Не ми е јасно како оди процесот со одбирање работна понуда во НАРОМ. Како што гледам неможам јас самиот да си одберам конкретна понуда по моја желба, туку треба да пополнам апликација и врз основа на внесените подотоци во апликацијата ми се доделува работна понуда.
Во апликацијата треба да се внесе
област во која би сакал да работиш пр.
Kitchen help, Housekeeping и тн. и
локација каде би сакал да работиш пр.
Eastern Ocean Resorts, Midwestern Resorts и тн.
Еве ја апликацијата што треба да се пополни:
http://ki.digimak.com/~naromtravel/downloads/work-job-placement-application.pdf
Дали ова е вака во секоја агенција или само во НАРОМ? Навистина е глупо врз основа на овие информации да ми се додели работа.
Колку што знам во Viking самиот си одбираш понуда, си прашуваш дали е слободна или не, ако е слободна си ја земаш таа и притоа пред да ја одбереш, имаш информации за тоа:
Што ќе работиш? Во кој град? Колку ќе ти биде дневница? Колку пари ќе биде сместувањето? и тн.
А како што гледам во НАРОМ добиваш работа на невидено! Што ако ја добијам работата што ја сакам еве на пр. Housekeeper, а сместувањето кошта $300 неделно (ова е само пример). Се надевам ме сваќате што сакам да кажам.
Можеби грешам, незнам, но ова ќе ми биде прво одење во USA и некои работи не ми се јасни.
--- надополнето ---
Планирам преку НАРОМ да одам, а работна понуда нема сеуште избрано, понеделник или вторник треба однесам документи (т.е да аплицирам), па најверојатно тогаш ќе има и работна понуда. Но мене не ми е јасен начинот на избирање работна понуда преку НАРОМ.
Инаку би избрал некоја работа каде што би имало помалку комуникација, пр. да мијам садови, housekeeper и тн. Не дека сум тапа со англискиот, но прв пат оваа година ќе одам и затоа сакам некоја работна со помалку стресни ситуации.
Сепак за некој кој прв пат оди во USA, а воедно и не е многу сигурен во својот Англиски, не е пожелно некоја работа како касиер и сл. каде што постојано треба да комуницираш со клиенти.