"Црвено-црните" иако имаа многу проблеми во реализацијата на нападот, а и на крајот од првата четвртина загубија еден од стартерите, Стефановски, (при доскок заработи сериозна повреда на скочниот зглоб), сепак не дозволија Овче Поле однапред да биде прогласен за четвртфиналист.
Израмнувањето на резултатот 25:25, односно 31:31, и тоа во завршницата од првото полувреме внесе неизвесност и тоа благодарение на расположениот Радуловиќ, но Овче Поле веднаш реагираше и со плус 6 (39:33), замина на паузата.
Во продолжението гостите ја направија првата двоцифрена разлика, (46:35), а во таков стил и го одиграа периодот. Но наместо мирна завршница си дозволија опуштање. Па на пет минути до крајот на средбата "вардарци" се доближија на (64:66).
Вардар - Овче Поле 69:76 (14-18; 19-21; 18-25; 18-12)