Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Дозволете ми само неколку корекции на горниот коментар.

Павле не претскажал никаква криза во православието, туку во христијанството.
Во Христовата Црква нема свештеници, монаси, архиереи и сл великодостојници. Овие титули се непознати во Христовата новозаветна црква, а се измислени подоцна прво во Католичката црква, а по расколот се наследени и во Византиската црква која подоцна ќе се нарече и "православна".
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Исто ме интересира дали црквата евоулирала во својата организација, во своите гледишта и дали правела остапки од некои претходни верувања?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
- Учењето од Црквата не познава никаква еволуција. Дека еволуцијата е чиста мисловна шпекулација, тоа е веќе дискутирано на соодветни теми на форумов.
- Православната Црква вели дека го чува изворното учење, кое Апостолите го примија од Христа Бога, а го пренесоа на првите генерации епископи, онака како што Апостолите го ширеа Христовото учење и формираа нови Цркви во тогаш познатиот Свет.
- Учењето од првославната Црква е проверено преку личните искуства и подвизи од нејзините членови и тоа учење е утврдено соборно, не трпи додавања, не трпи одземања или искривувања или погрешни толкувања.
- За да ја осигура неменливоста на учењето, Црквата ги оформи догматите, по одредена тема, на Вселенските Собори, 8 на број, одржани во првиот милениум, додека Црквата беше неподелена.
- Основна задача на Црквата е онаа заповед која Он им ја даде на Апостолите: „...одете и научете ги сите народи и крштевајте ги во името од Отецот и Синот и Светиот Дух...„. Црквата сеуште тоа го чини.
- Улогата од Црквата не е само да учи и крштева, туку воедно и да биде активен фактор во овој, материјалниов Свет, учејќи го своите членови како да се живее христијански во отпаднатиов Свет, иако Црквата не е формирана за овој туку за другиот, духовниот Свет.
- Богослжбите во Црквата се духовна врска со духовниот, Небесниот, ангелскиот Свет.
- Промените во Црквата почнаа во 1054 г. со одвојување на римското папство од дотогаш единствената Црква.
- Вториот раскол е појавата на протестантизмот од М. Лутер во доцниот 16 век, но тоа ја засега римокатоличката а не православната Црква.
- Третиот раскол настанува во средината од 19-от век, кога се оформени повеќето од денес познати конфесии (да не ги набројувам).
_ Тековно, тоа раструрање трае, како континуиран процес на формирање нови конфесии, од која е најпозната сајентолошката „црква„.
- Сите обиди за формирање една Црква на планетава, се однапред осудени на неуспех, оти секоја христијанска заедница смета дека токму таа ја има изворната вистина и токму според таа вистина треба да се изврши планираното унијатство. За тоа, предничи римокатолицизмот.
- Член на Црквата Христова, т.е. член на телото Христово се станува преку Светата Тајна крштевање.
- Хрситос е глава на Црквата а сите членови ви Црквата се тело Христово.
- Црквата е водена од Светиот Дух, Учителот, Утешителот, Духот на Вистината.
- Во својата организација, Црквата е иста како и пред 2000 г, структуирана од свештенска ерархија, која го чува и проповеда изворното учење, и верници, кои го примаат и практикуваат учењето во свој секојдневен живот, надевајќи се на свое место во Царството Христово.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Исто ме интересира дали црквата евоулирала во својата организација, во своите гледишта и дали правела остапки од некои претходни верувања?
Зависи што подразбираш под поимот "црква".
Христовата Црква не еволуирала, ниту пак направила отстапка од некое нејзино верување, туку го задржала првичното учење проповедано од Христос и апостолите, а запишано и канонизирано во Светото Писмо - Библијата.

Додека пак со православието е поинаков случајот. Православието значително еволуирало во својата наука низ вековиве и сеуште еволуира. Неговата еволуција е стигната до тој степен што во неговото учење одвај се препознава Христовото изворно учење.
Ништо од денешната пракса во православието вие нема да ја најдете во Новозаветното христијанство. Пример, цртање икони, поклонување пред икони, молење пред икони, бакнување икони, молење на светци, молење на Марија, обожавање на Марија, славење на луѓе (слави, имендени), палење свеќи (за живи, мртви, здрајве, бериќет), поклонување пред лешеви, бакнување на лешеви, мирисање лешеви, митарства, целибат на епископи, ценовници за црковни услуги, бакнување раце на свештеници, титули како свештеници, монаси, архиереи, проповедање на етнофилетизам, побратимување на црквата со власта итн итн. ден и ноќ да барате во Новиот Завет, ништо од ова нема да најдете во Новозаветната Христова и апостолска Црква.
Тоа е доказ дека сето ова е плод на она што ти го нарекуваш "еволуција" на одредена гранка од црквата што популарно се нарекува православие.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Еве ја можната листа за извори на сознанија во врска со изворното христијанство:

1. Светите Оци и нивните толкувања на Писмото, заедно со Светото Предание
2. Чорбаџија, и неговото толкување на Писмото, разбира се, без Светото Предание.

Чорбаџија, што мислиш, кој е мојот избор?
 
Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Мики види сега пријателе, ние можеме во име на Бог да праиме што не. Да кажуваме да пееме, да скокаме, да играме да ораме. Ако тоа ги преминува формите и границите на првото предание односно на единственото предание, на единствениот авторитет, како што кажа и самиот Чорбаџија(не сум негов одбранбен играч во секој случај), не наликува на она изворно проповедање, она изворно и првобитно карикирање на човекот, етиката, општеството, и Бог во корелат со сите Космолошки тела и феномени, тука има еволуција. Видоизменување. Тоа не чини.
Ќе напраам и мала спојка со темата како треба да изгледа Христијанка... Не е ралигијата по нејзина суштина да биде конформна на општеството и нејзините еволутивнио стапки, туку обратно, општеството да биде конформно на учењето, она првобитно учење и проповедање од страна на Христос и Апостолите, кое очигледно православието затерало и се занесило бајаги во самотолкувањата на светото писмо и нејзно апдејтирање.
 
Погрешна ти е листата микице. Треба да биде вака:

1. Православие = Светите отци (човечки зборови), нивните житија (човечки легенди), нивните дела (човечки зборови), одлуките на Вселенските и помесните собори (човечки одлуки), традицијата (човечка традиција), обичаите (пагански турли тава обичаи) и други човечки зборови.

2. Христијанство = Божјиот Збор (Светото Писмо, Библијата)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Еве ја можната листа за извори на сознанија во врска со изворното христијанство:

1. Светите Оци и нивните толкувања на Писмото, заедно со Светото Предание
2. Чорбаџија, и неговото толкување на Писмото, разбира се, без Светото Предание.

Чорбаџија, што мислиш, кој е мојот избор?
Горенаведениот цитат е точната листа со можен избор, а мојот избор , разбира се, под бр. 1.

Мики види сега пријателе, ние можеме во име на Бог да праиме што не. Да кажуваме да пееме, да скокаме, да играме да ораме. Ако тоа ги преминува формите и границите на првото предание односно на единственото предание, на единствениот авторитет, како што кажа и самиот Чорбаџија(не сум негов одбранбен играч во секој случај), не наликува на она изворно проповедање, она изворно и првобитно карикирање на човекот, етиката, општеството, и Бог во корелат со сите Космолошки тела и феномени, тука има еволуција. Видоизменување. Тоа не чини.
Ќе напраам и мала спојка со темата како треба да изгледа Христијанка... Не е ралигијата по нејзина суштина да биде конформна на општеството и нејзините еволутивнио стапки, туку обратно, општеството да биде конформно на учењето, она првобитно учење и проповедање од страна на Христос и Апостолите, кое очигледно православието затерало и се занесило бајаги во самотолкувањата на светото писмо и нејзно апдејтирање.
Пикасо, ај живти све, објасни и на мојата „затуцаност„, како може било кој, а во случајов ти, да дава коментари „од страна„ за православната Црква, а притоа да не е член на телото Христово и да има дискутабилно познавање за устројството на православната Црква!?
 
Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Горенаведениот цитат е точната листа со можен избор, а мојот избор , разбира се, под бр. 1.

Пикасо, ај живти све, објасни и на мојата „затуцаност„, како може било кој, а во случајов ти, да дава коментари „од страна„ за православната Црква, а притоа да не е член на телото Христово и да има дискутабилно познавање за устројството на православната Црква!?
Абе сте промениле сте му ебала мајката на цела религија...

Верата не е конформна на Политика, на Економија, на Деспоти, на Војни итн..
Тоа не сте го разбрале..
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Абе сте промениле сте му ебала мајката на цела религија...

Верата не е конформна на Политика, на Економија, на Деспоти, на Војни итн..
Тоа не сте го разбрале..
А православното христијанство е вера, духовно-етичка категорија, или:
-политика
-власт
-воинственост...

И што треба допрва да разбереме, кога све е одамна јасно?
 
Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
ne zborim owde za popovi,zborim za religija,duhovnost.so se mene tice i mene popovite ne mi se bas simpaticni.i so sakas da kazes so owa ''ne wi palat wise fintite''.mislis deka cowestvoto pocnuwa da se otkazuva od Bog.ne be brat.si se zaebal tuka...
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
1.852
Поени од реакции
1.382
Ме интересира нешто .. незнаев во која тема да го вметнам , .. Сонував џамија , онака осамена на поле со дрво близу нејзе , кога ја прашав бабами ми кажа дека нејзе и кажале постарите дека на ова место кадешто живееме имало џамија(т.е. претпоставуваат дека лоцирана е под 2-3 куќи тука), јас сум Православен Христијанин , и ме загрижува дали воопшто правам некој грев, и што треба да се превземе и сл. ... поздрав :smir:
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
ne pravis nikakov grev vo slucajov
oti voopsto ni eden grev nema
koj ne e posledica na praroditelskiot grev
po padot nie sme skloni kon grev
a kako skloni kon grev
nemame slobodna volja
i nuzno go izvirame zloto
(ova NE TREBA da bide opravdanie da ne se trudime da pravime dobro).
 
R

RAYTHEON23

Гостин
Ме интересира нешто .. незнаев во која тема да го вметнам , .. Сонував џамија , онака осамена на поле со дрво близу нејзе , кога ја прашав бабами ми кажа дека нејзе и кажале постарите дека на ова место кадешто живееме имало џамија(т.е. претпоставуваат дека лоцирана е под 2-3 куќи тука), јас сум Православен Христијанин , и ме загрижува дали воопшто правам некој грев, и што треба да се превземе и сл. ... поздрав :smir:
a od koga na son se pravi grevovi...nemaj maka:smir:
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ме интересира нешто .. незнаев во која тема да го вметнам , .. Сонував џамија , онака осамена на поле со дрво близу нејзе , кога ја прашав бабами ми кажа дека нејзе и кажале постарите дека на ова место кадешто живееме имало џамија(т.е. претпоставуваат дека лоцирана е под 2-3 куќи тука), јас сум Православен Христијанин , и ме загрижува дали воопшто правам некој грев, и што треба да се превземе и сл. ... поздрав :smir:
Едноставно: заборави го сонот и не се впуштај во негови „толкувања.

a od koga na son se pravi grevovi...nemaj maka:smir:
Да, и во сон се чинат гревови...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom