Пиши пропало ако за пијачка е целата работа.
Постојат некои работи, во животов, каков таков, што не ги купуваат ниедни пари на светов. Една работа. И друга, постојат и луѓе, помалку или повеќе во правата смисла на зборот, што не се подготвени на таков вид компромис. Никогаш не ми се случило, да си дозволам да испуштам од раце човек, заради "кој ќе плаќа" проблемот. Двајцата, не глеам шо е тука нејасно. Вака или онака, не доаѓа предвид еден нон стоп, мислам, не знам од каде тоа. Џентлмен не е оној што плаќа, да се разбереме. Ни случајно. Виц на годината, па на секој ќош има разно разни фаци што може да ми платат било што. Као Енерџи типовине со ланци и бесни коли сите до еден се господа, и имале дома кој да ги научи што и како, и се пуни фини манири до небеса. Ма дај. Не е поентата таа, денес секој на секоја плаќа, ако е за тоа. Епа за сепаре и мартини ако се продадеш, свака част, шо да речам.
На сите материјалните работи ни причинуваат задоволство, факт е, та машки та женски. И кој рече не, лаже. АМА... Затоа постојат различни типови, и меѓу нас. Некој што не е плиток и ограничен, ќе знае дека материјалните нешта не причинуваат среќа на долги стази. И се сосема ирелевантна ствар, кога покрај тебе имаш нешто повредно од било кој шема кафич, журка или кола.
И на врв на Ајфелова кула да ми изјави љубов, и на клупа во парк, исто е. Или ете, и нека не е. Ама битниот елемент во реченицата не е, повторувам, не е локацијата. Само зависи, кој како гледа.
И без спонзорушите, не е таа темата. Спонзорството е софистицирана проституција.