Дали можете да бидете во љубовна врска со човек што не го сакате?

  • Креатор на темата Креатор на темата facule bacule
  • Време на започнување Време на започнување
и ова ли е тешко...секој може.:toe:
а и гаранат 90% биле во такви врски меѓу кои и јас...па беше скоро две недели доста е..:toe:
абе може не е тешко за тебе пошто не ја сакаш,немаш чувства кон неа и нормално кратко ќе трае..а шо ќе биде ако она те сака осеќа нешто спрема тебе...си размислил за тоа дали ќе биде повредена,како ќе се осеќа....после таа кратка да ја наречам авантура без љубов без ништо...
 
епа затоа 2 недели...инаку денека модерните трендови,медиумите американските филмови ги натераа луѓето да ГЛУМАТ ЉУБОВ....вистинската е навистина раритет
 
јасно е тоа дека кратко ќе трае...ама прашањето ми беше дали ти со започнувањето на сето тоа си размислувал дали ќе ја повредиш другата личност...пошто да одиме на тоа дека она те сака а ти не и сепак сапочнуваш нешто со неа...нема ли да се осеќаш неубаво...барем ја коа сум во прашање ако немам чувства спрема другата особа не ни почнувам ништо
 
знам луѓе кои што тоа го можат тоа и не ми е јасно зашто и како, јас искрено не можам или тоа ми е незамислива работа
 
Можам, сум била и веројатно и пак ќе бидам. Нема ќар од права љубов, па да бидеме практични :toe:
 
Прашњаево не е на место. Во љубовна врска со некој што не го сакаш. Па тоа прво не може да биде љубовна врска , ниту пак било каква врска. Лично јас сметам дека е губење време , и никогаш не си би дозволила такво нешто

Тука е наречено љубовна врска заради дистинкција од пријателска врска...
За да бидеш со некого нешто треба да те привлече, па макар тоа било само физички изглед, боја на глас, гестикулација, изразување, пари, домашно галениче, момент на слабост ... Или да се начукаш ко клен...
Ете, љубовна врска...
Мислам, врска...

Колку ќе трае тоа е друга приказна. Нестандардно започната врска знае да изненади и да покаже голема длабочина и содржина. Нема правила... Многу е дури филмски „од љубов“ да се започне врска. Обично таа следува по низа „откривања“ и „разоткривања“.

Не ретко, врска знае да понесе и релативно доцна да се примети недостаток од длабоки чувства ... Ова би бил и одговор на прашањето: сите ние сме биле во љубовна врска со човек што не го сакаме; можеби сме престанале да го сакаме, можеби не сме приметиле дека не сме го засакале...
 
Можам, сум била и веројатно и пак ќе бидам. Нема ќар од права љубов, па да бидеме практични :toe:
браво за тебе...од што има ќар, од што живееш ти
 
Не можам!
Ако не ја сакам тогаш значи тоа не е Љубовна врска, туку ке биде сексуална, а за таква и те како можам!:kesa:
 
браво за тебе...од што има ќар, од што живееш ти

Па види, кога веќе не може да бидеш со оној кој вистински го сакаш, јбг, мора да бидеш практичен за да не завршиш скроз сам :) Не би си ја отварала душата тука, но, сепак мислам дека никогаш никој нема да го достигне тоа ниво, па подобро да сум со некој со кој се согласувам и ми е убаво и имам некаква љубов, отколку да сум сама до крај живот.
 
значи сепак викаш дека треба да постои барем нешто од поимот љубов, јас си помислив дека нема ништо од тоа...а за тоа дека боље со некој отколку никој незнам немам коментар...едно нешто никогаше не се откажувај...
 
Абе добро, не сега по секоја цена. Стално правам грешка што не се доискажувам :) Муабетот ми беше-да бидам во врска со некој со кој ќе ми биде пријатно и убаво, ќе имам некаква љубов, нормално, но според моите стандарди, таа љубов која еднаш сум ја имала била вистинската, после тоа се' друго било (најверојатно и ќе биде) само некаква имитација на љубов што јас и не ја сметам за љубов-љубов туку "врска со човек кој не го сакам вистински".
Не зборам сега да бидам во врска со некој кој ми е тотално непривлечен и ме нервира само колку да не сум сама, тогаш подобро да бидам стара мома :)
Се разбравме сега? :)
 
Мислам да, како што те разбрав оставаш на време, па можеби покасно ќе се створи нешто повеќе ? Така :smir:
 
како мозе ЉУБОВНА врска со некој шо не го сакаш? мислам љубовна-љубов така? значи нема шанси :nenene:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom