Луѓе зошто се заебавате и занесувате дека овие сленг се оригинални и невидени, тие се типични бели најверојатно богати деца што мислат дека се американски црни ганстери
и немаат што да прават па решиле да ја исмеваат македонската традиција и оро :nenene:,немаше потреба да се облекуваат така и тој дијалектот и преправање аман веќе не се ништо интересно,тие немаат врска од рап и хип хоп, а Европа знае што е вистински рап и хип хоп, овие тотално ја утнале работата, сакале да направат нешто ама тоа не личи на ништо и не ги разбирам оние познавачи на музиката ако така можат да се наречат членовите на жирито зошто им дадоа поени, од публиката веќе не сум ни изненадена влезено им е во глава дека најголемите страмови треба да ги пратиме на Евровизија и дека ке направат нешто. Истото важи и за бушавите за кои гласаат само 12 годишни девојчиња. И доста со тоа дека треба циркус, само некреативните евровизиски тимови и композитори го велат тоа за да се извадат кога ке пратат некоја глупост дека Европа барала фрикови, а секогаш победува најдобрата песна, нема врска дали ја пеел добар или лош пеач\ka, транвестит или некое НЛО како Боки, ако имате ср`ње песна џабе ви е циркусот, само сите ке се смеат, Верка имаше ОК песна затоа влезе не заради циркусот, а Лорди беше типична комерцијална демек heavi песна која е направена да ин се допаѓа на повеќето, но прашајте вистински обожавател на метал што ке ви рече за таа песна. А Дана е сосема друга работа, кој и да ја пееше таа песна ке победеше, тоа со операциите па маж жена беше само фама, па по некоја година не знам која земја прати три мажи облечени како стјуардеси па кренаа прашина оти Европа "не видела такво нешто", па се покакаа оти песната им беше тешко ср`ње сакаа само на "скандал" да се вадат ама тоа не успева. И бабата со тапанот што толку ја спомнувате беше добра песна која влегува во уво а сценскиот настап беше само дополнување на цела песна, За нашата понуда на песни оваа година, немам зборови, сите како одбиени од некој детски фестивал се, некоја и може да се протне како солидна ама никако за на Евровизија, барем овие од првата вечер, ај ке видиме каква ке биде понудата на втората.