Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Во откровението на Јован убаво стои дека на второто доаѓање на Исус ќе се отвори ковчегот на заветот и ќе му се суди на живите и мртвите.
Не се споменува друг завет други правила други прописи.
Цитирај го стихот и контекстот па можеме да продискутираме за кој завет и за каков судски процес станува таму збор. На еден судски процес ќе се одредува кој ќе влезе во Божјото царство (дали твоето име го има во книгата на живите или не), а потоа ќе се судат и делата на верниците и ќе им се даваат или поништуваат награди. Многумина први ќе бидат последни, а многумина последни први, но сите овие ќе влезат во Божјото царство заради својата искрена вера во Исус Христос.

Тој истиот апостол Јован (а не Павле) кој го напишал Откровението ни ги пренесува и следниве зборови на Исус Христос:

"Вистина, вистина ви велам: кој го слуша Моето слово и верува во Оној, Кој Ме прати, има вечен живот и не доаѓа на суд, туку преминал од смртта во живот."
(Исус Христос во ев. Јован 5:24)

"Кој верува во Него, нему не му се суди;"
(Исус Христос во ев. Јован 3:18)

А и Исус рече дека ни една буква од старите закони ниту најмалата заповед нема да се поништи нема да се укини или измени се додека постојат и небото и земјата, и додека се не се исполни, а се ќе се исполни дури откако Тој ќе се врати кога ќе му се суди на човештвото и кога ќе дојде кралевството небесно.
Точно така, но го забораваш најглавниот дел од Христовата изјава: "не дојдов да го поништам Законот, туку да го исполнам."
Како што добро знаеш стариот завет и мојсеевиот закон не се променети во светата книга на христијаните (Библијата) и тие си стојат таму такви какви што си биле и во времето пред Исус. Сепак некои заповеди се исполнети во Исус и не се дел од новиот завет и затоа христијаните не се држат до нив. Додека пак оние кои го немаат склучени новиот завет со Исус Христос и сеуште се држат до стариот завет со Бог преку Мојсеј, тие сеуште се придржуваат (или барем се трудат) до старозаветните непоништени заповеди.

До Павлета христијаните си се обрежуваа си ја почитуваа саботата и си се држеа до старозаветните закони и прописи баш онака како им го наложи и Исус.
Читај во Делата на апостолите 15-то поглавје и ќе видиш дека сите апостоли се собраа за да продискутираат околу овие работи (особено околу обрежувањето) и дека Јаков (а не Павле) ја соопштува одлуката (притоа цитирајќи го Симон Петар, а не Павле) дека не е потребно народите да го земаат старозаветниот јарем на евреите, туку само да се чуваат од идолите, да се воздржуваат од крв, од удавено и од блудство.
Тука паѓа теоријата со Павле, затоа што тој не бил најгласниот на тој собир на апостолите, туку најгласни биле Петар и Јаков - најблиските апостоли на Исус кои биле наречени и столбови на верата.

Павле на крај кога го обави тоа дело, под заштита на римската војска си се скраси во Рим во своја куќа каде живееше безбедно и богато.
Имаш некаков аргумент за ова?
Клемент од Рим известува дека Павле бил погубен пред властите, Тертулијан известува дека му била отсечена главата, а Ориген додава дека погубивањето на Павле се десило за време на Нероновото владеење.
Ајде наведи ги твоите извори за овој безбеден и богат Павле, па да ги извагаме аргументите? :)
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Никој не избегнува прашања..не сум јас 24 часа техничка поддршка овде..Инаку не сум православен и не се консултирав со никого(освен со Библијата)..Одговорот на прашања го добивте од Чорбаџија...
Маркусе нема одговор бе другар ...

14. Ако некој се ожени со ќерка и мајката нејзина, тоа е беззаконие: со Оган да бидат изгорени и тој и таа, за да нема беззакониа за вас

15. .................. Убиј го и него и животното .....................

