Има повеќе пари од мене, не сум достоен за неа

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
457
Абе пофраер си за пофраер, али прашањето е дали би тргнал ти/ја као клошарана по некоја која што шета со кабриолет низ град?

Сакале или не да признаеме, кај нас има класно раздвојување.
Да, би си пробал среќата. Зошто да не? Што па можеш да изгубиш? НИШТО:)
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Проблемот кој мже да се јави немора да е кај машкото, ако дечкото нема комплекс за тоа дека нема да се чувствува како да се во врска ако не ја части редовно и ако не е некој „спонзоруш“, тогаш можноста за таква врска зависи од девојката. Имено таа со повеќе пари е научена од мала да живее на таканаречена повисока нога, животен стил кој дечкото поради неговата финансиска состојба неможе баш да си го пружи. Ако девојката е спремна да биде флексибилна и да воглавно откаже од тој стил на живот барем додека не се осамостојат и не видат финансиски каде заедно ќе стигнат, не гледам проблем во врската. АМА од повеќе различни искуства можам да кажам дека само мал процент од девојките се психички спремни ради врска да се симнат нешто пониско од тој живот на висока нога.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Аааа,да, ќе си го прашам(со извинение)...па што ако девојката има повеќе пари од машкото.И да има за неа си се.
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Знам дека не баравте женцко мислење, ама јас сепак морам да се вмешам, ко зачин во манџа:)
Не е до парите, ама некој погоре убаво кажа - ако девојката оди на сите забави, оди на викенди наваму - натаму, и на одмор во - лупам - Шпанија, не знам колку некој кој неделно двои 200 денари за искачање ќе може да ја следи со нејзиниот ритам на живот. Не е дека нема да може да отидат и плус во Дојран пет дена и да одат на кафе или да седат на клупа пред - после нејзините искаќања, ама не е исто.. Кај двајцата ќе има чувство дека не е нешто во ред. Сјебана работа се класите ама сепак постојат.
Не е невозможно, зависи и од карактерот на двајцата, ама е релативно тешко... Има девојки кои би се откажале од сите тие фенси журки и кафиња за да не прават да му е незгодно на дечкото... Има некои кои не би. Има дечковци на кои не би им било проблем да останат дома или да одат на пиво со другарите додека она е во Колосеум на журка, има некои за кои тоа ќе е кочница.
Така што нема генерално правило...

Мојот пример - сум била и со типци кои (ова условно збориме, зашто сите ги трошиме парите на нашите сега за сега, а не сум имала дечко кој сам си се издржува) имаат повеќе и со типци кои имаат помалку од мене. Потешко изводливо е во вториот случај, зошто не сум личност која би се откажала од плановите што си ги имам а изгледа и ми се погаѓаат и некои еготрип фаци за кои е проблем тоа што излегувам повеќе... Во првата варијанта енмаше некоја драстична разлика така што можев да го пратам со искачањата... Сепак најдобро ми искачаат оние врски кај што сме тука негде со средства, нема никакви натегања и можноста за социјален живот е иста...
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.376
Значи според муабетов правиш муабет не за врска туку за натпревар меѓу машко и женско, кој повеќе ќе истроши. И? Ебати таквата врска
Ако немам пари за одредена журка ќе и речам да не идеме, ќе најдеме боље место за нас двајца. Ко што кажав, ако и стало до тебе ќе направи се за тебе, а ако и стало до парите јебига.
Ова е она што го мислев да го кажам.. Значи нема благе везе „подлогата“ дека таа е од побогато семејство/многу повеќе заработува од тебе. Ако сака да биде со тебе ќе жртвува да биде со тебе. Сепак пореално е таа да биде со тебе во некоја прчвара него ти да бидеш со неа во некој ресторан Риц. Ако нема во љубовта компромис, нема љубов тогаш. И да.. случајно некаде прочитав типот треба да изиграва каваљер, да и` купува пијачки на дамата. Старомодно. Ок е некогаш но не цело време. Се покажува така дека по секоја цена сакаш да ја ќариш, што не е она вистинското (таа ќе те користи до сто едно и назад. Уф отидов у друга тема :kesa:.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Не ми потребале, и без ебан денар порано старите преживувале и гледале фамилии битно ми е да има љубов и да се сложуваме... парите ако ги сработиме ќе ги сработиме ако не здравје, битно ќе се имаме еден за друг секогаш и во секое време.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Не ми потребале, и без ебан денар порано старите преживувале и гледале фамилии битно ми е да има љубов и да се сложуваме... парите ако ги сработиме ќе ги сработиме ако не здравје, битно ќе се имаме еден за друг секогаш и во секое време.
Е затоа треба вистински човек покрај себе...а таков тешко се наоѓа, и уште потешко се задржува. п.с не за џабе рекле ќотекот од рајот излегол.:tv:
 

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Зошто да не, би пробал ако гледам дека таа ја сфаќа мојата ситуација. Јас би ја поддржал во нејзините планови сепак со граница, доколку имаат и смисла за мене, нормално да не заборавиме на машкото его. Сепак, класите прават да се осеќаме различни, а "недостоен" мислам дека не е правилниот термин, сепак сфаќаме за што се работи.
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.829
Поени од реакции
20.254
Пред се да викажам ме радува што размислувате на овој начин, и дека никој не му се битни парите.. Арно ама вистинската слика е друга, сите си бараат добро ситуирани партнери, и на никој (со чест за исклучоците) не би сакал да се прошета со некоја или некој кој не е на ист ранк и парајлиа ко него/неа, колку да се сакаме, колку и да има разбирање, ако не влегуваат во домот некоја сума пари со која можеш да си удоволиш основни работи за живот, по некое време почнуваат кавги, неблагосостојба, разочараност, тешко е во денешницава да се издржи без пари, затоа е и таков статусот каков што е , значи секој си бара прилика при себе, ретки се тие кои не им пречи, дал партнерот имал пари ил немал, доволно е да погледнеме околу и се ќе ни стане јасно, и еве едно прашање, од каде тогаш спонзоруши со лопата да ги ринеш? Ако им е битно на сите да се сакаат?
 

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Пиши пропало ако за пијачка е целата работа.

Постојат некои работи, во животов, каков таков, што не ги купуваат ниедни пари на светов. Една работа. И друга, постојат и луѓе, помалку или повеќе во правата смисла на зборот, што не се подготвени на таков вид компромис. Никогаш не ми се случило, да си дозволам да испуштам од раце човек, заради "кој ќе плаќа" проблемот. Двајцата, не глеам шо е тука нејасно. Вака или онака, не доаѓа предвид еден нон стоп, мислам, не знам од каде тоа. Џентлмен не е оној што плаќа, да се разбереме. Ни случајно. Виц на годината, па на секој ќош има разно разни фаци што може да ми платат било што. Као Енерџи типовине со ланци и бесни коли сите до еден се господа, и имале дома кој да ги научи што и како, и се пуни фини манири до небеса. Ма дај. Не е поентата таа, денес секој на секоја плаќа, ако е за тоа. Епа за сепаре и мартини ако се продадеш, свака част, шо да речам.

На сите материјалните работи ни причинуваат задоволство, факт е, та машки та женски. И кој рече не, лаже. АМА... Затоа постојат различни типови, и меѓу нас. Некој што не е плиток и ограничен, ќе знае дека материјалните нешта не причинуваат среќа на долги стази. И се сосема ирелевантна ствар, кога покрај тебе имаш нешто повредно од било кој шема кафич, журка или кола.
И на врв на Ајфелова кула да ми изјави љубов, и на клупа во парк, исто е. Или ете, и нека не е. Ама битниот елемент во реченицата не е, повторувам, не е локацијата. Само зависи, кој како гледа.

И без спонзорушите, не е таа темата. Спонзорството е софистицирана проституција.
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.829
Поени од реакции
20.254
Пиши пропало ако за пијачка е целата работа.

Постојат некои работи, во животов, каков таков, што не ги купуваат ниедни пари на светов. Една работа. И друга, постојат и луѓе, помалку или повеќе во правата смисла на зборот, што не се подготвени на таков вид компромис. Никогаш не ми се случило, да си дозволам да испуштам од раце човек, заради "кој ќе плаќа" проблемот. Двајцата, не глеам шо е тука нејасно. Вака или онака, не доаѓа предвид еден нон стоп, мислам, не знам од каде тоа. Џентлмен не е оној што плаќа, да се разбереме. Ни случајно. Виц на годината, па на секој ќош има разно разни фаци што може да ми платат било што. Као Енерџи типовине со ланци и бесни коли сите до еден се господа, и имале дома кој да ги научи што и како, и се пуни фини манири до небеса. Ма дај. Не е поентата таа, денес секој на секоја плаќа, ако е за тоа. Епа за сепаре и мартини ако се продадеш, свака част, шо да речам.

На сите материјалните работи ни причинуваат задоволство, факт е, та машки та женски. И кој рече не, лаже. АМА... Затоа постојат различни типови, и меѓу нас. Некој што не е плиток и ограничен, ќе знае дека материјалните нешта не причинуваат среќа на долги стази. И се сосема ирелевантна ствар, кога покрај тебе имаш нешто повредно од било кој шема кафич, журка или кола.
И на врв на Ајфелова кула да ми изјави љубов, и на клупа во парк, исто е. Или ете, и нека не е. Ама битниот елемент во реченицата не е, повторувам, не е локацијата. Само зависи, кој како гледа.

И без спонзорушите, не е таа темата. Спонзорството е софистицирана проституција.


Далеку од тоа сеа да ги пикам и овде, само чист пример дадов, дека не е се така розово и дека не се врти се во тоа да искочиш у град да частиш некому или некоја пијачка, има други норми во животот, со кој голем дел од вас сеуште не се запознаени, е кога ќе влезете во тој круг друг муабет ќе се врти на темава.
 
Член од
4 август 2008
Мислења
243
Поени од реакции
8
ako te saka, zenskata ke te casti i ke i bide zadovolstvo da go pravi toa...ali za uzvrat treba da i vratis so ljubov. znaci i ti da ja sakas ( da ne recam dobar sex hehe) i dr. raboti - posovanje, vernost, posvetenost itn... :)

ps. i ako te saka, ke znae deka nemas pari za na pr. nekoja zurka i samata ke ti kaze da ne otide tuku da odite negde kade sto ke moze so malku ili bez pari ubavo da si pominete, neli? Ako i e do parite, nema voopsto da me interesira, taka da vrskata ke trae hmmm...2-3 saati? :)
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Има девојки кои се подобро ситуирани но не значи дека тие сакаат фенси журки, дека бараат постојано да бидат шетани, сакаат скапи одмори ... значи се е до карактерот на девојката. Има девојки кои се сосема пристојни и парите не им значат. Дури помалку ситуираните мислам дека се оние кои бараат да партнерот ги финансира и кои се потешки за издржување.
Се е до карактерот на девојката.

Ако девојката е во подобра финансиска состојба од момчето но навистина постои љубов меѓу нив сметам дека тоа не е битно. Ќе искачаат, ќе шетаат, ќе одат на одмори колку се во состојба заедно и со компромис. Се е можно ако се сака. Не зборам дека девојката ќе плаќа, него едноставно може секој своето да си го плати. Не сметам дека ако некој има девојка дека мора да ја части. Значи тука е и до машкото зависи од неговиот карактер. Ако се има компромиси и има вистинска љубов ќе се договорат партнерите.
А може и посиромашна девојка да има поголеми барања од побогата девојка. Се е до карактер.
Но сепак потешко машко се осудува да го направи првиот чекор на побогата девојка сметајќи дека не е на нејзино рамниште и дека ќе биде одбиен. Во Македонија не се ни изразени премногу класите, но сепак постојат.
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Пиши пропало ако за пијачка е целата работа.

Секој си ја плаќа пијачката, прашањето е која пијачка и колку за неа,...
Ако јас сакам да седнам во кафич и да испијам едно - две пива, а тој во маало на клупи со пластични дволитарки, кој ќе е компромисот?
Или јас ќе треба да ѕемнам во зима на клупа „во името на љубовта“ или тој да почне да краде за да си плати пијачка, пак „во името на љубовта“. Тоа всушност и не е компромис, откажување е... Нормално, премногу се силни двете опции кои ги дадов, ама на крај на тоа се сведува... Огромните разлики тешко се надминуваат, во кој и да е поглед, а финансиите се битен фактор кој повлекува еден куп други работи.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Абе ја отеравте темава у пичку матер. Темава е дали машките би тргнале да бркаат женска која е трипати побогата од нив?

Остајте пијачки, дали би тргнале или само би ја гледале од страна колку е таа, убава и богата а толку ви прави мерак.

Ја би се помислил двапати, заоа што тие богатите прво се дружат меѓу себе не би имал прилика да дојдам да и предложам било што.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom