Еве еден вистинит текст од наш автор:
Грција – Боговите паднаа на теме
Пишува: Виктор Трифуновски
Што се случува со европскиот домашен миленик? Со земјата која е позната само по митови и легенди... Што се случува со нивниот животен стандард? И конечно, каква поука треба да се извлече од ваквите случувања?
Историски гледано, Грција никогаш не била земја со висок животен стандард. Нашата средновечна генерација е доволно возрасна за да прераскажува за нашиот јужен сосед од средината на 70-тите, па и претходно, а фала богу има доволно информации и на интернет. Генерално тоа била заостаната, ултра-конзервативна средина, со катастрофални работни навики и многу чудни меѓучовечки односи за останатиот дел од континетот.
Без разлика на нивното сомнително антрополошко потекло, овие црномурести и навидум темпераментни луѓе, сепак се прифатени најнапред во структурите на НАТО, а подоцна и во “европското семејство“. Не толку поради нивните митолошки приказни, и пренадувани историски детаљи, туку поради фактот што светот живеел во студена војна, а во Грција предоминантна била Комунистичката Партија, со јасни цели во правец на уредување на државата по примерот на СССР.
На западните земји, најмалку што би им било потребно, е уште еден сојузник на СССР во Европа, кој патем има историски хипотеки со еден од најбитните стратешки партнери на САД...со Турција.
Во вакви околности, Грција станува “западна земја“ која полека почнува да користи и соодветни бенефиции.
За воља на вистината, ваквата помош не беше од понов датум. Западните земји не само што ја создадоа 1830, туку од неа создадоа медитерански мит, украсен со историски глупости, од кои дел се воздигнати на ниво на култ кој трае и ден денес.
Најнапред грчкиот лобист во францускиот парламент, баронот
Пјер Де Кубертен ги измисли “Олимписките Игри“ промовирајки ги на лондонскиот саем во 1896 год. Таквите игри, ниту некогаш постоеле, ниту пак имале таква симболика како што е денес духот на олимпизмот. Целта била (и останала) промовирање на вредност која доаѓа од Грција.
Да не должиме... Грција по сите овие основи (квази-историски, но пред се гео-политички и гео-стратешки) морала да живее како и сите западни земји, што подразбирало не само одбрана на заедничките вредности и стандарди, туку и живеење на живот со соодветен квалитет. Така почнува да се гради грчката економска и воено-политичка моќ.
На тој начин, ескивирано е едно многу битно начело од областа на класичната економија. Дека “Стандардот на луѓето, и квалитетот на нивниот живот, зависат од разликата помеѓу производството и потрошувачката“. Ова се зборови на
Адам Смит, првиот економист од 18-тиот век, во чии дух настана индустриската револуција, како и либералниот капитализам од 19-тиот век, кој остана забележан како период на најбрз економски и техничко-технолошки развој.
Неговото дело “Богатството на народите“ се сведува на констатацијата дека, доколку еден народ сака поголема акомулација на капитал (поголемо богатство) тогаш истиот треба повеќе да произведува, заработува и инвестира, а помалку да троши.
Таквата тенденција, во Западна Европа траеше цели два века. САД е дури и како држава изграден (во најдобар дел) во духот на Адам Смит и неговите истомисленици.
Сепак, поради студената војна, но и со државниот интервенционизам како економски модел од тоа време, како да постоело уверување дека таквите економски закони можат да се занемарат, па дури и комплетно да се надминат.
Така Грција, во тоа време, добива огромни субвенции. Милијарди долари за кои новопримените членки од 2004 па наваму не би можеле ни да сонуваат. Особено се стимулирани земјоделското производство, туризмот, енергетиката, како и малите бизниси. Огромни пари се потрошени за изградба на грчкиот образовен систем, а да не зборуваме за опремувањето и комплетната изградба на грчката армија.
Добар дел од овие субвенции Грција ги прими и во 2007, но, што се случи во 2008? За тоа малку подолу.
Не е никаква тајна, доколку се констатира дека Грција каква што ја познаваме денес, е фактички создаена со директна финансиска помош од западните земји.
Но, како се користени тие пари..?
После сите субвенции во областа на земјоделието, Грција увезува околу 12% од потребните количини на храна. Истиот процент на увоз на храна го имаат и Мароко и Гватемала, кои се претежно пустински земји, со далеку понеповолна клима за развој на земојделие. Истиот процент го има и Данска, но кај нив приматот го има индустријата, и тоа онаа од областа на високата технолигија, која и тоа како го подигнува БДП на високо ниво.
Енергетски, грчкото производство е зависно од ниско квалитетен лигнит кој најмногу го има во западниот дел (близу Албанија). Новост се неколкуте гасни електрани, меѓутоа таквата енергија е особено скапа, а Грција ја става во голема зависност од Русија. Како и да е, покрај сите субвенции во минатото, Грција сеуште увезува огромен дел од потребните количини енергија, дури и од нас.
Истовремено, после сите субвенции во индустријата, Грција не ги искористува своите капацитети. Колку за споредба, индустријата во Германија вработува околу 25% од работната сила, а создава скоро 80% од вкупниот БДП. Во Грција индустријата вработува 17% од работната сила, а создава едвам 20% од вкупниот БДП. Споредете ја продуктивноста на Германската и Грчката индустрија. Додека Германската е доволно продуктивна за да го полни буџетот на ЕУ, Грчката индустрија произведува за да се одржи себе си. Прашање е само до кога..?
Туризмот е единствената развиена стопанска гранка во Грција, но тоа е сезонски бизнис, кој објективно не игра голема улога во подигнувањето на БДП. Доказ за тоа се многубројните егзотични држави, каде туризмот е единствената развиена гранка, и каде истовремено домородното население живее во прилично голема сиромаштија.
И нормално, во услови на економска криза, кога владите на западните земји се преокупирани со сопствените економии...нема да им биде битна ниту грчката митологија, ниту античките будалаштини на историчарите од Атина.
Законот на Адам Смит, овојпат ги влече многу посилно одколку законот за гравитација на
Њутн. Грците конечно се оставени без субвенции, и мораат да живеат од она што ќе го произведат (а не произведуваат речиси ништо). Тоа е многу болно сознание за некој што егзистирал само поради едно идиотско толкување на историјата (дека се наследници на античките грци, кои пак биле темел на западната цивилизација).
Болно е чувството за некој кој живеел како припадник на “супер-нација“ кога мора да свати дека фактички живеел од патерналистички поклони, што е приближно или еднакво на питање/просјачење. Хипер-експлоатираните и надувани приказни за античкиот период, со кои Грција привлекуваше енормно многу туристи, но и примаше многу “бакшиши“... сега полека престануваат.
Квантитативната монетарната теорија на големиот економист и нобеловец Милтон Фридман, јасно говори дека “Кога ќе престанат сите субвенции, кога ќе престане монетарната експанзија (а еднаш мора да престанат) со нив исчезнуваат и сите работни места кои се отворени на тој начин“.
Токму тоа и се случува сега на Грција, и сигурно е дека анархистите и синдикалистите истото не можат да го спречат.
Да бидеме реални до крај... Во Грција не се случува криза (барем не реална)... Грција едноставно се враќа онаму каде секогаш економски припаѓала – тоа е местото меѓу најсиромашните европски периферии, каде медитеранскиот темперамент, културните, социјалните и етничките предрасуди, често пати се побитни од самиот економски раст. Нека им е со среќа.
http://www.capitalism.blog.com.mk/