- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
Цитирај го стихот и контекстот па можеме да продискутираме за кој завет и за каков судски процес станува таму збор. На еден судски процес ќе се одредува кој ќе влезе во Божјото царство (дали твоето име го има во книгата на живите или не), а потоа ќе се судат и делата на верниците и ќе им се даваат или поништуваат награди. Многумина први ќе бидат последни, а многумина последни први, но сите овие ќе влезат во Божјото царство заради својата искрена вера во Исус Христос.Во откровението на Јован убаво стои дека на второто доаѓање на Исус ќе се отвори ковчегот на заветот и ќе му се суди на живите и мртвите.
Не се споменува друг завет други правила други прописи.
Тој истиот апостол Јован (а не Павле) кој го напишал Откровението ни ги пренесува и следниве зборови на Исус Христос:
"Вистина, вистина ви велам: кој го слуша Моето слово и верува во Оној, Кој Ме прати, има вечен живот и не доаѓа на суд, туку преминал од смртта во живот."
(Исус Христос во ев. Јован 5:24)
"Кој верува во Него, нему не му се суди;"
(Исус Христос во ев. Јован 3:18)
Точно така, но го забораваш најглавниот дел од Христовата изјава: "не дојдов да го поништам Законот, туку да го исполнам."А и Исус рече дека ни една буква од старите закони ниту најмалата заповед нема да се поништи нема да се укини или измени се додека постојат и небото и земјата, и додека се не се исполни, а се ќе се исполни дури откако Тој ќе се врати кога ќе му се суди на човештвото и кога ќе дојде кралевството небесно.
Како што добро знаеш стариот завет и мојсеевиот закон не се променети во светата книга на христијаните (Библијата) и тие си стојат таму такви какви што си биле и во времето пред Исус. Сепак некои заповеди се исполнети во Исус и не се дел од новиот завет и затоа христијаните не се држат до нив. Додека пак оние кои го немаат склучени новиот завет со Исус Христос и сеуште се држат до стариот завет со Бог преку Мојсеј, тие сеуште се придржуваат (или барем се трудат) до старозаветните непоништени заповеди.
Читај во Делата на апостолите 15-то поглавје и ќе видиш дека сите апостоли се собраа за да продискутираат околу овие работи (особено околу обрежувањето) и дека Јаков (а не Павле) ја соопштува одлуката (притоа цитирајќи го Симон Петар, а не Павле) дека не е потребно народите да го земаат старозаветниот јарем на евреите, туку само да се чуваат од идолите, да се воздржуваат од крв, од удавено и од блудство.До Павлета христијаните си се обрежуваа си ја почитуваа саботата и си се држеа до старозаветните закони и прописи баш онака како им го наложи и Исус.
Тука паѓа теоријата со Павле, затоа што тој не бил најгласниот на тој собир на апостолите, туку најгласни биле Петар и Јаков - најблиските апостоли на Исус кои биле наречени и столбови на верата.
Имаш некаков аргумент за ова?Павле на крај кога го обави тоа дело, под заштита на римската војска си се скраси во Рим во своја куќа каде живееше безбедно и богато.
Клемент од Рим известува дека Павле бил погубен пред властите, Тертулијан известува дека му била отсечена главата, а Ориген додава дека погубивањето на Павле се десило за време на Нероновото владеење.
Ајде наведи ги твоите извори за овој безбеден и богат Павле, па да ги извагаме аргументите?
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)