Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 634
Музеј сред Скопје во чест на убиците на нашите другари, брака, татковци и сопрузи....
Ахмети утре ќе го отвори музејот на ОНА
Општина Чаир допрва ќе го легализира музејот иако граѓани веќе донирале униформи на ОНА, карти, старо оружје и други експонати од периодот на Призренската лига до конфликтот во 2001
Ветено - сторено: Изет Меџити и Али Ахмети пред куќата на Јашар-бег Кумбара во Скопје
На Денот на албанското знаме, утре, лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе го отвори музејот на ОНА во реставрираната куќа на Јашар-бег Кумбара во Скопје. Музејот ќе биде отворен со благослов од Управата за културно наследство, иако општина Чаир обновата на куќата на Кумбара, која е заштитен објект од културата ја изведе без одобрение.
Компромисот куќата на Кумбара да стане музеј на ОНА се случи по коалирањето на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ, иако претходно директорот на Управата Паско Кузман најжестоко се спротивставуваше и бараше чаирскиот градоначалник Изет Меџити да биде казнет бидејќи реставрацијата ја почнал без нивна дозвола.Општината допрва ќе го легализира музејот иако граѓани веќе донирале униформи на ОНА, карти, старо оружје и други експонати од периодот на Призренската лига до конфликтот во 2001 година.
- Сега сме коалиција и се договоривме. За нас е најважно што куќата на Кумбара ќе остане културно наследство на Македонија и оти со реставрацијата објектот мора да ја зачува автентичната форма. Ниту можеме ниту сакаме да ги спречиме куќата да стане музеј. Секој народ има право да го претстави своето културно наследство - вели Кузман.И Меџити потврди дека куќата на Кумбара ќе остане спомен-обележје и оти работат музејот да го стават во законска рамка.
- Треба да се одреди во која категорија ќе биде заштитен објектот. Елаборатот за музејот е изработен во Албанија, од академик Беќир Метај. Општина Чаир, секторот за урбанизам и Музејот на Македонија работат за да го приспособат елаборатот и Музејот на слободата да биде регистриран законски - вели Меџити.
Градоначалникот вели дека прават напор да ја купат куќата на Кумбара. Меџити вели дека општината има договор со сопственикот на куќата за нејзино десетгодишно користење. Тој вели оти сопственикот на куќата, кој живее во Швајцарија, за неа бара 350.000 евра, но не открива дали куќата ќе ја купи општината или ДУИ. Музејот на ОНА е предизборно ветување на Ахмети. Меџити вели дека Денот на албанското знаме партијата ќе го одбележи и со свечена академија во албанскиот театар, во Липково ќе биде откриен споменикот на Фадил Љимани - Командант Тигри, а вечерта во Скопје, Тирана и во Приштина во исто време ќе се одржат концерти.
ИНФО-Предизборно ветување
Музејот на ОНА е предизборно ветување на Ахмети. Елаборатот за музејот е изработен во Албанија, од академик Беќир Метај. Сега општина Чаир и нејзиниот сектор за урбанизам и Музејот на Македонија работат да го приспособат елаборатот заради легализација. Компромисот куќата на Кумбара да стане музеј на ОНА се случи по коалирањето на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ, иако претходно директорот на Управата Паско Кузман најжестоко се спротивставуваше и бараше чаирскиот градоначалник Изет Меџити да биде казнет бидејќи реставрацијата на куќата, која е културно наследството, ја почнал без нивна дозвола.