Ptolomej
Дрвен адвокат
- Член од
- 7 август 2005
- Мислења
- 1.753
- Поени од реакции
- 1.018
За разлика од изминативе години , на овој избор за Мак Евросонг конечно МТВ да направат колку толку убава бина и ТВ пренос ( со двете кран камери ) ... истото се однесува и за квалитетот на песните кои учествуваа на оваа полуфинална вечер...за разлика од минатите неколку години кога вкупно имаше само 3 или 4 добри песни , сега само во првото полуфинале има барем 5 до 6 песни кои се добри...прилично ми се бендиса песната и изведбата на Даниел ( кој шо прв пат во животов го гледам и слушам )...добра песна и одлично ја испеа , а типчето има и снажен глас...ок беше и песната од Нокаут со Игор Џамбазов ( плус тоа супер ќе биде шо ќе мора руските водителите ако пената победи овде да ја спомнат Македонија , бидејќи така се вика групата )...не беше лоша ни песната од Next Time ( без разлика дека типовите ми се ептен позери )...шо се однесува до Сленг и нивната Гангста Оро...хммм...интересна замисла и сценски настап , но за жал не ја слушнав баш најдобро песната...дали самата песна е лошо продуцирана или па проблемот беше во тонската неускладеност на матрицата со пеењето во живо, но во секој случај не можеше да се слушне најдобро...добра песна имаа и Водолија ( мој тип на песна ) , но факт е дека таква песна не успева на Евросонг