Абе као ќе градат на туѓ имот тој објект си има сопственици кои не го даваат овие не се нормални ај малку државава нека реагира
Еми не е баш така, сопственикот на куќата дозволил да се изгради музеј таму, така да...нема што да реагира владата
Башка, беса-бес, договореното мора да се испочитува.
Самите сме си криви за ова. Треба и ние да си побараме како тие што си бараат споменици за паднати борци и жртви. Тие си бараат и си добиваат, ние им дозволуваме, така да не гледам никаква кривица во албанското население.
А ние што правиме? Ние ги шкртаме спомениците со бои, се потпишуваме ФК Работнички Рулз, Branko pusi go kurot и што не. Не знаеме да ги сочуваме тие што ги имаме, па нови да бараме. Плус, попрво македонсково население би ставило споменик на Боки 13-ка отколку на Аце, Тоше, Ченто, Крсте Петков Мисирков...
Ехх мало мое цакано, убаво си разбрала некои работи. Си бараат албанците, си работат на тоа, и го остваруваат. За жал, некој како Славјански тоа го категоризира како призренска лига не знам ти што голема Албанија, а нема две чисти што била и е призренската лига.
Него нејсе, музејот е музеј на албанската историја. Дека во музејот на град Скопје никој ништо не дозволил од албанската историја да биде поставено...иако таа албанска историја е дел и од македонската историја, дека тие албанци биле од Македонија, творци на македонско тло. Но...кој како си сака си ги гледа работите, си ги толкува времето тече, и колку за да постои кривец, албанците се криви...
Искрено...нека бидат криви, барем се остваруваат ветувањата.