Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
.
1. Христос создаде Една, а не две, три или пет Цркви. Симболот од верата тоа јасно го говори.
2. Во 1054 таа Една Црква, се раздвои на западна Римокатоличка и источна православна Црква. Православната Црква го чува учењето онака како што Исус им го предаде на Апостолите, а овие на првие епископи. Православната Црква и го признава апостолсктото преемсто на римокатоличката Црква и тоа е се кон римската Црква.
3. Освен православната и римокатоличката, ниедна друга заедница нема апостолско преемство, па со тоа не ни може да биде Црква!
4. Евангелската е само дериват на протестантизмот, а овој е дериват на римокатолицизмот, без апостолско преемство.
5. Јеховините сведоци не се рисјани, оти Христа не Го сметаат за Богочовек, туку само за човек.
Ова е став на една од многуте цркви.
Сите цркви си имат вакви ставови поткрепени со докази и објаснети и протолкувани од нивни верници.

А Исус си беше јудеец и проповедаше јудаизам (можеби малку назаренски настроен но сепак јудаизам)
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Исус не создаде ниту една црква. Лажете. Толку едноставно. Ниту некаде пишува дека создал (библија) ниту некој од страна го забележал или запишал тоа. Се се тоа цркви измислени од луѓето многу подоцна од времето во кое луѓето мислат дека Исус живеел.
Инаку, по мене, Исус не ни постоел историски. За мене ова не претставува проблем, пошто библијата е ионака симболично четиво - настаните во него не се историски. Тоа се поуки за подобар живот. Не се наредби.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Исус не создаде ниту една црква. Лажете. Толку едноставно. Ниту некаде пишува дека создал (библија) ниту некој од страна го забележал или запишал тоа. Се се тоа цркви измислени од луѓето многу подоцна од времето во кое луѓето мислат дека Исус живеел.
Инаку, по мене, Исус не ни постоел историски. За мене ова не претставува проблем, пошто библијата е ионака симболично четиво - настаните во него не се историски. Тоа се поуки за подобар живот. Не се наредби.
Ова е саде уште една варијанта на проверената формула: си создавам оправдување, со кое ќе го (само)оправдам моето останување надвор од новозаветната арка и ќе си терам по свое...
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
1.852
Поени од реакции
1.382

Тогаш ти едноставно се одрекуваш и дека Македонија постоела и била сосема различна територија од Грција ? 10 страни да прочиташе од Библијата немаше да збориш напамет... Него, ајде сега ако си атеист најголем фраер си, едноставно се одрекуваш и од своите родители, или да неречам тебе во лавабо те крстеле не у црква ... без навреда.
 
Каква врска има историскиот Исус со споменувањето на Македонија?!?! Не гледам никаков резон во силогизмов (ако-тогаш) твој. Не ти ја разбирам логикава, ама ич.

Не сум атеист. Да прочиташе барем 10 страни од темава - немаше да збориш на памет - ќе можеше да разбереш што зборувам. ;)

Каква врска има крстењето со моето спорење на историскиот Исус?!?!

Спон, не викам ја дека библијата е срање. Напротив. Викам дека е убаво четиво кое треба да се чита симболички, а не буквално.

Ова е саде уште една варијанта на проверената формула: си создавам оправдување, со кое ќе го (само)оправдам моето останување надвор од новозаветната арка и ќе си терам по свое...
Мики, си помислил ли некогаш дека можеби ти си создаваш оправдување за да не размислуваш подалеку од приказната која те магепсала?

Си помислил ли некогаш дека можеш уште еднаш во животот да искусиш епифанија која ќе те преобрати и претвори во поинаков вид на верник? Такво нешто се случува низ сите религии и на голем број од верниците.

Си замислил ли такво нешто? ...јас мислам дека не, ама ќе те замолам да се обидеш и да размислиш што би се случувало со тебе тогаш.... мислам, ако не е преголем грев за тебе размислувањето надвор од верата...
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Исус не создаде ниту една црква. Лажете. Толку едноставно. Ниту некаде пишува дека создал (библија) ниту некој од страна го забележал или запишал тоа. Се се тоа цркви измислени од луѓето многу подоцна од времето во кое луѓето мислат дека Исус живеел.
Инаку, по мене, Исус не ни постоел историски. За мене ова не претставува проблем, пошто библијата е ионака симболично четиво - настаните во него не се историски. Тоа се поуки за подобар живот. Не се наредби.

Постојат некој историски извори дека е роден некаде околу 9 или 10 година по новата ера . Но според мене е роден како индиго - дете кое си играло со другарчињата надвор, за време на тин-годините си дркал на комшивката единствена разлика е што бил многу понапреден во размислувањате од тие што го сублимирале и поседувал одлична харизматичност, исто така пораките кои што ја носел во себе и проповедал се за секоја почит, но меѓутоа тие пораки што ги ширел за мир и мудроста што ја имал во себе не биле доволно разбрани од простата амфорна маса и митот е роден за Исус како Богочовек зошто гладната маса се рани со глорификација чист пример имаме и во 21 век тагови-Обама и Груевски

Мислам во глобала понатаму се знае дека митот е успоруван и забрануван јавно да се спомнува па можеби и заборавен за на крај Константин да го воскресне со единствена причина да ја контролира рајата.

Ако Исус би знаел што се е направено и се прави во негово име јас гарантирам дека ќе си делкал вазни и правел столчина и нема да му објаснувал на слепците околу него дека не треба да се убиваат и ограбуваат.
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Исус не создаде ниту една црква. Лажете. Толку едноставно. Ниту некаде пишува дека создал (библија) ниту некој од страна го забележал или запишал тоа. Се се тоа цркви измислени од луѓето многу подоцна од времето во кое луѓето мислат дека Исус живеел.
Инаку, по мене, Исус не ни постоел историски. За мене ова не претставува проблем, пошто библијата е ионака симболично четиво - настаните во него не се историски. Тоа се поуки за подобар живот. Не се наредби.
Исус постоел како личност, но дали бил бог тоа е друго прашање.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Исус постоел како личност, но дали бил бог тоа е друго прашање.
To е дискутабилно....
Веројатно е дека постоел но нема историски доказ за тоа. Само Новиот завет ни кажува за Исус а Новиот завет не се историски записи. Надвор од нив нема докази за постоење на Исус како личност.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Постојат некој историски извори дека е роден некаде околу 9 или 10 година по новата ера . Но според мене е роден како индиго - дете кое си играло со другарчињата надвор, за време на тин-годините си дркал на комшивката единствена разлика е што бил многу понапреден во размислувањате од тие што го сублимирале и поседувал одлична харизматичност, исто така пораките кои што ја носел во себе и проповедал се за секоја почит, но меѓутоа тие пораки што ги ширел за мир и мудроста што ја имал во себе не биле доволно разбрани од простата амфорна маса и митот е роден за Исус како Богочовек зошто гладната маса се рани со глорификација чист пример имаме и во 21 век тагови-Обама и Груевски

Мислам во глобала понатаму се знае дека митот е успоруван и забрануван јавно да се спомнува па можеби и заборавен за на крај Константин да го воскресне со единствена причина да ја контролира рајата.

