Дали можете да бидете во љубовна врска со човек што не го сакате?

  • Креатор на темата Креатор на темата facule bacule
  • Време на започнување Време на започнување
да бидеш со некој а да не го сакаш не мора да значи дека си со него само поради пари или репутација, нели може со него да си и од сожалување...?

Sozaluvanjeto boli... kako za edniot taka i za drugiot.
 
Sozaluvanjeto boli... kako za edniot taka i za drugiot.

боли ама некогаш едноставно не можеш да го убедиш или пак ти жал да му речеш НЕ...
затоа по со време ќе раскрстиш и нема да му даваш лажна надеж...
 
дали можете да идете со човек што не го сакате но сепак ви е убаво со него и сакате да сте со него?


Не можам баш да го разберам ова: "Не го сакате, но сепак ви е убаво со него и сакате да сте со него?"
Значи ако ми е убаво со него и ако сакам да сум со него, мора да постои некакво првично чувство од моја страна, па не мора да е тоа одма љубов. Штом е така, преостанува да пробаш да бидеш со тој човек, да се запознаете подобро и со текот на времето ќе се види- ја бива или не ја бива работата.
А ако кон некого немам ниту тронка симпатија или нешто што би ме привлекло, веројатно нема ни да се обидам да бидам со таа личност и автоматски не би била во врска со некој што не го сакам. Или така некако....
 
Можам и сум бил. Таквите врски траат кратко.
 
Рецепт за добра врска е пронаоѓање на партнер кој не сте го познавале порано!Со него се ќе се гради одново,ќе се запознавате постепено и постепено ќе се засакувате.

Јас лично никогаш не сум влегла во врска од љубов,се било допаѓање,симпатија.Да сакаш некого треба добро да го познаваш,да ги знаеш неговите маани и доблести,да се навикнеш на нив,да знаеш и да молчиш со него,да те забавува на посебен начин и едноставно и присуството негово да те прави среќна!

Ако ми е убаво со него и ако сакам да бидам со него тогаш ќе бидам ,љубовта ќе дојде кога најмалку ќе очекувам.Значи се на се би одела со човек што не го сакам,а убаво ми е со него:pipi:
 
Прашњаево не е на место. Во љубовна врска со некој што не го сакаш. Па тоа прво не може да биде љубовна врска , ниту пак било каква врска. Лично јас сметам дека е губење време , и никогаш не си би дозволила такво нешто
 
Понекогаш се случува многу луѓе да започнат врска само поради тоа што навистина им е убаво кога се заедно,се надополнуват,се разбираат меѓусебно,просто кажано се наоѓаат на иста фрекфенција..љубовта може да дојде малце покасно,со тек на време..колку повеќе сте заедно се упознавате као личности,ви се разоткриваат карактерите,маните,доблестите..впрочем никогаш не ми се случило некого да видам,и одма да се заљубам..може некој само да ми се допадне физички на прв поглед,а за нешо подлабоко као љубов треба малце време..:wink:
 
Ама за да посакаш да имаш нешто со некој , па макар тоа било и држење на раце мора да има флуид, или страст заљибеност зависи во која фаза ке бидеш , а тоа е предуслов за да се заљубиш и да сакаш некого. Ибаво е те исполнува , присуството негово значи има искри, не може со некој кој нем аискри да се држиш за раце нели
 
целосно те подржувам(Маdonna77)...не би била ја во таква врска, иако познавам многу особи кои го направиле тоа заради некоја неодредена причина...како и да е, не е добро да се биде со некој што не го сакаш, само поради сожалување или затоа што има пари или репутација...тоа некако ми е многу безвезе..:toe:
 
Ама за да посакаш да имаш нешто со некој , па макар тоа било и држење на раце мора да има флуид, или страст заљибеност зависи во која фаза ке бидеш , а тоа е предуслов за да се заљубиш и да сакаш некого. Ибаво е те исполнува , присуството негово значи има искри, не може со некој кој нем аискри да се држиш за раце нели

Постојат, постоеле и ќе постојат такви врски.Не секое жарче или искра прераснува во љубов.Пред да започнеш врска со идниот партнер, за кој чувствуваш привлечност, симпатии, ситуацијата е мошне различна (независно дали позитивна или негативна) од ситуацијата кога ќе сте во врска.Незнаеш дали вашите предходни односи ќе го сменат својот правец кон подобро, полошо или едноставно се ќе тече со исто темпо и дали ќе функционирате добро како пар...
 
Ама за да посакаш да имаш нешто со некој , па макар тоа било и држење на раце мора да има флуид, или страст заљибеност зависи во која фаза ке бидеш , а тоа е предуслов за да се заљубиш и да сакаш некого. Ибаво е те исполнува , присуството негово значи има искри, не може со некој кој нем аискри да се држиш за раце нели


па добро да,се слагам со тебе дека за да сакаш со некого да имаш нешто повеќе сепак треба да те привлече со нешто,да речеме физички со изгледот,но тоа не е љубов..многу луѓе влегуваат во врска ете така поради тоа што им се допаѓа као изгледа партнерот,или им се допаѓа некоја друга нивна особина,но љубовта доаѓа малце покасно..нормално ќе се најде секад и по некој исклулучок..:wink:
 
Во врска со некој кој не го сакаат, можат да бидат само егоистични извештачени лицемери и лицемерки, на кои паметот им е само во парите, престижот и можноста да ќарат некои бенефиции од измамениот партнер/партнерка. Тоа ти се луѓе кои немаат ништо човечко во себе, ни чест, ни образ, ни искреност спрема себе и спрема другите. Сепак, доколку партнерот не е хипнотизиран :smir: лесно може да ја открие измамата.

А врска од сожалување...?!?! :tv:
Освен во случај кога партнерот кој некогаш бил сакан, сега е болен од канцер или СИДА, па нашето присуство го сметаме како олеснување на умирачката... :uvo:
 
Сум била еднаш и повеќе никогаш. Со мојот прв дечко. Тој ме сакаше повеќе од се, а јас воопшто не му обрнував внимание ...секогаш тој доаѓаше во мое маало да ме види, јас не се ни замарав. Не ни прифатив официјално да се гледаме на тој начин како што беше тогаш, но едноставно неговите посети се зачестија и така испадна да `одиме`. Беше многу чудно, а на крајот кога му раскинав беше многу тажен. Ми падна жал и дури тогаш сфатив дека ме сакал премногу. Ама бев мала и искрено не ми беше дојдено до сериозна врска. Сепак испаднав фер што не го изварав, туку пред да го сторам тоа му раскинав.
А сега не можам ни да замислам да бидам со некој, а да не го сакам.
Totally rigmarole.
 
и ова ли е тешко...секој може.:toe:
а и гаранат 90% биле во такви врски меѓу кои и јас...па беше скоро две недели доста е..:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom