Најдобриот фудбалер во светот

  • Креатор на темата Креатор на темата ЧЕНТО
  • Време на започнување Време на започнување

Кој според вас е најдобриот фудбалер во моментов???

  • Кристијано Роналдо

    Гласови: 47 36,4%
  • Лионел Меси

    Гласови: 45 34,9%
  • Кака

    Гласови: 16 12,4%
  • Франк Рибери

    Гласови: 8 6,2%
  • Цеск Фабрегас

    Гласови: 7 5,4%
  • Фернандо Торес

    Гласови: 6 4,7%

  • Вкупно гласачи
    129
Статус
Затворена за нови мислења.
Роналдо освои свашта со Манчестер така се знае дека он ќе победи, али релано гледано Меси е бољи играч од него, побрз, подобра техника, дриблинг итн. Али има време следна година ке земе
 
Незаслужено според мене,Меси е најдобриот играч во светот,К.Роналдо ја доби оваа награда само затоа што глупиот Тери се лизна и промаши пенал во финалето на ЛШ, да не освоеше Манчестер ЛШ тешко дека овој фудбалер ке беше избран за најдобар.....Значи после Канаваро ова е вториот фудбалер кој незаслужено е прогласен за најдобар во Светот! :toe:
Кажи ми зашто Меси да биде најдобар?! По што да биде запаметен оваа сезона? По тоа што стана Аргентина стана олимписки шампион?
Некој кажа, Меси вкупно во сите сезони има помалку голови дадено, отколку Роналдо само во оваа година.
Ем Роналдо со Манчестер освои и Премиерлига и ЛШ, даде 42 гола во една сезона, а Меси?
Разбирам дека си фан на Барса, ама ај образложи зашто мислиш дека Меси е најдобар, баш ме интересира. Затоа што е стаклен?

edit: Ау и Волкот и Ван Перси подобри од Роналдо.. ова не го знаев, не сум знаел дека имаме вакви големи експерти на форумов.
Абе сите се подобри од Роналдо, ОК, ајде нека го докажат тоа на теренот. ;)
 
Добро стварно што е причината па не признавате кој ја заслужил наградата?Роналдо лани растури во секој поглед...дриблинзи,голови а да не збореме како ги даде...освои се што е можно со Манчестер премиер лига лига на шампиони и светскиот фудбалски куп наспрема Меси со колку голови?на прсти можеа да се изберат,пола сезона беше повреден и трето место со Барселона и само олимпијадата со Пекинг...ако стварно мислете дека само со тоа ја заслужил далеку ке стигнете...
 
Знаев дека Роналдо ке ја освои оваа година наградата уште лани кога на Кака му ја дадоа
Искрено за дриблинзите и прецизниот шут ми се восхитувам

Меси е одличен но сепак има нешто што му фали за да биде н а ј д о б а р
Кака заради повредата не се покажа најдобро
колку и да го мразам Кристиано Роналдо морам да признам
далеку подобар е од сите 5 номинирани вечерва:smir:
 
Годинава најзаслужено доделување на наградата после таа што му ја доделија на бразилецот Роналдо кага играше за Барселона. Сите други доделувања од поновата историја кои ги имам гледано беа гола вода.
 
Заслужено е колку и да сакаме да трубиме сега и јас не го сакам ич ама си направи успех вака или така направи подвиг и дојде до титулата најдобар играч едноставно за сите што не сметате така разделете фудбал од понашање и ќе видете дека сум во право!
 
Ајде фотки:pipi:
ba12c17eb3cd9a2583458891550b32b2-getty-84090469jg029_fifa_world_pl.jpg




0f6ede1582610f8176ebd190f29f0e69-getty-84090469jg034_fifa_world_pl.jpg

capt.ddd3fdb509bc461685730e82596ab325.switzerland_soccer_fifa_gala__zur320.jpg

capt.a21d1648d5604af29fc6db3c58cb57a8.switzerland_soccer_fifa_gala__zur312.jpg



capt.9c03b688ca1d4a019ef2bb4f2afe2d32.switzerland_soccer_fifa_gala__zur315.jpg

Браво и за девојкава:)
 
Заслужено си ја доби наградаат Роналдо.Џабе претходно имаше најави во медиумите дека Меси ќе биде изборот број 1 заради слабиот старт на Роналдо оваа сезона,се покажа кој е најдобар.:helou:
 
Јас не знам зошто упорно одите со главата во ѕид и велите дека Роналдо не си ја заслужил наградава и дека требало друг да ја земе. 2008 за Роналдо беше година каква што секој фудбалер би ја посакал. Англиска лига - освоена, ЛШ - освоена, Светски Куп - освоен заедно со мал милион друго помали и поголеми попратни награди + 42 гола. :toe:
Што освоија овие негови противници? Реклами од Адидас и Иго Бос парфеми? Педер, непедер, шминкер, фризер, Африм, ваков - таков, оставете си ги тие зборови за вас. Ако веќе толку се преокупирате со неговите out of field активности, што не спомнете колку пари има донирано во добротворни цели, Црвен Крст и др.? Факт е дека како фудбалер е одличен.

Честито Кристијано, да ти се множат, годинава до 52 да стигнеш :)
 
Роналдо јас не го сакам.
Ме нервира неговото однесување, но јас немам право да речам ниту еден лош збор за неговиот талент и неговото играње.
Роналдо е сепак најдобриот фудбалер цела 2008ма. Па и дел од 2007ма. Се надевам дека ќе продолжи со успесите :smir:

To e то за 2008ма А годинава сакам Торес да освои:pipi:
(фан сум на Торес :))
 
Јас не знам зошто упорно одите со главата во ѕид и велите дека Роналдо не си ја заслужил наградава и дека требало друг да ја земе. 2008 за Роналдо беше година каква што секој фудбалер би ја посакал. Англиска лига - освоена, ЛШ - освоена, Светски Куп - освоен заедно со мал милион друго помали и поголеми попратни награди + 42 гола. :toe:
Што освоија овие негови противници? Реклами од Адидас и Иго Бос парфеми? Педер, непедер, шминкер, фризер, Африм, ваков - таков, оставете си ги тие зборови за вас. Ако веќе толку се преокупирате со неговите out of field активности, што не спомнете колку пари има донирано во добротворни цели, Црвен Крст и др.? Факт е дека како фудбалер е одличен.

Честито Кристијано, да ти се множат, годинава до 52 да стигнеш :)


Би додала уште нешто на мојот пост, а ќе се обратам на сите вие што му се смеете на Роналдо дека плаче по секоја церемонија.

Солзите се начин преку кој поемотивните лица си ги искажуваат своите емоции. Не можат сите да бидат како Кими Раиконен и само да мафтаат лево десно по секоја победа. Роналдо можеби е поемотивен човек, од каде знаете дека позади таа машина за голови не се крие емотивно момче?
Како второ, избран е за најдобар фудбалер на светот. Вие како би реагирале на тоа? Тоа е нешто најдобро за еден фудбалер, врв на кариерата. Добивам заклучок дека смешни ви се и спортистите што плачат на ЛОИ кога ќе соборат рекорд или па ќе освојат злато. Можеби татко му му имал оставено некој аманет, му имал речено дека еден ден ќе биде најдобар фудбалер во светот, а во тој момент Кристијано се присетува на тоа. Не можеме никогаш да дознаеме. Спортист не се нарекува плачко само поради тоа што ги пушта солзите, плачковци се оние спортисти кои се служат со вербални дуели со другите преку новинарите, а на теренот ги нема никаде.

На Роналдо можеме само да му се восхитуваме, ништо друго. На тие години има повеќе награди од некој што ни до 70 да игра нема да ги освои.:smir:
 
Меси водеше до пред крај ама сепак :toe: нема да коментирам за победникот само ќе кажам одличен фудбалер со катастрофален карактер...а само незнам од каде Кака фаворит ви е :toe:
 
Меси водеше до пред крај ама сепак :toe: нема да коментирам за победникот само ќе кажам одличен фудбалер со катастрофален карактер...а само незнам од каде Кака фаворит ви е :toe:
Точно, одличен фудбалер, а овде ако не се лажам правиме муабет за фудбал нели, а не за психологија и педагогија. Затоа се нервирам што ломотат овде, и постојано постирам. За никој фудбалер не сум рекол, ваков е, таков е, освен кога играат против мојот клуб и во знак на нервоза ќе речам нешто, ама не отварам за него теми и постојано да го критикувам.
 
Еве статистика малце ја има постирано Vlatko_100 превземена од друг сајт.

Ronaldo`s Career Stats for 2008

CRISTIANO RONALDO 2007-2008
- 42 goals in 48 games.
- WIN Premier League (beat Chelsea)
- WIN Super-Cup of England (beat Chelsea)
- WIN UEFA Champions League (beat Chelsea)
- WIN FIFA Club World Championchip
- TOP Goalscorer in England
- TOP Goalscorer in UEFA Champions League
- TOP Goalscorer in EUROPE
- SCORED against 16 from 19 teams in Premier League and against 6 from 7 teams in Champions League
- SCORED goals with: Left-Right food,Head,Free kicks,Penalties,Chest and Bach heal.
- (just statistics) - RONALDO SCORED 42 Goals in last season - MESSI has scored 39 goals in all 4 Years BARCELONA CAREER 2004-2008.

"Да,Меси беше подобар од Роналдо"


 
Од вечерва тоа и официјално е Кристијано Роналдо.Се разбира сосема заслужено,не само по бројките и головите кои стојат зад неговото име,туку и за играта која што ја пружи изминатата сезона,а едноставно беше незадржлив.Иако повреден влезе во новата сезона,сепак по враќањето на терените се враќа во вистинската форма,а тоа го потврди и во дерби дуелот со Челзи,па се надевам дека приматот најдобар играч според ФИФА ќе го задржи и следната година.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom