ихххххххх,
од дома им така ги третираат, очекуваат и од мене, и од тебе, и од секој што би и се приближил
и за двајцата - го наведов тој период како показател за тоа дека и двајцата (и машкото и женското) се издржувани од своите родители (иако немора да значи дека тоа ќе престане и потоа)
Епа тука се разликуваме. Јас ќе ги третирам онака како што заслужиле, не осеќам ама баш никаква обврска да и бидам втор татко.
Ситуација од реалниот живот, мене лично.
1 и пол година врска, со девојка од постаро,богато семејство. Високи очекувања.
Но сето ова навидум. Зашто... она што не го гледаме е тоа внатре, родителите разведени, малата живее со таткото.
Мајка и воопшто не заинтересирана, живее одделно.
Татко и многу ретко поминува дома, и остава само пари и нека се снаоѓа како знае и умее.
Значи не и е совршен животот, може да плива на пари ама далеку од среќна е.
Јас од просечна фамилија, но затоа знам како е да се има домашна атмосфера и грижа од страна на родителите.
Мојот однос кон неа и достапноста на моите родители, да ја примаат дома во секое време, на ручек,вечера, да преспива, сето тоа прави да биде задоволна, среќна со мене.
Се сакаме, заедно одиме на одмор,првин јас посебно седам со друштво а потоа поминуваме 2 месеци во нејзината вила во Охрид. Делиме се', воопшто не станува муабет за пари.
Се разболува, посериозно, ситуацијата дома и катастрофална, татко и повеќе време поминува пијан по кафани отколку со неа. Мајка и безгласна, како да не постои.
И тука застанувам, нема потреба да заоѓам. Поентата ми е да не се обесхрабрувате, да не се потценувате.
Доколку девојката вреди и сакате нешто, смело напред.