Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.

sonne

војвода
Член од
26 мај 2006
Мислења
2.664
Поени од реакции
123
Јас имам едно прашање до христијаните.
Дали христијаните, верниците, мораат секогаш во филмовите да навиваат за добриот?
Пример:
у бетмен - за бетмен, а не за џокер.
у Хулк - за џандарите
у Италиан Џоб - за џандарите
у ханибал рајзинг - за жртвите

? :(
за скурџ во дота :vozbud:
и скорор секогаш за негативците , уметността е да созадеш добар негативен лик по автоматизам протагонистите ја влечат прогресивността на нештото

Во фудбал христијаните навиваат за Пелистер
или арсенал зависи ...

Филмот е уметност која е создадена за уживање и за губење време
точно за уживање и перење пари .. цврсто кажано бизнис во кој мн мина се збогатуваат , а вистинската уметност .. е гладна и сиромашна
 

проф.

Величието е едноставно..
Член од
12 април 2009
Мислења
387
Поени од реакции
9
за скурџ во дота :vozbud:

точно за уживање и перење пари .. цврсто кажано бизнис во кој мн мина се збогатуваат , а вистинската уметност .. е гладна и сиромашна



:toe::toe::toe::toe::toe::toe::toe::toe::toe:
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.060
Поени од реакции
7.665
Рождество на Пресвета Богородица 21/09/2009
Пресвета Дева Марија се роди од своите стари родители, Јоаким и Ана. Татко Ѝ беше од племето Давидово, а мајка Ѝ од родот Аронов. И така Таа по татко беше од царски, а по мајка од архиерејски род и со тоа го предобразуваше Оној Којшто од Неа ќе се роди, како Цар и Првосвештеник. Нејзините родители беа веќе остарени, а немаа деца. И затоа беа посрамени пред луѓето и скрушени пред Бога. И во својата скрушеност Му се молеа на Бога со плач, да ги израдува во нивната старост и да им подари едно чедо, како што некогаш ги израдува старецот Авраам и старицата Сара подарувајќи им го синот Исак. И семноќниот Бог Којшто гледа сѐ ги израдува со радост што ги надминуваше сите нивни очекувања и најубави соништа. Бидејќи им подари не само ќерка туку и Божја Мајка; ги озари не само со привремена радост туку и со вечна. Бог им даде само една ќерка, којашто подоцна им роди само еден внук - но каква ќерка и каков внук! Благодатната Марија, прославена меѓу жените, храм на Светиот Дух, олтар на Живиот Бог, трпеза на небесниот леб, кивот на светоста Божја, дрво со најсладок плод, слава на родот човечки, пофалба на женскиот род, источник на девственоста и чистотата - тоа беше од Бога даруваната ќерка на Јоаким и Ана. Родена во Назарет, а после три години одведена во храмот ерусалимски, од каде што се врати подоцна пак во Назарет, за наскоро да ја чуе благовеста на Светиот архангел Гавриил за раѓањето на Синот Божји, Спасителот на светот, од Нејзиното пречисто и девствено тело.

 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Добро бе Микуш, еднаш велиш не важи законот после велиш важи законот.
Како сега некој тебе и останатите кои аргументираат како тебе да ве сфатиме сериозно?

Или важи секаде и во секој пригода, или никад и во ниедна пригода.

Не ќе си играме ашици сега, ако ни одговара тука ДА, ако не НЕ.
Да не праиме како антиквизаториве со историјата и историските факти, кај им одговара Аљбанците Иљири кај што не им одговара Аљбанците Не-Иљири.

Значи важи законот или не важи?
Не го мешај Мојсеевиот Закон со Божјите заповеди и све ќе ти стане јасно. Мојсеј бил свесен за строгоста од одредбите од Законот па и самиот (Мојсеј) не бил склон кон таа строгост. Но, како што вели сам Христoс, Законот (Мојсеев) беше даден ради „...жестокоста од вашите срца...„. Така, лош народ, во случајов, јудеите, добиле и строг Закон, соодведетен на јудејската лошотија.

Во Новиот Завет, сеуште важат истите Божји заповеди, како и во Стариот, со тоа што Христос ги издигнува заповедите на душевно-духовно ниво, не само на телесно.

супер е темава, а и муабетиве исто така :)
едвај чекам мики да дојде на работа :)
Еве ме, на работа сум...:pos2:

Јас имам едно прашање до христијаните.
Дали христијаните, верниците, мораат секогаш во филмовите да навиваат за добриот?
Пример:
у бетмен - за бетмен, а не за џокер.
у Хулк - за џандарите
у Италиан Џоб - за џандарите
у ханибал рајзинг - за жртвите

? :(
Во холивудската хипер-продукција на шкарт-филмови, релациите меѓу доброто и злото до таа мера се извретни, што е потребна подетаљна елаборација за да се разберат точните релации. Личнно, одамна не се занимавам си навивање, ретко гледам филмови, а кога гледам, штом почне филмот, јасно ми е како ќе заврши, оти сето тоа е правено на еден и ист лесно предвидлив шаблон.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Личнно, одамна не се занимавам си навивање, ретко гледам филмови, а кога гледам, штом почне филмот, јасно ми е како ќе заврши, оти сето тоа е правено на еден и ист лесно предвидлив шаблон.
А дали филмовите во кои се кажува за дедо боже, за мојсеј за исус се напнати трилери во кои не знаеш како ќе завршат??
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Филмовите за Христа, се само филмови, кои често имаат режисерка слободна на толкувања па и извртување на оригиналното учење. Просто кажано, невозможно е смртник да Го „глуми„ Христа Бесмртниот. Таквиот тип филмови остануваат само филмови, иако поединци често се повикуваат токму на тие филмови, во стилот „..тоа и тоа го видовме во тој и тој филм...„ а виденото не кореспондира со изворната вистина, која е запишана а не филмувана.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Филмовите за Христа, се само филмови, кои често имаат режисерка слободна на толкувања па и извртување на оригиналното учење. Просто кажано, невозможно е смртник да Го „глуми„ Христа Бесмртниот. Таквиот тип филмови остануваат само филмови, иако поединци често се повикуваат токму на тие филмови, во стилот „..тоа и тоа го видовме во тој и тој филм...„ а виденото не кореспондира со изворната вистина, која е запишана а не филмувана.
Сакаш да кажеш дека James Caviezel го глуми лошо Исус во филмот Страста на Исус и дека Mel Gibson е промашен режисер?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Останувам на она кое го напишав, а не напишав дека „Страдание„ е лош филм или дека Гибсон „ не го бива„. Филмот е само филм, не е извор на верски вистини и не е референца за однесувањето од верниците.

Филмот сам по себе може да биде повеќе или помалку успешен, но не и целосно верен на изворната вистина. Во споменатиот филм, на пример, постојат сцени кои се сценариско-режисерска слобода (која сама по себе не е проблем) и не одговараат на евангелијата.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Останувам на она кое го напишав, а не напишав дека „Страдание„ е лош филм или дека Гибсон „ не го бива„. Филмот е само филм, не е извор на верски вистини и не е референца за однесувањето од верниците.

Филмот сам по себе може да биде повеќе или помалку успешен, но не и целосно верен на изворната вистина. Во споменатиот филм, на пример, постојат сцени кои се сценариско-режисерска слобода (која сама по себе не е проблем) и не одговараат на евангелијата.
А Библијата колку е веродостојна како извор на верски вистини?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Филмовите за Христа, се само филмови, кои често имаат режисерка слободна на толкувања па и извртување на оригиналното учење. Просто кажано, невозможно е смртник да Го „глуми„ Христа Бесмртниот. Таквиот тип филмови остануваат само филмови, иако поединци често се повикуваат токму на тие филмови, во стилот „..тоа и тоа го видовме во тој и тој филм...„ а виденото не кореспондира со изворната вистина, која е запишана а не филмувана.
Не е само тоа до режисерот. На пример ете сака режисерот да го прикаже животот на Исус, па прво раѓањето, па ќе отвори Новиот завет и ќе прочита дека према Лука Исус се родил во штала, во јаслите, према Матеј се родил во куќа, према Лука новородениот Исус го посетија пастири, а према Матеј кралеви..... и сега ај кој костим или сценографија да ја искористи???, према Лука Исус е во Назарет, према Матеј во Египет ? и сега шо да праи режисерот?? да клаи 2-3 пирамиди во позадина на типична еврејска населба (за сваки случај). Да не заборавиме и тоа дека Назарет не постоел како населба до некои 70 години ПО раѓањето на Исуса.
Кога да го распнаа Исуса?? и тука режисеро зема новиот завет па према Марко Лука и Матеј го распнува еден ден по Пасха па уште една сцена со распетие на ден ПРЕД Пасха како што ни тврди Јован. Што да кажи Исус на крстот , кои последни зборови да му бидат.... тука веќе три сцени треба да сними, една со “Боже зошто ме остави“ како велат Матеј и Марко, една со “Татко во твоите раце го предавам духот свој“ како што не убедува Лука и една сцена со верзијата на Јован каде Исус вели “Се сврши“... да не зборуваме за сите сцени помеѓу раѓањето и смртта прво ќе му фалат 30 години без и еден збор за Исуса, после конфузија каде бил што проповедал, со кој зборувал, кој го видел воскреснат..........

Не е можно базирајќи се на евангелијата да се направи прецизен и точен филм за Јошуа
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
А Библијата колку е веродостојна како извор на верски вистини?
Поверодостојна-здравје! Нема сомнеж во зборот Божји.

Самиот поим „вер(б)а„ значи верување не само во невидливи битија, туку и верување „на збор„. Ама за оние кои веруваат, разбира се.

Штосот е во тоа што духовно-етичките вистини од Писмото се проверлива категорија (а не тешка философска апстракција), врз основа од личниот духовен опит, преку личните искуства од своето живеење, па така потврдените вистини, кај верниците ја засилуваат вер(б)ата во точноста од Писмото.

Не е само тоа до режисерот. На пример ете сака режисерот да го пикаже живото на Исус, па прво раѓањето, па ќе отвори Новиот завет и ќе прочита дека према Лука иИсус се родил во штала, во јаслите, према Матеј се родил во куќа, према Лука новородениот Исус го посетија пастири, а према Матеј кралеви..... и сега ај кој костим или сценографија да ја искористи???, према Лука Исус е во Наарет, према Матеј во Египет ? и сега шо да праи режисерот?? да клаи 2-3 пирамиди во позадина на типична еврејска населба (за сваки случај). Да не заборавиме и тоа дека Назарет не постоел како населба некои 70 години ПО раѓањето на Исуса.
Кога да го распни Исуса?? и тука режисеро зема новиот завет па према Марко Лука и Матеј го распнува еден ден по Пасха па уште една сцена со распетие на ден ПРЕД Пасха како што ни тврди Јован. Што да кажи Исус на крстот , кои последни зборови да му бидат.... тука веќе три сцени треба да сними, една со “Боже зошто ме остави“ како велат Матеј и Марко, една со “Татко во твоите раце го предавам духот свој“ како што не убедува Лука и една сцена со верзијата на Јован каде Исус вели “Се сврши“... да не зборуваме за сите сцени помеѓу раѓањето и смртта прво ќе му фалат 30 години без и еден збор за Исуса, после конфузија каде бил што проповедал, со кој зборувал, кој го видел воскреснат..........

Не е можно базирајќи се на евангелијата да се направи прецизен и точен филм за Јошуа
Можно е, но тоа не би ни била целта од филмот.

Патем кажано, евангелијата од Апостолите Христови се нарекуваат „синоптички„, што значи дека едни со други се надополнуваат а не дека си контрираат.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Поверодостојна-здравје! Нема сомнеж во зборот Божји.
Де ајде потсети ме малце кој римски цар одбира кои евангелија да се вклучени во библијата а кои не, на кој собор е одлучено кој да биде симбол на христијанството, какви и колку различни библии постојат во светот и колку нови евангелија се пронајдени.

Нема сомнеж дека е ЛАГА.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Убеден сум дека познавањето на Писмото ти е троа „тнко„ а твоето живеење според Писмото ти е троа никакво. Дај убеди ме дека е лага...

Посебно ми одат на нерви фаци, кои се надвор од Цркавата а расправаат за Црквата и нејзиниот живот небаре се експерти за теолошки категории и нерекидно бараат оправдувања за своите атеистички и произволни ставови и останување во своеглаво световно живееење.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom