Најубаво село во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата theMac3donian
  • Време на започнување Време на започнување
Многу малку ги знаеме селата низ Македонија, има многу убави, според мене од најекспонираните најубави ми се Брајчино и Вевчани и сите останати во близина на Брајчино како што се Љубојно, Долно Дупени и останатите.
 
абе во Македонија сите села се убави
 
Само во Галичник опстанат беше фолклорот од сите македонски села.

Да? Заради галичката свадба? Тука си грешка и тоа многу. Го почитувам Галичник, имам слушнато за селото многу и за малце ќе го посетев. Што се тиче фолклорот.. го има во сите мијачки села. Во Лазарополе на Илинден, во Гари на Богородица .. итн! Доаѓаат тапаните на сред село, цело село на едно место и ти незнаеш која веселба е тоа. Ако тоа не е фолклор, незнам што е тогаш.

Иначе си гласам за моето, Гари.
Реката Радика, Високи Камен местото, планините Јама, Скала.. Браненица фудбалското игралиште, црквата, толку природа.
 
Јас гласам за Велгошти, Охридско, сум бил само 1 но ми остана во срцето. Луѓето се стопати погостопримливи од охриѓани, како да не е на десетина километри оддалечено. Многу убаво село.
 
На 5km е од Охрид мислам и да, стварно се многу гостопримливи луѓето. :)
 
Да? Заради галичката свадба? Тука си грешка и тоа многу. Го почитувам Галичник, имам слушнато за селото многу и за малце ќе го посетев. Што се тиче фолклорот.. го има во сите мијачки села. Во Лазарополе на Илинден, во Гари на Богородица .. итн! Доаѓаат тапаните на сред село, цело село на едно место и ти незнаеш која веселба е тоа. Ако тоа не е фолклор, незнам што е тогаш.

Иначе си гласам за моето, Гари.
Реката Радика, Високи Камен местото, планините Јама, Скала.. Браненица фудбалското игралиште, црквата, толку природа.

Не не , не заради галичката свадба , туку народот сеуште живееше како што секогаш живееле , во подемот на 20 век тие сеуште излегуваа со носии и сеуште живееа според старите адети. Останативе села некако се глобализираа и капитализираа па гледаат што подобра стока да имаат за да можат да си пласираат продукти на пазарот и да заработат пари.
Во Галичник парите беа менлива единица , имаше луѓе кој беа буквално без примања а си преживуваа без проблем.
 
Океј, но сепак не треба да ги потценуваме и другите села. Знам стари луѓе кои живееле во Гари до својата 80 година. Ипак неможеш да кажеш дека нема фолклор у другите села, бидејќи можеби не носиме носии но имаме слави на кои сите се собираме и ја продолжуваме традицијата секоја година.

Поздрав со песнава:
 
нај нај убаво МИРАВЦИ,поготово убавините над селото БЕЛИОТ РАЈ,Планината...посетете го
 
Според мене Богомила е едно од најубавите Македонски села дефинитивно!

Богомила е планинско село. Се наоѓа на 50 км оддалеченост од градот Велес. Поврзано е со асфалтен пат и со железничка пруга (Велес-Битола), па така мештаните се поврзани со градот. Селото е завиено со планински масиви од планините Бабуна и Јакупица така што е опкружено со пространи шуми и мирисни ливади. Низ него тече реката Бабуна со чиста природна вода. Овде зимите се подолги, а летата пократки па затоа климата е постојано свежа. Во лето температурата достигнува и до 35 °C но, но ноќите се секогаш ладни. Селото е електрифицирано, има водоводна мрежа и телефонска линија. Повеќето од куќите се стари но има и нови куќи и викендички што постојано се градат.
 
Кога го фалиш Богомила не го заборавај камениот римски мост :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom