Прашања за Христијанството I

  • Креатор на темата Креатор на темата marcus
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Па види сега,точно е ова и пак се враќаме на почеток.Значи, битно е дали сакаш или не сакаш да се спасиш.Доколку сакаш да се спасиш е многу битно што правиш или што смееш а што не смееш да правиш, со што повторно доаѓаме до заклучок дека одговорите на овие прашања ги појаснуваат ставовите на Бог и така ние доколку решиме да се спасиме ке знаеме што треба и што не треба да правиме.
Значи,каков е ставот на Бог кон интернетот?Колку е дозволено да се седи пред компјутер а да не се предизвика Неговиот гнев?


Погрешно...

Православната вера, на која и припаѓам, сеуште нема, а нема ни да има, изработено прирачник за под мишка, со кој цел ден самите ќе се контролирање и ќе есапиме дали сме или не сме згрешиле во нешто. Православната вера работи на принципи (за тоа што е добро а што лошо) а тие принципи се практикуваат секојдневно, со оставена можност за грешење (па не сме ангели...). Тоа значи дека оној кој решил да си ја спаси душата преку Христа Бога, ќе треба троа да се подиспоти и подоста да научи за тоа што е а што не е по волјата Божја па преку лично искуство и преку увежбување, разликувањето на доброто и злото ќе станат рутинска работа и начин на живеење, а не непрекиден параноичен страв „...да не згрешам нешто...„ И за гревот има чаре, Господ мисли и на тоа па затоа и ни ја остави исповеста.

Така, живеењето според верата не е збирка од рецепти, туку принципиелно живеење, според одредени правила, кои поединецот ги исполнува онолку колку е „увежбан„ во верата и онолку колку му се објективно дадени личните способности. Затоа, Исус вели: „...некои ќе постигнат 30, некои 60 а некои 100...„. Од овие Исусови зборови, јасно е дека не можеме сите да постигнеме се, туку онолку колку се нашите спсобности, а пред се, колку е силна нашата желба да се „одобриме„ и да си ја спасиме душата преку Христа. Христос чека на нашата намера и тогаш-Он помага!

Се друго , е чисто механичко работење и живеење, по принциот „ова смеам, а ова не смеам„.

За оние кои тешко разликуваат добро од лошо, тука им е гласот на нивната совест.
 
Она што е лошо а што е добро дедо боже убаво детално и прецизно го запишал и опишал во стариот завет. А тој кој тоа го прилагодува менува изменува е осудан унапред на вечно проклетство и маки во пеколот.

Не се играјте со речта божја.
 
Јо, вала....Стариот Завет е неважечки, оти Христос ни го донесе евангелието.
 
Христос не донесе ништо, Христос рече “Не сум дојден ни една буква од старите закони да изменам“ а вие седнавте и се изменивте

Па после кај дедо боже ко ќе застанете со вашите верзии на негови зборови ќе се вадите “Ами ние мислевме дека ти мислеше вака... “
 
Неважечки.Дали тоа значи дека Бог се погазува себеси??


Ни случајно!

На пр: Божјите заповеди се истите, со тоа што Исус ги „восложни„ и ги постави на духовно-душевно-телесно ниво! Тоа значи дека во Стариот Завет, гревот бече чинет само телесно, а сега, во Новиот, грев се чини и со тело и со душа и со дух! И тука е тешкотијата новозаветна...

Во Новиот Завет, исто така, не важи Законот Мојсеев, туку важи милоста Христова, која е полна со разбирање за човековите слабости, а луѓето во новозаветниве времиња, не се обврзани да бидат верници според силата од Законот, туку според својата слободна волја и можноста за избор-со или против Христа!
 
Па види сега,точно е ова и пак се враќаме на почеток.Значи, битно е дали сакаш или не сакаш да се спасиш.Доколку сакаш да се спасиш е многу битно што правиш или што смееш а што не смееш да правиш, со што повторно доаѓаме до заклучок дека одговорите на овие прашања ги појаснуваат ставовите на Бог и така ние доколку решиме да се спасиме ке знаеме што треба и што не треба да правиме.
Значи,каков е ставот на Бог кон интернетот?Колку е дозволено да се седи пред компјутер а да не се предизвика Неговиот гнев?
пер атеист си...и прашуваш глупави прашање...

каков е ставот на Бог кон интернетот?Колку е дозволено да се седи пред компјутер а да не се предизвика Неговиот гнев?

што ќе ти објасни некој коа не веруваш у тоа мислам нема смисла
 
Христос не донесе ништо, Христос рече “Не сум дојден ни една буква од старите закони да изменам“ а вие седнавте и се изменивте

Па после кај дедо боже ко ќе застанете со вашите верзии на негови зборови ќе се вадите “Ами ние мислевме дека ти мислеше вака... “

Да, Исус Хритос, навистина, ги исполни и пророците и старозаветните принципи, кои важеа и за Него, се до Тајната вечера, кога Он го востанови Новиот Завет!
 
“Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или пророците, не сум дошол да ги поништам туку да ги исполнам. Зашто, вистина, ви велам дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни се. И така оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се наречи во царството небесно , а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно“



Матеја 5. 17 - 19
 
Веќе одговорив, не се мачи со цитати...
 
Ни случајно!

На пр: Божјите заповеди се истите, со тоа што Исус ги „восложни„ и ги постави на духовно-душевно-телесно ниво! Тоа значи дека во Стариот Затев, гревот бече чинет само телесно, а сега, во Новиот, грев се чини и со тело и со душа и со дух! И тука е тешкотијата новозаветна...

Во Новитот Завет, исто така, не важи Законот Мојсеев, туку важи милоста Христова, која е полна со разбирање за човековите слабости, а луѓето во новозаветниве времиња, не се обврзани да бидат верници според силата од Законот, туку според својата слободна волја и можноста за избор-со или против Христа!
аха значи не се погазува себеси туку ги менува критериумите....

пер атеист си...и прашуваш глупави прашање...



што ќе ти објасни некој коа не веруваш у тоа мислам нема смисла
ако нема спротиставено стрени,тогаш дискусијата ќе биде бедна.Вака може ке дојдеме до некое ново откритие или до некое ново духовно ниво...
 
Веќе одговорив, не се мачи со цитати...

Цитирање на зборовите на Исуса во кој ти е целата надеж ти се мачни ???

Овие зборови треба секој ден по 100 пати да си ги повториш и отфрлиш тие што ти ги нуди сатаната обвиткани во лажни опаковки како “вистниската смисла на зборовите на Исус која ние ја одгонетнавме“
 
Наркотиците спаѓаат во категоријата пороци и не се по Божјата волја. Користењето наркотици има своја аналогија во Божјата забрана до Адам и Ева, да не јадат од забранетото овошје. Како што Бог ја даде таа забрана, Црквата не дозволува користење на психотропни супстанци, кои го „одлепуваат„ човековиот разум и тераат на чинење телесни гревови.

Бог не ги заборавил наркотиците. Тоа Ап. Павле одлично го посочува, па вели: „...се ми е дозоволено, но се не е корисно...„

Прашања две:

1. Каква е оваа аналогија? Мислам, каде е аналогијата? Како е забранетото овошје аналогно на наркотиците?
2. Како тоа Ап. Павле, во горниот цитат, објаснува дека господ не ги заборавил наркотиците? Јас неможам да забележам некаква алузија на наркотици во цитатот.

Да не не љубеше Бог, немаше да го прати Својот Единороден Син за наше спасение, разбираш...

Тоа што сеуште сме живи и тепаме празна слама на форумов, и тоа е знак за љубовта Божја кон Неговите творенија

Не разбирам. Како знаеш дека ѓаолот не го пратил? МОже го пуштил да ни направи една 2000-годишна заебанција - да не важи веќе законот на Мојсие (ко што викаш), ние да се заебеме и пеколот - катанга. 2000 години топ посетеност. А евреите си бркаат работа и тука и на небо :)
Замисли, а?

Погрешно...

Православната вера, на која и припаѓам, сеуште нема, а нема ни да има, изработено прирачник за под мишка, со кој цел ден самите ќе се контролирање и ќе есапиме дали сме или не сме згрешиле во нешто. Православната вера работи на принципи (за тоа што е добро а што лошо) а тие принципи се практикуваат секојдневно, со оставена можност за грешење (па не сме ангели...). Тоа значи дека оној кој решил да си ја спаси душата преку Христа Бога, ќе треба троа да се подиспоти и подоста да научи за тоа што е а што не е по волјата Божја па преку лично искуство и преку увежбување, разликувањето на доброто и злото ќе станат рутинска работа и начин на живеење, а не непрекиден параноичен страв „...да не згрешам нешто...„ И за гревот има чаре, Господ мисли и на тоа па затоа и ни ја остави исповеста.

Така, живеењето според верата не е збирка од рецепти, туку принципиелно живеење, според одредени правила, кои поединецот ги исполнува онолку колку е „увежбан„ во верата и онолку колку му се објективно дадени личните способности. Затоа, Исус вели: „...некои ќе постигнат 30, некои 60 а некои 100...„. Од овие Исусови зборови, јасно е дека не можеме сите да постигнеме се, туку онолку колку се нашите спсобности, а пред се, колку е силна нашата желба да се „одобриме„ и да си ја спасиме душата преку Христа. Христос чека на нашата намера и тогаш-Он помага!

Се друго , е чисто механичко работење и живеење, по принциот „ова смеам, а ова не смеам„.

За оние кои тешко разликуваат добро од лошо, тука им е гласот на нивната совест.

Што ќе се случи, според Христијанството, ако јас добро разликувам добро од лошо, а искрено не верувам во библиската историја и физичкиот Исус?
Што ако целиот живот го поминам безпорочно, срдечно и исполнето со труд, напор и благодарност за дарот на животот, а не верувам дека постои твојот господ? Што ако, на пример, јавно го порекнувам и тврдам дека е измислен? Што ќе се случи со мене?
 
Тоа е во тајното послание до Мајкрософт и него смеат да го читаат само одбраните. Тука има и за настанокот на TCP/IP и како сатаната сакаше да му го хакни серверот на дедо боже со помош на безбожни програми (да има и листа на богугодни и небогоугодни програмски пакети и алатки)

Самиот Павле во Посланието до Коринтјаните 11-23 вели:

“А јас го примив од Господа она што ви го предадов“

Тоа е јасен доказ дека рутирањето е од бога дадено и секој рутер е благословен во својата улога.

Знаев дека Павле мисли на тоа...еднаш западнав во теолошка дискусија...само не знаев кое послание беше...некој рече до Солуњаните...

Wi-Fi е значи богоугоден за разлика од дајал-ап кој не беше преподобен и како таков им беше препуштен на неверните.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom