Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.
N

n/a

Гостин
Ај овака.
Ме дави едно бугарско гом.о цела вечер,
и истиот тој се пише голем `христијанин`.
Пази сега:
-Ти си гледаj Косовска митровица.Сега усетивте шо е да касаш живо месо,убаво ви беше кога касавте?Се се вракja двоjно и троjно.Сега е ваш ред да страдате.Божиjaта казна закаснjaва,но не отминува!
Бог да те прости,чедо!:smir:
-Моja бог е истоиот като твоja,освен ако не си некоj торбеш или некоj босненски мусулманин :baeh:

В името на Отца и Сина и Светија дух АМИ!
Да ти е простено дете,това е првото качество на секи православен христијанин-прошката!

-Моja бог е и твоj и затова на много места во србиja пишува непцуваj Господ.
Баба Ванга много убаво рече-србите много пцуват Бога и тоj ке ги казни.Е това стана.:smir:

-Ти си си мозачно забавен бе дете.:uvo:
Баш ти е много мал,бе свинарју босненски. :tv:

-Как е боли ли без Косово?:tapp:
Видел си поголема пизда от тебе во цел свет?:helou:

-Е jaс со свинари исто не се занимавам.Малце под моето ниво са.Биди поздравен,брате србино!:helou:

-Србите по 5 на нож,граница со Хрватско!
Посирали сме ви като кучинja и пак ке ви посереме брате србине!
Бог с нами!
Иди некаде да се прегледаш,не си добре со мозака!

И истиов овој ќелеш се прави на поголем верник од папата,
и продава муда за бубрези кога е вера у прашање.
У исто време,
од дно на душата мрази и прави беља,
ти пично по бугарски.
И овој делов со верата,Бог и остали мантри му служи само како изговор за ако го фатат и треба да му се суди.

Јас прашам...
после серија на вакви видени случаи...
како бе да веруем у Господ?
 
The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Поправете ме ако грешам, ама мене ми изгледа дека тука има една дупка мала.

Можеш што сакаш да правиш во животот: да тепаш, силуваш, богохулиш, псуеш, пиеш ем дрогираш, да си горделив, нетрпелив, арогантен и самобендисан - само на крајот треба да побараш прочка - и све е ОК!

Тоа ли е?
Само мала корекција,не мора да бараш прочка од никој а камо ни од Господ.Ништо што си направил на него не си му згрешил.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Добар ти е примерот самошто не го оправдува твоето верување дека после смртта некој може да добие спасение.

Како кажуваш? Пред самата негова смрт Христос му ги прости гревовите!
Да, разбојникот пред да умре, доби ветување Исусово дека заедно со Него, разбојникот ќе влезе во Рајот, во петочниот ден. Штом Исус му ги вети Рај, значи дека гревовите од разбојникот се веќе простени.

Патем кажано, воопшто не реков дека гревовите се проштеваат и после смртта, туку само пред смртта. А после смртта, навистина не се проштеваат гревови, но затоа, после смртта, Сам Бог суди според милоста Негова па затоа можеме преку молитвите упатени до Него, да измолиме милост Божја за душата од укокоениот.

Да, примеров е најдобар... ама во стварање заблуди.

Не може еден разбојник да влезе во некаков си “рај“ само затоа што побарал прошка од друг пред смртта. Повторувам: СМРТТА.

Не може еден домороден Американец да иде во пеколот, само затоа што не чул за Исус. Каде иделе сите пред проповедникот Исус да се роди?

Човековата и Божјата логика се исти. Всушност, божјата логика е само дел од човековата, и таа важи за оние што веруваат во Библијата.

Причината лежи во фактот дека стравот на човекот, неговата неможност да ги објасни појавите и смртта, го содала концептот за “БОГ“ кој наводно, треба да го поедностави неговиот живот. Резултатот е -хаотичен.
Прво и основно, разбојникот не доби прошка за своите гревови од мене, туку од Сам Бог, Христос. А она кое Бог го простува-простено е!

Никаде не реков дека домородните америкаци по автоматизам одат во пеколот или во Рајот. Кој каде ќе оди, независно од неговата национална припадност, зависи само од Бога-Он одредува а не јас. А душите од луѓето, пред да дојде Синот Божји, одеа директно во пеколот! Само душите од Божјите праведници одеа во т.н. „крило/лоно Авраамово„, а тоа крило е еден вид рајски остров посред пеколот.

Божјата и човековата логика НЕ СЕ исти. Бог суди по Својата милост, а човекот суди по својот расипан ум. Така, за Бога и грешникот може да влезе во Рајот, а за човекот кој суди по својот расипан ум, грешникот би требало да оди во пеколот, така?

Да, појавите после смррта навитина се тајновити, но не целосно. Искуствата од Светиите ни покажуваат што всушност се случува после смррта, така да смртта веќе не е толку страшна и не е толку непозната, како што на прв поглед се чини.

Бог го створи човекот, не обратно. А човекот може да си створи свој бог и да западне во идолопоклонство.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Патем кажано, воопшто не реков дека гревовите се проштеваат и после смртта, туку само пред смртта. А после смртта, навистина не се проштеваат гревови, но затоа, после смртта, Сам Бог суди според милоста Негова па затоа можеме преку молитвите упатени до Него, да измолиме милост Божја за душата од укокоениот.
E веќе...
Не простувал по смрта али можеме да измолиме милост за некој кој веќе умрел??
Може или не може да се прости по смрта?
Ако може тогаш се во ред молитвите али ако не може, џабе молитви за покојните.
Има ли кај дедо боже апелација или помилување на осуденик? Постојат ли такви правни лекови и зошто бог би простувал?
Згрешил во првобитната пресуда??, Не ги зел во обзир сите олеснителни околности ?? Бил нешто нервозен тој ден кога судел па после се покајал??
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
E веќе...
Не простувал по смрта али можеме да измолиме милост за некој кој веќе умрел??
Може или не може да се прости по смрта?
Ако може тогаш се во ред молитвите али ако не може, џабе молитви за покојните.
Има ли кај дедо боже апелација или помилување на осуденик? Постојат ли такви правни лекови и зошто бог би простувал?
Згрешил во првобитната пресуда??, Не ги зел во обзир сите олеснителни околности ?? Бил нешто нервозен тој ден кога судел па после се покајал??
1. Да, гревовите ни се простуваат додека сме живи, преку Светата Тајна исповед. После смртта, нема(ме) време за исповед ниту за било кое добро дело. После смртта, следи поединиечниот суд на душата човекова.
2. После смртта, нема простување, туку суд Божји. Но, после смртта, следува милоста Божја, на која можеме да се надеваме.
3. Молитвите никогаш не се џабе-тие секогаш се делотворни.
4. Кај „дедо Боже„ има само немерлива милост и трпение.
5. Бог би простил од проста причина-ако сме несебични и ако се молиме и за душите од покојните, тоа Бог го зема како наша грижа и кон нив. Затоа, еден богослов вели вака:„..добро е ако се молите, но подобро е ако се молите заедно...„
6. Бог не греши и не се премислува. Неговата осуда е конечна и неповратна. Бог суди според нашата вера и дела, а тоа значи дека има подоста „материјал„ за претрес пред Он да ни досуди.
 
Дали веднаш по смртта бог те осудува или се чека страшниот суд па тогаш ти се суди?

Ако се чека страшиот суд каде се сега душите на милијардите кои умреле во предходните иљадници години дали негде заедно престојуваат и убијците и злосторниците и праведните и побожните?
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
1. Северноамериканските домородци, т.н. „индијанци„, се незнабошци.
2. А каде ќе одат, зависи од тоа како Христос ќе им досуди.
3. На оние народи/племиња, кои никогаш не слушнале ниту поверувале во Христа, Он (Исус) ќе им суди според нивната совест и според нивниот разум.
4. На старозаветните јудеи, Он ќе им суди според Стариот Завет.
5. На новозаветните народи, Он ќе ни суди според Новиот Завет.
6. Како и да е, дури и „индијанците„ имаат своја ментална и колективна претстава за животот после смртта, небитно дали тој живот е живот во Рајот (или пеколот) или како тоа самите го нарекуваат, „вечни ловишта„. За нив, вечноста не е непозната категорија.
На муслиманите како ќе им се суди? Кај нив на пример, грев е и пиењето на алкохол, непокривање на жените во јавност итн.
Според нивните верувања, или .... Ако е така, тогаш постои нееднаквост.
Прашањево не е во смисла Христијанствo vs Ислам. Ме интересира само ставот на црквата.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Дали веднаш по смртта бог те осудува или се чека страшниот суд па тогаш ти се суди?

Ако се чека страшиот суд каде се сега душите на милијардите кои умреле во предходните иљадници години дали негде заедно престојуваат и убијците и злосторниците и праведните и побожните?
1. Да, веднаш после смртта, на душата човекова и се суди, а и суди Сам Исус Христос, како што и Ап. Палве вели: „ ...И како што им е на луѓето определено да умрат еднаш, а потоа-суд...„ (Евреите, 9.27). ОД стихот е очигледно дека после смртта од човекот, му следи суд. Тоа е поединечниот суд на секоја душа човекова. А Страшниот Хритов Суд ќе биде Суд за целото човештно, на Неговото славно второ пришествие, каде Он ќе и суди и на душата и на телото.
2. Душите од милијардите, сега се или во Рајот или во пеколот-кој како заслужил. Душите од праведниците се во Рајот а од разбојниците се во пеколот, што значи дека не се заедно.

На муслиманите како ќе им се суди? Кај нив на пример, грев е и пиењето на алкохол, непокривање на жените во јавност итн.
Според нивните верувања, или .... Ако е така, тогаш постои нееднаквост.
Прашањево не е во смисла Христијанствo vs Ислам. Ме интересира само ставот на црквата.
1. На муслиманите, Христос ќе им суди според Новиот Завет.
2. Пиењето не е грев, грев е пијанчењето и блудот кој произлегува од пијанството.
3. Непокривањето на женското тело е причина за соблазни, а неумереното покривање е знак за омаловажување на жената, небаре е таа второстепено битие во однос на мажот. Непокривањето на машкото тело не е ништо помалку лошо од непокривањето на женското.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556

1. Значи сите правец пакао, нели?
2. Што е разлика меѓу пиење и пијанчење? Каде е точната граница? Колку смеам да испијам? Кога знам дека веќе не пијам - туку дека се пијанчам?
3. Ако жените треба да не се омаловажуваат (спорд христијанството, наспроти муслиманството), Зошто тогаш не им се дозволува да влезат позади олтарот или, не дај боже, да бидат попови?

Едно малку неповрзано прашање: Вистина ли е дека евангелието на Павле е првото од евангелијата?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Значи умираш и одма си осуден и пратен ил во рај или во пекол.
А за што служат молитвите за умрените, недела, месец, година, деценија по смртта?
Се бара од дедо боже да ја разгледа пресудата и евентуално ја измени??
Да го извади од пеколот и го префрли во рајот?
Можно ли е со молби на живите дедо боже да се замисли и да речи “А бе во право се овие долу шо молат, арен си е чоеко, ај да му попуштам малце многу строго сум го осудил...“
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
1. Значи сите правец пакао, нели?
2. Што е разлика меѓу пиење и пијанчење? Каде е точната граница? Колку смеам да испијам? Кога знам дека веќе не пијам - туку дека се пијанчам?
3. Ако жените треба да не се омаловажуваат (спорд христијанството, наспроти муслиманството), Зошто тогаш не им се дозволува да влезат позади олтарот или, не дај боже, да бидат попови?

Едно малку неповрзано прашање: Вистина ли е дека евангелието на Павле е првото од евангелијата?

1. Не, не реков такво нешто, туку реков/напишав дека Христос ќе суди, но не напишав и што ќе досуди. Секој кој барем слушнал или во подобар случај, се запознал со Исусовото учење, не ќе може да се „вади од небрано„ на Судот Христов, дека ете, не знаел дека Он постои или дека не знаел дека Он, Исус, на сите ќе ни суди.

2. Разликата е меѓу пиењето и пијанчењето е во мерката: можам да пијам и да бидам свесен што чинам а можам да се опијам и пијалокот да ме конторолира мене а не јас него.

3. На жените не им се дозволуваат одредени работи, од повеќе причини. Не им се дозволува да бидат попови, оти Светиот Дух слезе врз Апостолите Исусови, кои сите беа мажи а не жени. Не им се дозоволува да влезат во олтар, поради тоа што не можат да бидат попови и поради спецификите од женската природа, каде никој не смее да се допре до одредена светиња ако е телесно нечист. Имено, во олтарот, по правило, се чува минимално парче од причеста, која е крв и тело Исусово, така да никој кој е нечист, не смее да се приближи или допре до светињата. За тоа правило, ни сведочи и евангелскиот настан, каде Исус нервозно реагира кон жената, која се допрела до Него, а која (жена) страдала од крвотечение.

4. Т.н. „евангелие според Павле„ се нарекува апокрифно, т.е. неточно, неизворно евангелие, кое е пишувано во раните децении после Христа, а пишувано е од непознат авотор (како и некои други „евангелија„ и „посланија„ и „откровенија„) со цел на и наштетат на новоформираната Црква и вера. Таквие апокрифи не се дел од Светото Писмо и Црквата не ги канонизира.

Значи умираш и одма си осуден и пратен ил во рај или во пекол.
А за што служат молитвите за умрените, недела, месец, година, деценија по смртта?
Се бара од дедо боже да ја разгледа пресудата и евентуално ја измени??
Да го извади од пеколот и го префрли во рајот?
Можно ли е со молби на живите дедо боже да се замисли и да речи “А бе во право се овие долу шо молат, арен си е чоеко, ај да му попуштам малце многу строго сум го осудил...“

1. Умираш, ти се суди и зависно до верата и делата, добиваш одреден, привремен престој во Рајот или пеколот, во кој чекаш до страшниот Христов Суд, на кој, како веќе реков, и се суди и на душата и на телото, која (душа) се враќа во своето тело, после општото воскресение на човековите тела.

2. Молитвите на 3-от, 7-от, 40-от ден и подоцна, служат токму и за она кое го напишав: да Го смилостат Бога и Он да им се смилува на душите од упокоените. Искуствата покажуваат дека молитвите накратко ги олеснуваат маките од душите, кои заработиле пекол.

3. Веќе реков: „дедо Боже„ не се премислува, туку може да се смилува, што не е исто. Искуствата велат дека душите од поедини луѓе, кои недоволно се покајале во текот од овоземниот живот, заработуваат пекол, а после извесно време и трпење на пеколните маки, можад да прејдат во Рајот. За тоа преоѓање, заслуга имаат и молитвите за упокоените.

4. Наша должност е да се помолиме, не можеме на Бога да Му одредуваме што Он треба да стори.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
1. Не, не реков такво нешто, туку реков/напишав дека Христос ќе суди, но не напишав и што ќе досуди. Секој кој барем слушнал или во подобар случај, се запознал со Исусовото учење, не ќе може да се „вади од небрано„ на Судот Христов, дека ете, не знаел дека Он постои или дека не знаел дека Он, Исус, на сите ќе ни суди.

2. Разликата е меѓу пиењето и пијанчењето е во мерката: можам да пијам и да бидам свесен што чинам а можам да се опијам и пијалокот да ме конторолира мене а не јас него.

3. На жените не им се дозволуваат одредени работи, од повеќе причини. Не им се дозволува да бидат попови, оти Светиот Дух слезе врз Апостолите Исусови, кои сите беа мажи а не жени. Не им се дозоволува да влезат во олтар, поради тоа што не можат да бидат попови и поради спецификите од женската природа, каде никој не смее да се допре до одредена светиња ако е телесно нечист. Имено, во олтарот, по правило, се чува минимално парче од причеста, која е крв и тело Исусово, така да никој кој е нечист, не смее да се приближи или допре до светињата. За тоа правило, ни сведочи и евангелскиот настан, каде Исус нервозно реагира кон жената, која се допрела до Него, а која (жена) страдала од крвотечение.

4. Т.н. „евангелие според Павле„ се нарекува апокрифно, т.е. неточно, неизворно евангелие, кое е пишувано во раните децении после Христа, а пишувано е од непознат авотор (како и некои други „евангелија„ и „посланија„ и „откровенија„) со цел на и наштетат на новоформираната Црква и вера. Таквие апокрифи не се дел од Светото Писмо и Црквата не ги канонизира.
1. Значи, сепак, по оваа логика, сите муслимани ќе го попијат, пошто они исус го сметаат за минорна фигура во однос на мухамед.

2. Проблемот со пиењето, не знам дали си приметил (најверојатно не, пошто си доследен и посветен верник), е дека не можеш да знаеш кога си ја изгубил контролата - се додека не направиш глупост. т.е. веќе си направил грев, ама ич нети чуе, пошто си више лом. Муабетот ми е: или пиеш или не пиеш. Тоа е као: „малку сум невина“, нели?

3. Мики, овде ти тврдиш дека Исус вика дека жените се нечисти. Мене ова ми делува како омаловажување и како форсирање на еден пол. „Спецификите на женската природа“ мене ми делува како семантичка конструкција на дискриминација. Зошто мислиш дека некои варијанти на христијанството дозволија жени попови?

4. Евангелието според Павле е првото од евангелијата напишани по смртта на Исус од човекот кој бил познат под името Павле од Тарсис, датирано некаде околу 33 година од новата ера. Зошто би рекол дека е лажно единстеното евангелие кое е напишано од човек кој физички/историски постоел во исто време со Исус. Пошто првото следно, она на Матеј е веќе предоцна пишувано (после повеќе од 100 години - освен типов ако немал барем 135 кога го напишал) за да биде историски можно да е од прва рака. Накратко: Единствено за она на Павле човек може со мирна душа да каже „е ова можеби е вистинско!“ За другите е некако неверојатно...

1. Умираш, ти се суди и зависно до верата и делата, добиваш одреден, привремен престој во Рајот или пеколот, во кој чекаш до страшниот Христов Суд, на кој, како веќе реков, и се суди и на душата и на телото, која (душа) се враќа во своето тело, после општото воскресение на човековите тела.

2. Молитвите на 3-от, 7-от, 40-от ден и подоцна, служат токму и за она кое го напишав: да Го смилостат Бога и Он да им се смилува на душите од упокоените. Искуствата покажуваат дека молитвите накратко ги олеснуваат маките од душите, кои заработиле пекол.

3. Веќе реков: „дедо Боже„ не се премислува, туку може да се смилува, што не е исто. Искуствата велат дека душите од поедини луѓе, кои недоволно се покајале во текот од овоземниот живот, заработуваат пекол, а после извесно време и трпење на пеколните маки, можад да прејдат во Рајот. За тоа преоѓање, заслуга имаат и молитвите за упокоените.
1. Извини, Мики, али нема ништо привремено во концептот на Рај и Пекол во Христијанството - ова си згрешил нешто гарант! Чистилиште, можда, али рај и пекол е for good!

2. Искуствата покажуваат?!?!?! Не заебавај... какви искуства?!?! Чии искуства?!?! Накратко ги олеснуваат?!?! НЕМА ОЛЕСНУВАЊЕ ВО ПЕКОЛОТ!!! Или е пекол или не е... нема „малку пекол“... За човек кој е верник, некако многу „меко“ ги третираш вечните вистини на бога, а бога ми и неговите одлуки!

3. Истуствата... :):):) ... те молам, озбилно, плиз залепи нешто за да прочитам кога, каде или кому му се десило да помине од пекол во рај или обратно?!?!? Мислам, ова мислење директно се коси со концептот на вечност на рајот и пеколот. Искрено, јас до сега не сум чул вакво нешто ни од поп, ни од монах, ни од учен човек, а ниту од некого на улица. Како тоа мислиш „привремено“?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
1. Сепак, би се воздржал од судење за тоа дали некој ќе „го попие„ или не. Тоа да му го оставиме на Христа Бога, оти Негов ќе биде крајниот Суд. А моето субјективно мислење, од разбирливи причини, нема да го напишам јавно, на форумов.

2. Хмммм...Кога бев среднист, одредени мангпупи се фалеа дека и „направиле„ бебе на своите девојки, затоа што „не знаеле„ што прават„, што ќе рече, биле даска-пијани. Ти текнува? Таквите мангупи, беа принудени да се женат на нивни 16-17 години.

3. Не, јас не велам дека Исус рекол оти жените се нечисти. Тие специфики од женскиот род се од Бога дадени, така да би бил лочички апсурд ако Бог нешто одреди, а она кое Он самиот го одредил, истото, Он самиот да го нарече „нечисто„. Јас се исповедам за православен христијанин и за мене е битно она кое се случува во православната Црква а не кај оваа или онаа конфесија, која допушта постоење жени-свештеници, која допушта „бракови„ меѓу ист пол и слични остапувања од изворната вера.

4. Првото евангелие е напишано од Ап. Матеј, по мое сеќавање, 3 год. после Хриството вознесение, значи, некаде 36 г. од н.е. Ап. Павле, или претходно Савле/Савлос, се придружува на Апостолите 3 год. после Христовото вознесение (36 г. од. н.е.) и Павле НЕ ГО ПОЗНАВА лично Христа, за разлика од Матеј, кој своето евангелие го пишува како очевидец и непосреден придружник Исусов. Така, отпаѓа твоето тврдење дека Павле напишал некое негово евнагелие, како што тоа се има случено и со други апокрифни текстопви, кои кога би биле точни, денес би биле дел од Новиот Завет.

1. Да, има привремено, а тоа е состојбата на душите после поединечниот Суд Христов.

2. Има и „малку„ и „многу„. На пример, судскиот систем не одредува иста казна за различни нивои од прекршуваља на законот. Така, ако некој преминие на црвено или некој убие, тоа, по твојава логика, би требало исто да се казни!???

3. Види, не си чул многу работи, па ова кое го пишувам нека ти биде вовед во откривањето на твоите „нечуености„.
 
Мики... слабо нешто аргументи, а?
Инаку, Матеј во своето евангелие го споменува уништувањето на еврејскиот храм (70 година од новата ера) како нешто веќе одамна се случило. Простата математика вели дека би имал најмалку 130 години кога го пишувал. (http://en.wikipedia.org/wiki/Matthew_the_Evangelist)
Као да е немогуче да шетал со него у 33 година од н.е. , а?

За ова плавото погоре мислам дека стварно ништо не ми одговараш. Нема ниту аргумент, ниту историски факт, ниту искуства. Све некако недецидно. Можеш некој извор да ми понудиш, па јас да прочитам и научам за привременоста на рајот и пеколот и непостојаноста на божите казни?!?

Инаку (2), мешаш суд со божји суд и ги споредуваш и правиш аналогија, што мене, како религиозен лаик и самоук, ми делува како богохулство! Нели е господ врховен, дециден и вечен! Како сега ќе промени одлука?!?! Зошто би?

За црвеното - има доста текстови... историски, од археолози, историчари и литерати кои тврдат дека е напишано далеку после 70 година од новата ера. Можеш ли да ми покажеш каде вика дека е у 36-та?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom