Let 3
The Nipple Erector
- Член од
- 13 јули 2008
- Мислења
- 30.896
- Поени од реакции
- 31.276
Ова е став на една од многуте цркви..
1. Христос создаде Една, а не две, три или пет Цркви. Симболот од верата тоа јасно го говори.
2. Во 1054 таа Една Црква, се раздвои на западна Римокатоличка и источна православна Црква. Православната Црква го чува учењето онака како што Исус им го предаде на Апостолите, а овие на првие епископи. Православната Црква и го признава апостолсктото преемсто на римокатоличката Црква и тоа е се кон римската Црква.
3. Освен православната и римокатоличката, ниедна друга заедница нема апостолско преемство, па со тоа не ни може да биде Црква!
4. Евангелската е само дериват на протестантизмот, а овој е дериват на римокатолицизмот, без апостолско преемство.
5. Јеховините сведоци не се рисјани, оти Христа не Го сметаат за Богочовек, туку само за човек.
Сите цркви си имат вакви ставови поткрепени со докази и објаснети и протолкувани од нивни верници.
А Исус си беше јудеец и проповедаше јудаизам (можеби малку назаренски настроен но сепак јудаизам)