Ако Исус би знаел што се е направено и се прави во негово име јас гарантирам дека ќе си делкал вазни и правел столчина и нема да му објаснувал на слепците околу него дека не треба да се убиваат и ограбуваат.
Кога би нашол некаков податок од нехристијански извор, кој го споменува историскиот Исус, мислам дека оваа варијанта би ми била многу разумна и прифатлива. :)
Јас уште не сум прочитал или чул за независен и веродостоен извор во кој се споменува постоењето на човек кој се викал исус, во тој период. Мислам, правел чуда, а ниту еден историчар современик не го спомнува. Ај да бил у забит некоја, разбирам. Да правел чуда во планини, пустини - фер. Ама он правел чуда во еден од тогашните светски центри, а никој, апсолутно никој не го документирал тоа.
А мислам дека најпрвин црквите би се расфрлале со вакви аргументи доколку тие постојат. Ако некој можел да дојде до такви веродостојни извори, мислам дека е тоа Ватикан. А не го прават тоа. Затоа мислам дека не постоел навистина.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
1.852
Поени од реакции
1.382
To е дискутабилно....
Веројатно е дека постоел но нема историски доказ за тоа. Само Новиот завет ни кажува за Исус а Новиот завет не се историски записи. Надвор од нив нема докази за постоење на Исус како личност.
Што сакаш да дојде и да ти удри гром у бафчата ? Ако било така тогаш сите ќе верувале, и значението на целата вера би паднало у вода, зашто тогаш би имало неверници, кој е будала да се прави мангуп пред Бога ? Ај не зборите како да сте биле таму....
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Што сакаш да дојде и да ти удри гром у бафчата ? Ако било така тогаш сите ќе верувале, и значението на целата вера би паднало у вода, зашто тогаш би имало неверници, кој е будала да се прави мангуп пред Бога ? Ај не зборите како да сте биле таму....
Нема доказ. Ако е за такви докази како за Исус тогаш постојат и Озирис и Амон Ра и Јупитер и Зевс и Аполон и Аштатра и Митра и Баал......
Постојат сите богови во кои некој верува или не.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Што сакаш да дојде и да ти удри гром у бафчата ? Ако било така тогаш сите ќе верувале, и значението на целата вера би паднало у вода, зашто тогаш би имало неверници, кој е будала да се прави мангуп пред Бога ? Ај не зборите како да сте биле таму....
Како тоа мислиш? Викаш дека ако некој историчар забележал дека он постои и тоа го запишал, дека ќе пропаднела религијата?!?

Значението на верата ќе падне у вода дека премногу луѓе веруваат у неа?!?

Мислиш дека за да имаш вера мора да има мистерија и непознаници?!?!

Зошто Мухамед никој не го оспорува? Зошто Буда не го оспоруваат?
Затоа што нивните современици ги спомнуваат во оставените ракописи. Дека нивните имиња се запишани. Така знаеме дека некој навистина постоел. За Исус, само црквите викаат дека постоел. Никој од неговото време не го спомнува. Не ти е тоа барем малку сомнително? Или ѓаволот замешал прсти?
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Кога би нашол некаков податок од нехристијански извор, кој го споменува историскиот Исус, мислам дека оваа варијанта би ми била многу разумна и прифатлива. :)
Јас уште не сум прочитал или чул за независен и веродостоен извор во кој се споменува постоењето на човек кој се викал исус, во тој период. Мислам, правел чуда, а ниту еден историчар современик не го спомнува. Ај да бил у забит некоја, разбирам. Да правел чуда во планини, пустини - фер. Ама он правел чуда во еден од тогашните светски центри, а никој, апсолутно никој не го документирал тоа.
А мислам дека најпрвин црквите би се расфрлале со вакви аргументи доколку тие постојат. Ако некој можел да дојде до такви веродостојни извори, мислам дека е тоа Ватикан. А не го прават тоа. Затоа мислам дека не постоел навистина.

Нема друг податок освен евангелијата од Јован,Марко,Матеј и Лука мислам дека сепак се добар податок дека таква личност постоела што и не мора да значи . Јас друг извор освен тој не го познавам.

Дионисие Мали по налог на папата Јован правел некој пресметки кога е роден само тие не се земаат сериозно како и што сам пишав научнициве сметаат според податоците кој можат да се најдат дека е роден 7-8 години по или пред новата ера не можам да се сетам во моментов.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Н
Дионисие Мали по налог на папата Јован правел некој пресметки кога е роден само тие не се земаат сериозно како и што сам пишав научнициве сметаат според податоците кој можат да се најдат дека е роден 7-8 години по или пред новата ера не можам да се сетам во моментов.
Па према евангелијата е родн ИЛИ 5-6 години ПРЕД новата ера или 7 години ПО новата ера. И двете опции се дадени во евангелијата. Ралика од 12 години.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom