Кајгана психолог

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.662
Поени од реакции
34.109
ПА кој ти курац бе човече дојдов тука и го објаснив мојот проблем во ПСИХОЛОГ ТЕМА што треба да направам... леле будали...
Од енормноста на егото си закочен. Неможеш да ја видиш, пази клише, големата слика.
Да не излезе мерење курови во песок, не се обидувам да те деградирам, иако лично би преферирал да одев со недоквакан, туку се обидувам да ти ја визуализирам состојбата, фазата во која си закочен, која својствено е транзитна. Кој ти курац, будали, ГЛУПИ, горчливо-смешна фрустрација е својствено за слаткар-нафурани тинејџери кои мислат дека цеw woзов сweт се врти околу нив. Па и ароганција. Ти не си арогантен, ти си во обид за ароганција. Уште си го немаш дефинирано поимот, па одтаму ќе сфатиш немаш едноставно авторитет да си арогантен. И не, да не се лажеме, рака на срце, ти не бараш помош во темата, туку едноставно его-буст. Failing that, се обрати кон правилата и нормите на истата. Ти дете не си сигурен. И имаш пред себе уште неколку трошење на тастатури пред да спознаеш дека неможеш овде да играш на the fastest gun in the west картата. Тажно е што ќе научиш на потешкиот начин. OMG со клишеава.
И не судам, вродена потреба е вреднување, оценување и критикување. Во самата суштина на човекот е, само одвреме-навреме си играме со улогите, hence јас како педагошки фактор. Што е смешно. Димензионирај си ја оваа... хиперкативност, дека ќе ти треба. Кога ќе го надминеш ова, ќе ти треба енергијата, дека понатаму во животот се` се сведува на активност меѓу пасивните.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Немам никаква намера да го бранам Nuke, ниту ме интересира колку IQ има и дали е најпаметен или не, ама..
Зачуден сум и лут што сите трипате и му се сипавте ко на најголем грешник, само затоа што рече "Мислам дека сум попаметен од другите", иако и сам си призна дека е арогантен и дека не е сигурен во тоа. А што ако е? Како заклучивте дека не е? Побара совет, доби куп плукање и омаловажување. Можевте многу повоздржано да одговорите (ако воопшто моравте), ама изгледа овде секој форумџија пати од комплекс на супериорност, не само Nuke (како што тврдите). Глава сечам дека и сам Ајнштајн да ви пишеше, ќе го напраевте од гомно подоле.
Изгледа омаложувањето и плукањето добиле други дефиниции во 2011. Јас не видов никој да го плука дечкото,напротив сите се обидуваме да сфатиме во кој филм е влезен и се обидуваме да го изнесеме. Е сега има психијатри и психолози стручни за тоа и не има нас обичните смртници кој се обидуваме да му укажеме дека животот е суров. Незнам какви зборови треба да се употребат за некој да не се навреди,но сигурно нема да му цртаме ружи. Прво никаде од неговите постови до сега не сфативме дека е нешто натпросечно интелегентен (и во отворените теми) ниту пак со оваа тема добиваме такво сознание. Бара помош и се лути од одговорите. Мене ме асоцира на човек кој никогаш не бил во „машина“ и редно време е да влезе. Тоа не е минус,напротив е голем плус. Како ти се подбиваш со останатите „глупи“ така и ти седнуваш на жешкото столче. Јас навистина би сакала Нуке да ми е пријател во живо и еве овде јавно го поканувам на кафе:smir:
 
Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
ПА кој ти курац бе човече дојдов тука и го објаснив мојот проблем во ПСИХОЛОГ ТЕМА што треба да направам... леле будали...
Ако не ти смета да ти ја кажам мојта сторија со решавање IQ тест.На еден ми покажа IQ 180 .На друг 120.На трет 160.На четврт 100.Ај сеа колку IQ имам јас?Пошо гледам и ти си решавал онлајн тест....па да те симнам малку на земја.
I'm sereous,не те зезам.Пошо онлајн тестовите не покажуват валидни резултати.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
975
Поени од реакции
1.890
За бил гејтс немам појма- А за Анштајн имав некаде читано дека имал 200+ (btw дали сваќаш - јас милсам дека коефициентот на IQто не е битен...) а пак да се вратам.. велиш ајнштајн толку бил гејтс онолку.. штознам зошто мислиш дека јас не сум толку интелигентен ??? (како и да е знам дека не сум, но знам дека сум ипак подобар од тебе- ако не ќе сватеше дека.. како прво незнаеш точно со кој разговараш и како второ дека бројката на IQ на анштајн спрема мојата е мерена по иста скала, а и на бил гејтс... дали ти се запраша каде тие се тестирани? Според која скала? Според кои правила и кој тест??
Еве ти си класичен пример за кој велам глуп човек и не нема да ти заќутам се додека не ме фато мрза - а кај и да е ќе легнувам...

Инаку во право си за едно.. неможев да ти одолеам

--- надополнето ---

Само да ти кажам не дека неможеш да размислуваш туку крајно ме провоцира начинот на кој донесуваш одлуки... зошто некој не би можел да има IQ од 170 или 160 или 200 на кајгана?
Еве затоа те нареков глуп - Немој ти се молам не биди конзервативец.. имај отворен ум и анализирај ги проблемите за твое добро...
И се извинувам :S :S :S... за тоа што те нареков ко што нетреба - аууу мене ми нема спас :S
Свесен ли си само што напиша? Во која моја реченица пронајде дека сум рекол дека немаш високо IQ, или барем онолку високо како она на Ајнштајн? Мерени ви се IQто по иста скала? Се сомневам дека Ајнштајн го правел овој тест за да си го одреди IQто.
Секако дека луѓе од кајгана имаат високи IQ. Еве сега ти кажувам - ти немаш. Плукај по мене колку сакаш.
Очекуваш да ти верувам после ниските испади, плукање по секој кој ќе ти даде критика или најискрен совет? Зошто воопшто го изнесе „твојот проблем“ на кајгана? Да побараш помош и совет, или на секого инает да водиш? Или да покажеш дека си супер интелигентен?
Примени ги советите кои мене ми ги даваш. Ако некој ти даде критика, анализирај ја, види дали е со добра или лоша намера испратена, па потоа реагирај. 99% од кажаното на кајгана упатено спрема тебе беше се со најдобра намера, додека не почна на секого да водиш инает.
Внимавај малку, овој пат ќе ти прогледам низ прсти што ме нарече глуп. Нареден пат внимавај. За крајново сум крајно сериозен.
 
GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
Ти само патиш од преголемо его. Твоето ЈАС е поголемо и од Ајфеловата кула или бившите кули-близначки. Среди си го тоа и ќе видиш како наеднаш другарите ќе ти бидат доволно интелегентни, во спротивно можеш да останеш сам, да го мразиш светот дека не е доволно интелегентен за да ти би живеел во него или пак, можеш да почнеш да бараш високо интелегентни суштества надвор од планетава. Пристапот твој другарите е повеќе од лош, да не речам мизерен. Да сум бил на нивно место, досега 10 пати ќе ги прекинев сите контакти како тебе. Ако не се смениш у скоро време ќе останеш сам, без пријатели, без девојка, а верувај тоа е најлошото нешто што може да му се случи на еден човек.
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
ПА кој ти курац бе човече дојдов тука и го објаснив мојот проблем во ПСИХОЛОГ ТЕМА што треба да направам... леле будали...
Oва, будала само од инает го напиша или навистина го мислиш тоа?:icon_roll
Имав речиси секојдневни случки со такви како тебе кои мислаат дека се многу попаметни од другите ама верувај оние кои си кутаат и не спагаат во конфликти се многу попаметни.Како да се изразам подобро,и траат и прават.
Имав другар кој се однесуваше исто како тебе,тој се ставаше секогаш над другите и мислеше дека ке заврши машински факултет ама сега си вози такси низ мало градче или е некаде по Америка да работи..А што работи?кој го знае..ама битно не е тоа што се мислеше.
Не е важно колку имаш висока интелигенција,важно е како се однесуваш а тоа твое однесување иритира секого околу тебе.Не можат да го кажат тоа во лице,зошто се сигурни дека ке им плеснеш во лице една од твоите навреди.
Биди сигурен дека не си премногу паметен,зошто можеби има некој што е повеке паметен од тебе но кути и си тера сеир од страна.
 
П

Пепси_

Гостин
Ти само патиш од преголемо его. Твоето ЈАС е поголемо и од Ајфеловата кула или бившите кули-близначки. Среди си го тоа и ќе видиш како наеднаш другарите ќе ти бидат доволно интелегентни, во спротивно можеш да останеш сам, да го мразиш светот дека не е доволно интелегентен за да ти би живеел во него или пак, можеш да почнеш да бараш високо интелегентни суштества надвор од планетава. Пристапот твој другарите е повеќе од лош, да не речам мизерен. Да сум бил на нивно место, досега 10 пати ќе ги прекинев сите контакти како тебе. Ако не се смениш у скоро време ќе останеш сам, без пријатели, без девојка, а верувај тоа е најлошото нешто што може да му се случи на еден човек.
Па подобро со 2-3 пријатели/другари од колку со 10 и кога ќе седнеш на кафе да те лаже дека си убав и да зборува едно пред тебе а после да те плука кај други. Ова јас ти го кажувам оти веќе го видов во лице тоа "најлошото" што го кажа ти. И тешко е,ама не им одговараше вистината па ме шутнаа. Сеа работите ги гледам на друг начин за разлика од тогаш, бев ограничен.... сеа знам дека не биле само они на овој свет и искрено не ми е гајле што имам 3 другари ама искрени.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.717
Поени од реакции
13.431
Пепси па и другите, има начини како се кажува вистината без притоа да ги повредиш тие со кои сакаш да бидеш пријател.

Инаку Nuke, твојот „проблем“ е што си убеден во себе. Искрено не е лошо некогаш да си убеден. Но јеботе во овој случај не си у право. Ти, кажуваш дека имаш проблем, бараш помош, (сакаш да промениш нешто) а притоа ги замолкнуваш сите совети што не ти одат во прилог. На крај краева ако никој не може да ти помогне, помогни си сам.
Една изрека за крај: Паметниот попушта. Глупиот се сили.
 
P

Peaceful Anger

Гостин
ПА кој ти курац бе човече дојдов тука и го објаснив мојот проблем во ПСИХОЛОГ ТЕМА што треба да направам... леле будали...
Не верувам дека твојот проблем е тоа дека си арогантен и им се праиш најпаметен на другите, туку тоа е само одбранбен механизам за друг проблем... Можеби за некои работи шо ги немаш или нз некоја фрустрација... Ти можеш да почнеш да сфаќаш дека најсмешните работи се толку глупи шо не тераат да се смееме, и ако се глупи пак ни е пријатно кога се смееме... и само опушти се и уживај кога си со луѓе бидејќи кога си опуштен си поминуваш најдобро
 
Член од
9 март 2009
Мислења
212
Поени од реакции
24
Зошто толку негативно испровоцирано се изразувам кон вас?
Затоа што донесувате заклучоци без никаква основа
-Не сум излегувал (4 ѕида и слично) НЕ Е ТОЧНО
-Не сум се дружел НЕ Е ТОЧНо имам 3 многу добри другари онака верни (15 добри пријатели) над 200 познаници (можеби и повеќе) и околу 50 контакти од работа.. + роднини и сл.
-Фати си девјка- имам девојка!
-Немаш високо IQ - ОК и да немам... нема врска вие се загнавте кон бројката на IQ а не кон мојот проблем
-Ќе изгубиш пријатели - затоа и пишав тука...

Spell Caster да те прашам...
Зошто како прво кажуваш дека бил гејтс и ајнштајн имаат толкаво IQ??? Сигурно имаш некоја поента, па сигурно ова секој ќе го свати дека сакаш да кажеш... "Чекај бе малку кај се залета тоа само ајнштајн и гејтс го можат"... Од таму ти кажувам да имаш отворен ум...
Зошто како прво ја споредуваш мојата бројка а спонуваш дека ајнштајн. гејтс и велејки дека двајцата имаат високо IQ... кога подоцна тврдиш дека IQ тестовите не се оценувани според истата скала???... тогаш бројчето е релативно нели??Па дури и по мојата скала каде што јас го решавав тестот! По која причина ти ги наведуваш гејтс и анштајн во споредба со мене?
Еве затоа дојде зборчето глуп..

Лендра.. како прво навреда е асумирањето дека јас седам во 4 ѕида, дека јас се лажам (сам се лажам) и не сум по интелигентен кога го знам и сум сигурен во тоа (еве ти и сега пример со моите коментари со Spell Caster) ако можеш да сватиш каде тој ја прави грешката во муабетот... само пример..
За на кафе.. баш моментално сум во Скопје (и ти си во СК)? Прво ќе те натерам да ми се извиниш за четирите ѕида а потоа те честам кафе ;)... само да видам ако не излезе нешто по работа да не ми остане време (моментално сум на ручек) ......
РубинРед
Верувам дека има голема разлика помеѓу твојот другар и мене.. никогаш не се споредува личност на тој начин..
И имај на ум дека јас реков по интелигентен а НЕ попаметен! Има разлика...

И ВИ ВЕЛАМ! Навистина добар совет даде Оревче па ви се молам да ја прекинеме темата бидејки јас не коегзистирам добро со луге кои носат заклучоци со мене без да знаат... требаше да ме прашате прво дали јас се дружам дали јас имам ова или она како јас и зошто јас го мислам истово... баш како што Наутибајнејчер изјави требаше попаметно- но овдека јас добив осудувања без никакво поранешни информации за мене од вистинскиот живот а виде заклучивте дека сум таков и таков..

Затоа јас ја преќинувам кајгана терапијата овде :) :) Благодарам на сите а најмногу на Оревче! Also писфул енгр... добар совет само што ова е тешко да се контролира хах..
 
Член од
28 март 2011
Мислења
20
Поени од реакции
6
Инаку јас сум искулирен, овие срања се дешаваат само кога и само кога некој пробува да шири дезинформации иако тој мисли дека се точни или некој вели дека сум грешка кога сум 100% сигурен дека е така.. и сепак ги прашувам кажи ми каде сум грешка и ок нема проблем и јас грешам.. но најчестиот одговор кој го добивам е нелогичен и непоткован.. а на крај ако крајно ме испровоцира му кажувам ти си глуп или глуперда..
Ама ете твојот совет би можело да ми помогне, навистина.. на крај крајот, ако тој неможе да свати тогаш би се ставил во негова кожа и ќе разберам дека сум во право (иако грешка во реалноста) но сепак! и тие се бораат за истата цел.. за да докажат дека се во право во тоа што веруваат.. хаха БРАВОС ова беше генијално!

едит: ова може да биде утеха за мене-

не е баш ти тоа што ми кажа но тоа го извлеков од твоето мислење :) thx again!
Пријателе луѓето се трудат да ти помогнат, а ти повторно се правиш паметен добро некој и лечат комплекси... х) и јас го имав истиот проблем интелегенцијата е релативно нешто хех а ти заради тоа цел живот ќе патиш треба да разбереш дека сите сме глупи и сите сме стрејт, цела поента е во попуштањето и приврзувањто, премногу си приврзан за интелегенцијата и баш тоа ти создава на некој начин болка, а ако мислиш дека си толку интелегент канализирај ја некако таа твоја интелегенција сите да добиеме потврда и корист од неа, сега излегува и дека си и себичен и самобиндисан, ако си расчистил со себе ниту едно нивно размислување нема да ти причинува никаква нервоза.
 
Точно де некаде... работата е што јас сум свесен за мојата мана но интелигенција и само контрола не е иста работа за жал.. затоа побарав совет тука.. благодарам на коментарот
 
А кој треба да ти каже да се контролираш, зброуваме за самоконтрола .... јас? Милион пати да ти го повторам истото нема да ме разбереш, треба сам да дојдеш до заклучокот со помош на срањата што допрва треба да ти се случуваат и интелегенцијата што тврдиш дека ја поседуваш за да биде самоконтрола, а тебе те контролира нивната "глупавост" на некој начин.

--- надополнето ---

Од енормноста на егото си закочен. Неможеш да ја видиш, пази клише, големата слика.
Да не излезе мерење курови во песок, не се обидувам да те деградирам, иако лично би преферирал да одев со недоквакан, туку се обидувам да ти ја визуализирам состојбата, фазата во која си закочен, која својствено е транзитна. Кој ти курац, будали, ГЛУПИ, горчливо-смешна фрустрација е својствено за слаткар-нафурани тинејџери кои мислат дека цеw woзов сweт се врти околу нив. Па и ароганција. Ти не си арогантен, ти си во обид за ароганција. Уште си го немаш дефинирано поимот, па одтаму ќе сфатиш немаш едноставно авторитет да си арогантен. И не, да не се лажеме, рака на срце, ти не бараш помош во темата, туку едноставно его-буст. Failing that, се обрати кон правилата и нормите на истата. Ти дете не си сигурен. И имаш пред себе уште неколку трошење на тастатури пред да спознаеш дека неможеш овде да играш на the fastest gun in the west картата. Тажно е што ќе научиш на потешкиот начин. OMG со клишеава.
И не судам, вродена потреба е вреднување, оценување и критикување. Во самата суштина на човекот е, само одвреме-навреме си играме со улогите, hence јас како педагошки фактор. Што е смешно. Димензионирај си ја оваа... хиперкативност, дека ќе ти треба. Кога ќе го надминеш ова, ќе ти треба енергијата, дека понатаму во животот се` се сведува на активност меѓу пасивните.
Хахахахаха ако те разбера нешто детто јас ја... хаха али верувам дека тава ќе му помогне во неговиот пат на просветлувањето.
 
Член од
9 март 2009
Мислења
212
Поени од реакции
24
А кој треба да ти каже да се контролираш, зброуваме за самоконтрола .... јас? Милион пати да ти го повторам истото нема да ме разбереш, треба сам да дојдеш до заклучокот со помош на срањата што допрва треба да ти се случуваат и интелегенцијата што тврдиш дека ја поседуваш за да биде самоконтрола, а тебе те контролира нивната "глупавост" на некој начин.
Начин на кој успева самоконтролата јас знам дека треба да се самоконтролирам но како? Затоа прашав порано некаде.. како јас да направам да не ме провоцира глупавоста на другите...
 
Член од
13 мај 2010
Мислења
569
Поени од реакции
437
Најдобар начин за да престанеш да реагираш на (како што ти ја нарекуваш) „глупавоста на другите“ е да увидиш дека повеќето и не се навистина глупави, туку така ти си ги замислуваш. Научи се да се помириш со тоа дека не размислуваат сите исто како тебе бидејќи сите ние имаме различни искуства и дека не си ти тој кој апсолутно секогаш е во право. А и самиот знаеш дека често пати се наоѓаме во дискусии во кои не постои право или „криво“ решение/мислење, туку е релативно или пак неможеме сеуште да пресудиме бидејќи сме премногу ограничени.

Обиди се да не ги потценуваш, ниту пак преценуваш луѓето. Истото се однесува и на тебе. Пробај да Слушаш, Разбираш и Почитуваш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom