Силен. Не сме спремни за тоа бе бачко. Кога зборувавме на темата за Имер Селмани каде тој би бил можеби првиот кој би можел да ја води неговата политичка партија составена и од македонци и од албанци, со цел на економско подобрување на животот во Македонија, ти одговорив уште тогаш. Истиот момент кога Селмани ќе направи нешто на пример вработување на 10 албанци во Клинички центар, во истиот тој момент ќе изгуби 20% а можеби и повеќе од евентуалното гласачко тело. Нормално, и вајс верса. Зашто?? Дека така се навиени луѓето. Им спомнеш ли Александар...сите УАААА, им спомнеш ли Албанија...уааааа. А пустите гладни и бедни. Ете затоа. Албанците сеуште се гневни на тоа како се однесуваше системот кон албанското население, а македонците сеуште мислат дека албанците се борат за Голема Албанија, пример ете ти доле, цитиран кон кој што ќе се навратам. Не сакаме да живееме заедно. Не можеме ни да смислиме да живееме заедно, дека тогаш пусти македончиња ќе слушаат Ој нусе нусе на телевизија, а албанците ќе слушаат Гоце Арнаудов (ор самтинг). Државата спонзорира милениумски крст, христијаните урааааа, муслиманите градат џамии со сопствени пари, сите се жалат колку џамии имало низ Скопјево. Биг Факинг ДИЛ!!! Никој не се не труди да коментира дека школите ни се тиња, нема ни сали за физичко ..а не се ни осмелувам да прашам дали имаат хемиски лаборатории.
Ко прво, жалам што живееш во таков страв. Најискрено, поради тебе. Сто пати те имам следено каде што се повикуваш на Призренска Лига и не знам ти што, демек голема Албанија, албанците се криви, дрн дрн јариња.
Да...криви се. Знаеш зашто?? Кога во 1991ва станавме независна држава, во уставот бевме малцинство...наместо да бидеме граѓани на Р. Македонија. Грешка број 1.
Во ниедна институција немаше вработено албанци. Исклучок некој мал број, на прсти се бројат. Факт е дека поради заедничкиот живот во Југославија, албанците го зборуваа српскиот јазик, нешто што е повеќе од видливо и ден денеска кога на телевизија ќе зборува некој постар албанец. Никој не се погрижи тие да бидат дел од заедницата, да им се каже дека тие СЕ дел од оваа држава. Наместо тоа, низ цела Македонија се скандираа пароли од типот гасна комора за Албанци, смрт за Албанци и слично. Кога на тоа население им посакуваш гасна комора, зашто очекуваш дека тоа население ќе ти посакува подобра иднина тебе?
Едукација. Албанските школи беа запоставени. Лирија како една од првите албански школи после втората светска војна, беше и остана истата. Услови никакви. Сите школи добиваа стипендии, натпревари, бонуси, триста чуда. Моето школо доби курац. Сами организиравме натпревари, со наши финансии. Кога албанците бараа универзитет, македонската полиција, институција која што треба да го брани граѓанинот, иде и го убива граѓанинот, само затоа што тој протестира. Значи никаков вооружен напад, никаков удар врз државата, единствено протестира против рушењето на денеска веќе постоечкиот универзитет.
Како сакаш албанците да се чувстуваат како дел од оваа држава??
Секогаш сум верувал во соживот. Сеуште верувам. Се борам за тоа. Колку што можам толку. Но кога некој како тебе, ќе пропагира такви глупости, јаде бурек за мене и за моето потекло, за мојот јазик и мојата култура...секогаш се будам од таа илузија во која што си живеам, и се повеќе се уверувам дека додека постои таквиот паразит во нас...соживот нема да има.
Гарфилде....ете затоа.