- Учењето од Црквата не познава никаква еволуција. Дека еволуцијата е чиста мисловна шпекулација, тоа е веќе дискутирано на соодветни теми на форумов.
- Православната Црква вели дека го чува изворното учење, кое Апостолите го примија од Христа Бога, а го пренесоа на првите генерации епископи, онака како што Апостолите го ширеа Христовото учење и формираа нови Цркви во тогаш познатиот Свет.
- Учењето од првославната Црква е проверено преку личните искуства и подвизи од нејзините членови и тоа учење е утврдено соборно, не трпи додавања, не трпи одземања или искривувања или погрешни толкувања.
- За да ја осигура неменливоста на учењето, Црквата ги оформи догматите, по одредена тема, на Вселенските Собори, 8 на број, одржани во првиот милениум, додека Црквата беше неподелена.
- Основна задача на Црквата е онаа заповед која Он им ја даде на Апостолите: „...одете и научете ги сите народи и крштевајте ги во името од Отецот и Синот и Светиот Дух...„. Црквата сеуште тоа го чини.
- Улогата од Црквата не е само да учи и крштева, туку воедно и да биде активен фактор во овој, материјалниов Свет, учејќи го своите членови како да се живее христијански во отпаднатиов Свет, иако Црквата не е формирана за овој туку за другиот, духовниот Свет.
- Богослжбите во Црквата се духовна врска со духовниот, Небесниот, ангелскиот Свет.
- Промените во Црквата почнаа во 1054 г. со одвојување на римското папство од дотогаш единствената Црква.
- Вториот раскол е појавата на протестантизмот од М. Лутер во доцниот 16 век, но тоа ја засега римокатоличката а не православната Црква.
- Третиот раскол настанува во средината од 19-от век, кога се оформени повеќето од денес познати конфесии (да не ги набројувам).
_ Тековно, тоа раструрање трае, како континуиран процес на формирање нови конфесии, од која е најпозната сајентолошката „црква„.
- Сите обиди за формирање една Црква на планетава, се однапред осудени на неуспех, оти секоја христијанска заедница смета дека токму таа ја има изворната вистина и токму според таа вистина треба да се изврши планираното унијатство. За тоа, предничи римокатолицизмот.
- Член на Црквата Христова, т.е. член на телото Христово се станува преку Светата Тајна крштевање.
- Хрситос е глава на Црквата а сите членови ви Црквата се тело Христово.
- Црквата е водена од Светиот Дух, Учителот, Утешителот, Духот на Вистината.
- Во својата организација, Црквата е иста како и пред 2000 г, структуирана од свештенска ерархија, која го чува и проповеда изворното учење, и верници, кои го примаат и практикуваат учењето во свој секојдневен живот, надевајќи се на свое место во Царството Христово.