има во зраците негови, и вие ќе излезете и ќе се разиграте како нахранети теленца;
3 и ќе ги газите нечестивите, оти тие ќе бидат прав под стапалата на нозете ваши во тој ден, што јас ќе го приготвам, вели Господ Саваот.
4 Помнете го законот на Мојсеја, слугата Мој, кому му заповедав на Хорив за сиот Израил, како и - правилата и наредбите.
5 Ете, Јас ќе го пратам при вас пророкот *Илија, пред да настапи денот Господен - големиот и страшниот.
6 И тој ќе ги *обрне срцата на татковците - кон децата нивни, и срцата на децата кон татковците нивни, па кога ќе дојдам, за да не ја поразам земјата со проклетство.
[FONT="]Малахија 4[/FONT]
Oд долгогодишно студирање и проучување на историјата како на рим, израел така и на христијанството се извлекоа логични заклучици кои можат да се потпрат еден врз друг кои можат да се наредат во одреден ред да оформат логична и подразбирлива целина. Многу е тешко во мал простор за дискусија детално да ти лаборирам но ќе ти дадам некои насоки, евангелијата се пишани многу по Исуса а се компилирани и дооформени 3 века по смртта на Исуса. Тие се пишани за Римска публика и се со цел да ја симант вината од Римјаните и му се префрлат на Евреите.
А што пак би го интересирало еден крволочен отмен Римјанин да биде симната некаква вина за убиството на некој си бунтовен Евреин, и истата да ја префрла на Евреите?
Период кога настануваа евангелијата (од 60 - 120 година од новата ера) се периоди кога Евреите беа неприател број 1 на Рим, постојани војни, востанија и борби, и многу аботи во нив се дотерувани и изменувани. Но сепак се настанати на основ на некоја вистинска прикаска, околу која после се налепени слоеви на легенди, митови, фантазии и слободни интрепретации. Али кога се чита внимателно Новиот завет ни ја открива вистината која се наоѓа под сите тие слоеви. Не се беше преправено и дотерано, а и многу работи кои денес ни звучат едно пред 2000 години имаа сосема друг признак. “Дајте му на бог божјето а на царот царевото“ Ова денес толу понизна и мирољубива изјава во време на Исус во тоа окружување и сфаќање значи повик на бунт и истерување на римјаните од израел. Околу Исус беа собрани неколку зелоти, денес тој назив не ни значи ништо но во време на Исус зелоти беа смртни неприатели на Рим, атентатори, востаници, вооружени борци против Рим кои дури и убиваа Евреи кои соработуваа со Рим. Исус е со Симон Зелотот или Симон Кананецот (што е друг назив за зелот) или како што велат евангелијата Симон наречен Петар а Петар на Еврејски е “камен“ или “цврст како камен“ значи суров цврст човек, исус е распнат со двајца зелоти, па и Јуда Искариотски има веројатност дека е од Јуда Сикариот или исто така зелот, Исус прави бунт кај храмот, превртува тезги на менувачи кое е директен удар на Рим под чија власт е Ерусалем и Израел, а и не ми се верува дека трговците мирно седеа наоколу додека некој му ги растркалува парите наоколу али секако евангелијата многу од работите поради политика премолчиле или прикажале поинаку, Исус бара да се воружат неговите следбеници, а колку е озбилна заканата за Рим се гледа дека по него да го апсат била пратена кохорта на римска војска (Во Вулгата се споменува збор кохорта а во старогрчкиот текст “спериан“ што е исто назив за кохорта, кохорта е десети дел од римска легија која боеше 6000 војници, а ако имаше и коњица и помошни единици и преку 2000 луѓе, заедно со неодреден број на евреи против Исуса и неговите вооружени следбеници тргнале можеби и преку 1000 вооружени војници, нели е тоа премногу за рим да уапси мирен проповедник кој се залага за мир и плаќање на даноци туку би се пратиле да се уапси човек кој во окупирана Јудеја тврди дека е законит крал кој околу себе има вооружени следбеници од кои некои се зелоти и кој предходно направил нереди во Ерусалем.....
[FONT="][/FONT][FONT="][/FONT] Да било вака како што велиш ти Исус никогаш немаше да стане тоа што денес е, и не ќе беше ништо поразличен од безброј други еврејски, европски, азиски или афрички обични бунтовници "политичари" против римската власт низ вековите.
Дури и денес може да се види обид како се преправале работите, зборот меч кога Исус барта да се вооружат се преведува како нож (да се намали ефект на насилие0 или зборот кохорта се разблажува со група војници или неодреден број замаглен во големина, дури и во некои преводи зелот се прикрива па на негово место се става борец за слобода или слично.
[FONT="]Христос проповедал духовност и просветлување, бил несомнено просветлен и многу духовен човек, а според сведоштвото на неговите следбеници и според неговите сопствени зборови бил Син Божји, со тоа и сам Бог, архетип на совршената вселенска вистина. Исус ништо лошо не рекол како што читам јас, ни пак изигрувал некаков обичен властољубив или среброљубив слеп ситничар. Тоа што сега е погрешно интерпретиран или повеќе би рекол злоупотребен, како што бил и порано и уште додека бил жив, тоа воопшто нема што да не зачудува - тоа произлегува од оваа грешна нечиста збирштина наречена човештво. Сакам да кажам дека погрешни се тезите што велат се стремел кон земна круна па си добил регуларна казна. Од каде тогаш сета оваа слава и негирање? Зарем Христос не навлегол вистински во човечките срца?[/FONT]