Вака сега.
Иако начин на обраќање не заслужува никаков одговор, во име на вистината сепак ќе се потрудам да ти одговорам.
Прво би ти ја исполнил твојата желба за доказ на твоето лицемерие, и слепо бранење на ставовите на Груевски.
Како доказ ќе искористам една друга тема, во која упорно се трудиш да испереш една несреќна изјава на Груевски.
Изјавата на Груевски во доцнавечерното шоу на Миленко:
"Ние сме мешавина на сите народи што живееле тука"
Еве линк од темата во која ти од петни жили се трудиш да го поравдаш она што го рекол Никола.
Да разјасниме.
Во пуста желба да го одбраниш Никола, го браниш ставот на Дора Бакојани, кој вели дека никој нема ексклузивитет врз терминот Македонија и Македонски.
Еве линк од изјавата на Бакојани.
За да после некое време се вратиш на првобитниот став и ја критикуваш точка 8 од последниот предлог на Нимиц, во кој стои дека ниедна од засегнатите страни, нема ексклузивно право на употреба врз терминот Македонски.
И затоа те прашувам.
Како ти мислиш да го одбраниш ставот за ексклузивитет врз терминот Македонски, доколку пред тоа си бранел став кој вели дека Македонците се мешавина од сите народи кои живееле и поминале на ова парче земја, и имајќи во предвид дека голем дел од грците кои живејат во егејскиот дел од Македонија, тврдат дека токму тие се единствени наследници Александар Македонски.
Накратко.
Грците тврдат тие се единствени наследници на Александар Македонски.
Никола и Братот тврдат дека ние сме мешавина од народи кои живееле тука, а при тоа барат ексклузивитет на се што е Македонско.
Нон сенс, и доказ за твоето слепо бранење на се што ќе излезе од устата на Премиерот.
Партиско толкување? :pos2:
Објасни ми, како е можно Словенија да е примена во ООН на 22 мај 1992 година?
Каде бевме ние и зашто чекавме дури до јули-август за да поднесеме апликација?
Хахаха.. Објасни ми ти како е можно Словенија да е денес во Европска Унија, а Македонија надвор. Дали тоа значи дека дпмне не држи надвор од ЕУ и НАТО, бидејќи сака да не припои кон Бугарија.
Мислам дека сосема е несериозно од една страна во една наша дискусија пред неколку месеци, да тврдиш дека грците од почетокот на осумдесеттите имале план за уништување на Македонија, а сега да тврдиш дека Македонија можела сево ова да го избегне доколку била побрза во поднесувањето на апликацијата во ОН, а притоа добро да знаеш дека доколку Македонија станеше независна држава и аплицираше за во ОН и десет години пред тоа, ќе се соочеше со истиот проблем како во 1993-та.
Ама тоа е дел од твојата пропаганда на форумов за дискриминација на политичките противници на ДПМНЕ, па од таму и твоето партиско толкување на настаните што се случиле не толку одамна.
Но зарем мислиш дека сите наседнат ?
Токму за тебе и таквите како тебе е и наменет мојот потпис.
Кое лицемерие ѓонче безобразно, дај постирај ми мои постови, не лажи за да се извлечеш од дупката која си копаш со секој пост.
Веќе го сторив тоа погоре.
После Грчкото ембарго нели, толку поразително за нас после кое едвам излеговме, СДС си ја распродаде државата.
И ова не е партиско толкување, туку тажна РЕАЛНОСТ. За која е срамота да се игнорира и прави недоветен.
Кога ќе се најдеш во ќоше, толку го шириш муабетот, што би требало 5 страни да напшишам за да ти одговорам. Но еве ќе ти дадам и еден краток одговор. За едноумието од 1994 до 1998, колку се криви СДСМ, толку се криви и тие што гизлегоа од парламентот, и ги оставија што ќе им текне да прават. Она што не успејаа да го доврашат СДСМ 1994-1998, успеја да го доврши ДПМНЕ од 1998 до 2002, во времето на Љубчо Ѓеоргиевски кога Никола Груевски беше министер за економија а подоцна за финансии.
Договорот од 95 е крајно неповолен за нас, не обврзува на преговори се додека не постигнеме взаемна согласност, договор за НАШЕТО име.
Знаеш како се вели, ако нешто неможеш да сочуваш... тоа не било твое.
Она што сега е единствената корист за нас, е што Грција го прекрши договорот и имаме основа за прекин на спорот.
Кој ХРОНОЛОШКИ според воџата со книшката бр. 1 од Бихачка требаше да трае само 3 месеци.
Како што реков. Договорот со оглед на условите кои беа на располагање во тоа време, подобар и неможеше да биде.
Никој нема такво нешто да се осмели да објави, затоа не лажат и туркаат наводно САМО смена на името, за да протуркаат тајно и смена на се' останато.
Ми се гади од помислата да глумиш Реален мај есс овде со нели високо умешни интелигентни постови а во исто време да глумиш лудило као.. само името.
И 100 пати да ми изјавиш дека си на иста страна, по однос на нација и името , со секој пост кој води кон пресликување на ставот од Бранко само потенцираш како си манипулираш со нас овде.
Ставовите на Бранко за кои ти зборуваш, датираат од пред месец/два. Моите ставови за кои тврдиш дека биле идентични со на Бранко, датираат од пред 3/4 месеци. Добро се сеќавам дека во една полемика што ја водев со ада, реков дека доколку Македонија добие гаранции за идентитетот и јазикот, и прифати замена за ФИРОМ, би било добро решение за Македонија. Ова можеш и да го провериш.
Мојата беда, предавнику, е што сум ПРОМАКЕДОНСКИ ориентиран.
Па морам да трпам секакви изроди кои се маскираат во високи интелектуалци а всушност се ефтини проститутки во душа.
Е кога ова ќе го прочитам од фанатик, наци или битушанец, и не ми е чудно.
Но кога ќе го прочитам од образован човек кој сака да се претстави како интелектуалец, кој има амбиции да придонесе нешто за општеството во кое живее....ми се гади.
Братот.
Кратко речено, не се носиш достојно со твоето место во општеството.
Пред да напишеш нешто, запали една цигара, напиј се кафе, изброј до десет, па после напиши. Конташ? Има толку многу начини со кои можеш да го постигнеш замислениот посакуван ефект, без да се спуштиш на ниво на необразуван човек.
А ти имам напоменато дека гнасните зборови, највеќе зборуваат за оној кој ги упатува, а не за оној кому се упатени. И ти имам напоменато дека (дури и благо) реагирам на секоја трета навреда од твоја страна упатена кон мене. Пробај да се воздржиш од нервозни реакции, и немој да мислиш дека сите кои нсе косат со твоите ставови, ти се потенцијални непријатели.
По пријателски совет ни на другар немам дадено, а ти ова разбери го како сакаш.
Понатаму би била беспредметна мојата реплика.
Толку од мене.