MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
- Член од
- 10 јануари 2008
- Мислења
- 20.396
- Поени од реакции
- 3.397
Па види сега,точно е ова и пак се враќаме на почеток.Значи, битно е дали сакаш или не сакаш да се спасиш.Доколку сакаш да се спасиш е многу битно што правиш или што смееш а што не смееш да правиш, со што повторно доаѓаме до заклучок дека одговорите на овие прашања ги појаснуваат ставовите на Бог и така ние доколку решиме да се спасиме ке знаеме што треба и што не треба да правиме.
Значи,каков е ставот на Бог кон интернетот?Колку е дозволено да се седи пред компјутер а да не се предизвика Неговиот гнев?
Погрешно...
Православната вера, на која и припаѓам, сеуште нема, а нема ни да има, изработено прирачник за под мишка, со кој цел ден самите ќе се контролирање и ќе есапиме дали сме или не сме згрешиле во нешто. Православната вера работи на принципи (за тоа што е добро а што лошо) а тие принципи се практикуваат секојдневно, со оставена можност за грешење (па не сме ангели...). Тоа значи дека оној кој решил да си ја спаси душата преку Христа Бога, ќе треба троа да се подиспоти и подоста да научи за тоа што е а што не е по волјата Божја па преку лично искуство и преку увежбување, разликувањето на доброто и злото ќе станат рутинска работа и начин на живеење, а не непрекиден параноичен страв „...да не згрешам нешто...„ И за гревот има чаре, Господ мисли и на тоа па затоа и ни ја остави исповеста.
Така, живеењето според верата не е збирка од рецепти, туку принципиелно живеење, според одредени правила, кои поединецот ги исполнува онолку колку е „увежбан„ во верата и онолку колку му се објективно дадени личните способности. Затоа, Исус вели: „...некои ќе постигнат 30, некои 60 а некои 100...„. Од овие Исусови зборови, јасно е дека не можеме сите да постигнеме се, туку онолку колку се нашите спсобности, а пред се, колку е силна нашата желба да се „одобриме„ и да си ја спасиме душата преку Христа. Христос чека на нашата намера и тогаш-Он помага!
Се друго , е чисто механичко работење и живеење, по принциот „ова смеам, а ова не смеам„.
За оние кои тешко разликуваат добро од лошо, тука им е гласот на нивната совест.