Филозофка
Amelie Poulain
- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 1.680
- Поени од реакции
- 525
Така ти се чини зашто општо земено луѓето стануваат се поповршни како што одминува времето, безцелни трач муабети, анализирања на надворешни физикуси, види и гс на оваа,види и цицка на онаа, ме разбираш, дремење на Фб,не дека од секогаш не било овака, факт е дека луѓето се повеќе време минат на комјутер каде што читаат некој кратки бриф статии анализи на божемни научници, овие се кратки и едноставни, не навлегуваат во суштината во јадрото на било што, дали е тоа човековата психа или било која друга работа не е важно, се е површно кратко едноставно, пери мозок, лесно за проголтување, затоа така ти се чинат и луѓето,прости едноставни, можеш да им ја предвидиш секоја реакција, па дури и зборовите и речениците што им излегуваат од уста, но сепак и од најпростиот човек можеш да научиш многу повеќе од било кој друг, во моментите кога сум мислела дека сум најпаметна излегло дека всушност сум најглупа, ароганцијата е ѓаволска работа! Избори се против тоа, искорни ја од себе и научи да ги слушаш луѓето... не си најпаметен
--- надополнето ---
PS: само да се дополнам,имаш чувство дека се е веч видено, нема повеќе мистерија, се е отворено максимално, нема мислење на некоја личност фантазирање, луѓето целиот свој прљав веш го изнесуваат на тацна јавно, се губи целата мистика, романтика..за секое прашање постои одговор, се е веќе познато, видено, искусено, ништо неможе да те изненади, тоа е интернетот, луѓето повеќе не вложуваат во своите мозоци туку во своите бицепси и трицепси, наместо во книжара одат во тератана, ретко се наоѓа друштво што би те инспирирало, нема уметност во говорот, речениците се прости, ја нема онаа игра на зборови и мисли, да земеш да толкуваш нечија реченица, симболизам на говорот, барем јас така чувствувам, се што сакаш се кажува јасно, отворено, без никаква скриена порака, значење...и само да те советувам ако некое друштво не ти се допаѓа и ти делува просто и лесно сварливо избегнувај го, подобро сам со себе,одколку во лошо друштво...