17. ............ да бидат истребени од својот народ .................... е овдека ти остава тебе на избор на кој начин ќе ги истребиш

какав е ова „милостливост“ од страна на бог ... што ни порачува во погоре наведените реченици ?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Зашто намерно (или во твое незнаење!) го прескокаш фактот дека суровоста на старозаветниот Закон е дадена ради „...жестокоста од срцата...„ од старозаветните јудеи и нивното често остапување од Бога, иако со Него веќе поставиле неколку завети/договори? Старозаветните одредби веќе се надминати, слава и фала на Бога во Висините, но старозаветните одредби се толкуваат исклучиво во духот од Новиот Завет, а не како ова твое изолирање на строгоста старозаветна, со која по којзнае кој пат на форумов, атеистите си наоѓаат самооправдување за своето останување во неверие...
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Зашто намерно (или во твое незнаење!) го прескокаш фактот дека суровоста на старозаветниот Закон е дадена ради „...жестокоста од срцата...„ од старозаветните јудеи и нивното често остапување од Бога, иако со Него веќе поставиле неколку завети/договори? Старозаветните одредби веќе се надминати, слава и фала на Бога во Висините, но старозаветните одредби се толкуваат исклучиво во духот од Новиот Завет, а не како ова твое изолирање на строгоста старозаветна, со која по којзнае кој пат на форумов, атеистите си наоѓаат самооправдување за своето останување во неверие...
Добро бе, Мики, зошто вака непотребно зборови, зборови, зборови...

Во најмалку 10 наврати Лет3 експлицитно (дури и навредливо дебилно) цитира зборови од НОВИОТ ЗАВЕТ во кои Исус вика дека ЗАКОНИТЕ ОД СТАРИОТ ЗАВЕТ НЕМА ДА СЕ МЕНУВААТ!!!

Исус вика тоа. Не дедо Ное, не вика Мојсие, не вика Алах. ИСУС ВИКА!

Како не ти е јасно?!?!?!


Нема тука контекст. Нема „ама види“. Нема простор за толкување, за мислење и за потпрашања.

Дај више, преку такво, нека собере храброст некој од вас и нека каже: „Фер, така вика Библијата. Така треба да биде.“ Што ви е толку мачно да признаете нешто што експлицитно го пишува во единствениот авторитет за христијаните?!?
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Стварно се правите дека не разбирате или така ви чини?!
Еве ви ја реченицата пред омилениот ви цитат..
”Не мислете дека дојдов да ги поништам Законот и Пророците! Не дојдов да ги поништам, туку да ги исполнам.
Зашто вистина ви велам, додека не поминат небото и земјата, ниту најмалата буква, ни цртичка, не ќе ја снема од Законот, додека не се збидне сè.
Знаете ли што е запишано и што треба да се исполни?!
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
Стварно се правите дека не разбирате или така ви чини?!
Маркус, кога ќе даде некој цитат од Исус дека се укинуваат законите од Стариот Завет, дали сите и кои поточно ако не се сите укинати.

Твоето, на Мики1, Чорбаџија, ништо не ми значи. Дајте збор од шефот.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Добро бе, Мики, зошто вака непотребно зборови, зборови, зборови...

Во најмалку 10 наврати Лет3 експлицитно (дури и навредливо дебилно) цитира зборови од НОВИОТ ЗАВЕТ во кои Исус вика дека ЗАКОНИТЕ ОД СТАРИОТ ЗАВЕТ НЕМА ДА СЕ МЕНУВААТ!!!

Исус вика тоа. Не дедо Ное, не вика Мојсие, не вика Алах. ИСУС ВИКА!

Како не ти е јасно?!?!?!


Нема тука контекст. Нема „ама види“. Нема простор за толкување, за мислење и за потпрашања.

Дај више, преку такво, нека собере храброст некој од вас и нека каже: „Фер, така вика Библијата. Така треба да биде.“ Што ви е толку мачно да признаете нешто што експлицитно го пишува во единствениот авторитет за христијаните?!?

Она кое тебе, а и на многумина, очигледно им е нејасно, ќе се обидам да со опишам колку е можно поедноставно:

-Христос навистина ги исполни и Законот и пророците!
-Христос го укина старозаветниот Закон, оти самите јудеи, поточно, нивното свештенство, го искриви и изврте старозаветниот Закон и го претвори Законот: од ред, чие почитување допушта спасение, во тешка бесцелна церемонија, која нема блага врска со спасението на душите!

Е токму тоа спасение, ни го остави Христос Бог, поставувајќи го својот, Новиот Завет, „..новиот договор...„ со одбраните, преку Неговата Црква!

Према томе, Дибек, доцниш едно......




...едно 2 000 години, разбираш!
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Маркус, кога ќе даде некој цитат од Исус дека се укинуваат законите од Стариот Завет, дали сите и кои поточно ако не се сите укинати.

Твоето, на Мики1, Чорбаџија, ништо не ми значи. Дајте збор од шефот.
Ја колку што видов сите цитати кои ти беа дадени се од Библијата....значи од шефот...

Еве ви уште..

Колосјаните
Вас, кои бевте мртви во престапите и необрезанието на вашето тело, ве оживе заедно со Него; простувајќи ни ги сите наши престапи; 14 на тој начин што го избриша дејството, кое со своите одредби беше против нас; го отстрани од среде нас, приковувајќи го на крст;
Римјаните
зашто со делата на Законот ниедно тело нема да се оправда пред Него; зашто преку Законот доаѓа самото познавање на гревот. 21 А сега, независно од Законот, се јави Божјата правда, за која сведочат Законот и пророците,
Болдираното во црвено е доволно..ако после иова не ви е јасно..ќе почнам да се сомневам во нешто
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
Ја колку што видов сите цитати кои ти беа дадени се од Библијата....значи од шефот...
Цитатите беа за храмови, за брак и уште едно нешто( да не го барам сега). Дајте цитат за укинување на сите закони од Стариот Завет каде се поништуваат старозаветните закони. Значи каде се укинуваат сите закони, и дали во ова се вклучуваат и 10те божји заповеди. Ако не се, каде пишува дека не се. Црно на бело, не објаснување.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
А зашто самиот не седнеш и не го напишеш тоа кое сакаш да го прочиташ? И каде е одредено или забележано дека Христос ги укинал и Заповедите, кога Он е Творецот и на Заповедите?

Укинувањето на старозаветниот Закон, Хрситос најсликовито го чини на Тајната вечера, на Велики Четврток, кога вели: „...Ова е крвта на Новиот Завет, која се пролева за мнозина за простување на гревовите. Пијте од неа сите!...„.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Уште ли треба..еве..
Римјаните
сега, се ослободивме од Законот, откако умревме за оној, кој нè потчинуваше, за да служиме во нов дух, а не во старата буква.
Новито Завет[/B], која се пролева за простување на гревовите на мнозина. Пијте од неа сите!...„.
Ете!Уште еднаш...
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Уште ли треба..еве..
Римјаните

Ете!Уште еднаш...
Нов завет додаден на стариот. Стариот си важи и плус Исус додава нов завет и ги поострува законите стари.
Никаде не го укинува Стариот завет колку и да ги искривувате зборовит на Исус

а тоа Римјаните.. тоа го кажа Павле. кој ги прогонуваше и убиваше христијаните кој сам се прогласи за апостол и кој ги смена законите.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
Мајтапчиите и неверниците никогаш неможат да дојдат до спасителното сознание!
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
Тебе и на твоите сродни души; според законот и зборовите кои ги изговарате, ... а на тие што веруваат, надеваат и љубат, според Милоста БОЖЈА!




Дај БОЖЕ - Инашалах - сите да поверуваат во Љубовта БОЖЈА и да бидат спасени!

АМИН! АМИН! АМИН!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom