СДСМ во одбрана на Грција по однос на тужбата во Хаг

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
СДСМ во одбрана и на бранителите.

вмро засрами се :vozbud:

Ти бате изгледа не си доквакан. Какво вмро каков сдс какви бакрачи, да сакал нато РМ да биде членка тоа и ќе се случеше. Македонија додека не се подели нема да влезе нит во Еу ниту во нато.
А ти ко да си во НАТО тимот па знаеш.
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Напишано од Братот.
И каде е тука онаа доза на пристојност на која се повикуваше доколку тебе ти се обратеше некој на ист начин?
Незнаеш за друг начин на комуницирање?
Секому по заслуга. Ни помалку ни повеќе. Милиметарски измерено.
А ти ќе знаеше дека имавме шанса( добивме понуда од американците) да бидеме примени во ООН во пакет со Словенија без притоа Поранешна Отоманска Покраина Грција да има можност да блокира на 22 мај 1992.
Но мудриот воџа го одби тоа бидејќи се надеваше на сојуз со Србија, за чија цел впрочем и инсистираше да го состави СДС референдумското прашање кое според воџите на СДС беше за останување во рамките на федерација со поранешните ЈУ-републики, па ко за беља.. ние само со Србија се граничиме.
Цццц...
Ме изненадуваш со твоето незнаење и партиско толкување на настаните.

Мала хронологија.
- Со референдумот на 8-ми Септември 1991 година, Македонија стана независна држава.
- На 30-ти Јули 1992 година, Македонија аплицира за членство во Обединетите нации под уставното име, што е период од 10 месеци потребен за административните процедури пред поднесувањето на апликацијата.
- Наредната година, на 7 април, Советот за безбедност на ООН посочи дека иако државата ги исполнува критериумите за прием, прашањето за името треба да се реши „во интерес на мирот и добрососедски односи во регионот“.
- Генералното собрание, последователно, на 8 април едногласно го усвои приемот на Македонија во ООН, но под референца (под притисок на Грција), односно привремено име поранешна југословенска република Македонија (Former Yugoslav Republic of Macedonia).

Кој е тој период за кој ти зборуваш ?

Доколку сакаше, ќе признаеше дека нашата економија и индустрија целосно беше распродадена и уништена под водството на СДС и тоа не чинеше десетици милијарди евра штета.
Која сеуште се плаќа.
Колку за да биде иронијата твоја посмешна, СДС прифати “помош“ од Сорос во износ од 25 милиони долари, така чинам беше сумата. Значи од откажувањето за името, поради големата “беда“ во Македонија СДС успеа да исценка ДУУРРИ 25 милиони долари неповратен кредит.

Трагикомедија.
Трагикомедија и доказ за вмровското лицемерие,се токму твоите изјави и постови, во кои еднаш тврдиш дека македонската економија била уништена во периодот 1994/1998 кога во парламентот немаше опозиција, а еднаш дека уништувањето се случило до 1994-та.
Епа координирајте це веќе еднаш што да пишувате.
Сами се фаќате во своите лаги.
А да тврдиш дека ембаргото од страна на грција, немало никакви последици по економијата на една штотуку оформена држава, е рамно на глупост.
Целиот свет е мешавина од народи, прочитај малце историја, научи за разните видови на миграции, војни, колежи, ропства и после повикувај се грешка во погорното тврдење.
За да не ми се фатиш на збор, за да си најдеш изговор, ГЕНИТЕ се оние кои остануваат навек како сведок. Провери си колку проценти имаш македонски гени,а колку се останато.
Треба да си апсолутно НЕУК за да го тврдиш спротивното, а можеби и Грк. Бидејќи според нив, оние преселени над 1.000.000 Православни Турци- Караманлиди во 1923 на територијата на денешна Егејска Македонија, денеска се декларираат за МАКЕДОНЦИ и тоа не било кои.. туку наследници на вистинските антички Македонци.

Според тебе, значи во право се!?
можам (доколку посакаш) да цитирам твои изјави како и на твоите истомисленици на една друга тема, во која го браневте лицемерието на Премиерот, кои 100% се совпаѓаат со изјавите на Дора Бакојани.

Поштеди ме од празни демагогии.
Никој не се согласил од нас, било кој на форумов освен тебе и Самоутепаниот, со референцата ФИРОМ.
Она за што се залагаме е влез во НАТО под ПРИВРЕМЕНОТО име, за да се заобиколат грчките блокади, а не под КОНЕЧНО ПРОМЕНЕТО ИМЕ.
А потоа во услови на изедначување на позициите со ГР како членка на НАТО, многу полесно ќе ги докрајчиме Грците и ќе си излеземе победници.

И никогаш нема да биде било што загубено, се додека НИЕ смаите не ставиме потпис на нешто такво
.
Значи се сложуваш дека со оглед на околностите, договорот од 1995-та бил добро осмислен ?
Ова последново ме изнасмеа.

А кој е тој што ЈАВНО ќе се изјасни за такво нешто? Не се прај мутав со сила, целта е да ни се протурка во пакет нешто такво, за кој отпосле би дознале, а засега наводно само името ќе сме го менувале.
Најди ми барем една изјава од барем еден политичар во Македонија, во која стои дека по цена на идентитетот треба да направиме договор со Грција.
Има ли нешто попровидно од желбата на СДС за смена на името по било која цена?Хах па ако уште те додадеме тебе и Самоутепаниот со вашата 24/7 кампања овде, незнам што би можело да биде повеќе провидно.
Најди ми баре еден мој пост, во кој стои дека Македонија треба да прифати промена на нација, јазик и име со референца за целокупна употреба.

Во спротивност мене ви е веќе испод ниво да ја коментирам твојата (широкопозната на форумов) беда, со која секому кој не е провмровски определен, му лепиш етикета предавник.

 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Ајде сега реално, зарем очекувавте нешто подруго од СДС???

Вакви реакции имаме во континуитет! Па тие одамна се купени, јасно се гледа на чија страна се. Неверојатното беше колку долго успеваа да лажат и се преправаа дека не се на страната на Грција во уништувањето на Македонија.
А кога ке помислам дека уште има будали и гласаат за нив.... Башка слепо веруваат дека ако се викаме Северна Македонија ке влеземе во Нато и Е.У. Абе ако им требавме, таму ке бевме до сега, името не е никаква пречка.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Многу е жално што таква осетлива тема како што е името на нашата мила Македонија, СДСМ го спојува со сопствениот рејтинг па картите ги свртува на тоа дека прифаќањето на промената на името е добар чекор. Она што некој спомна дека морало во 1993 год. да се направи компромис со референцата БЈРМ, тоа колку што знам требаше да биде употреба за краток перио. Сведоци сме колку е краток тој периот. После тоа се смени и знамето,а новото знаме се избра без учество на јавноста. Со тоа сакам да кажам дека и сегашното настојување на СДСМ за решавање на спорот со името, со промена на името не е чекор како што велат тие за доброто на Македонија. Со тоа мислам дека ќе си навлечеме уште една мака на самите себе по која ќе жалиме во наредните години. Жално е ќе речам што во времето кога тие имаат најнизок рејтинг, името на државата си го ставаат во нивната агенда за враќање на сопственит рејтинг. Жално е и што лицето БЦ исто така тоа заради враќање на политичката сцена или речено во партијата како претседател си игра со чуствата на целиот Македонски народ. И на крај жално е што и понатаму продолжува со сеење на заблуда на сопствените членови и симпатизери дека само со промената на името ние ќе одиме во ЕУ и НАТО. Аргументите дека елините се членки и тие можат да диктираат како сакаат и што сакаа не држи од едноставна причина што токму ваквите најави од релевантен политички субјект во Македонија дека тужбата е грешка им дава на елините џокер да даваат изјави какви што даваат, а исто така и ЕУ аднинистрацијата да ги подржува. Не ми е јасно како кај елините двете партии што се борат за власт имаат идентични ставови за Македонија, а кај нас двете најголеми партии токму борбата на власт да ја сведуваат на тоа, кој прв ќе каже дека ќе го смени името. Странциве едвај чекаат. А СДСМ на тоа се надева, со сигналите што таа ги дава за смена на името се надева на странска помош да дојде на власт. Тука не мислам на дирекна странска интервенција, туку на свртување на симпатиите кон релевантните странски институции кои постепено со нивните изјави да им го качуваат рејтингот за да дојдат на власт и после се е лено. Во тоа е заблудата на СДСМ и лицето БЦ отсекогаш се самобендисани и арогантни и отсекогаш аметаат дека тие ја пишуваат македонската историја. Тоа во поновата историја е страшно и ме плаши.
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Некому не му е јасно дека Груевски во Букурешт веќе еднаш го промени името во Република Македонија (Скопје), но откако веќе беше касно за било што да се направи.

Некому не му е јасно дека доколку утре грците прифатат Република Северна Македонија таму кај што сме ФИРОМ, со Македонски јазик и Македонска нација, Груевски ќе го прифати ова без двоумење, но чисто се сомневам дека повторно ќе добиеме сличен предлог, без силна подршка од некоја моќна држава. Приказните за референдум се само уште еден евтин трик од репертоарот на ДПМНЕ.

Некому не му е јасно дека ова е идниот компромис, без разлика дали ќе се случи после една, две, десет или дваесет години.

Секој има право да верува во она што мисли дека е исправно, но и обврска да го види она што му е пред носот.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.133
Реален 07,те имаат пуштено на принуден одмор па зато почна долги постој да пишиш.Дај бе во неколку реченици кажи си ја поентата...:toe:
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Реален 07,те имаат пуштено на принуден одмор па зато почна долги постој да пишиш.Дај бе во неколку реченици кажи си ја поентата...:toe:
Па токму и затоа се наменети долгите постови, за да можат сите (вклучително и ти) да ме разберат.

Доколку има нешто што ти предизвикува недоумица, слободно прашај.
 
H

HITCH

Гостин
Некому не му е јасно дека Груевски во Букурешт веќе еднаш го промени името во Република Македонија (Скопје), но откако веќе беше касно за било што да се направи.

Некому не му е јасно дека доколку утре грците прифатат Република Северна Македонија таму кај што сме ФИРОМ, со Македонски јазик и Македонска нација, Груевски ќе го прифати ова без двоумење, но чисто се сомневам дека повторно ќе добиеме сличен предлог, без силна подршка од некоја моќна држава. Приказните за референдум се само уште еден евтин трик од репертоарот на ДПМНЕ.

Некому не му е јасно дека ова е идниот компромис, без разлика дали ќе се случи после една, две, десет или дваесет години.

Секој има право да верува во она што мисли дека е исправно, но и обврска да го види она што му е пред носот.
Еј можеме да се трескаме од земја колку сакаме, ние не решаваме за некои работи бираме луѓе за да ги решат. Проблемот е во следново: секој кој и да дојде на власт игра како што му свират од надвор. Приказните за референдум може се ефтин трик, ама уште поефтино не донесо на ова дереџе. Не само за името, за целава оваа ситуација: екомонија, култура, а за политика да не зборувам. Секој стана пратеник, имаме советници со едвај завршено средно образование, ама да знаеш дека не е крив само Груевски, повеќе е крив БЦ кој за цел негов е*ан живот успеа само да не изе*е на секое поле уништи се што можеше и дури она за кое мислевме дека не може никој да го уништи
П.С. последната реченица ти е на место, затоа почни да гледаш што ти е пред нос
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Некому не му е јасно дека Груевски во Букурешт веќе еднаш го промени името во Република Македонија (Скопје), но откако веќе беше касно за било што да се направи.

Некому не му е јасно дека доколку утре грците прифатат Република Северна Македонија таму кај што сме ФИРОМ, со Македонски јазик и Македонска нација, Груевски ќе го прифати ова без двоумење, но чисто се сомневам дека повторно ќе добиеме сличен предлог, без силна подршка од некоја моќна држава. Приказните за референдум се само уште еден евтин трик од репертоарот на ДПМНЕ.

Некому не му е јасно дека ова е идниот компромис, без разлика дали ќе се случи после една, две, десет или дваесет години.


Секој има право да верува во она што мисли дека е исправно, но и обврска да го види она што му е пред носот.
Тогаш кога тоа ќе го направи и Груевски како што досега го правеше СДСМ се надевам дека ќе го снајде истото како СДСМ. А дотогаш мислам и се надевам дека тој прави и ќе направи подобар избор за МАКЕДОНИЈА.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
По незнам кој пат:

1. Името ќе се смени.
2. КОЈ И ДА Е НА ВЛАСТ ќе го стори тоа.
3. СДСМ досега ќе го сменеа името, од таа страна се попрагматични (ако може така да се каже) ЕУ, НАТО, не е битно како, битно е да се влезе.
Сакам и јас ЕУ и НАТО, ама како МАКЕДОНЕЦ!
4. Тој, којшто ќе го стори тоа, автоматски се откажува од себе и постоењето на овој народ со сите негови нишани.
5. Јас таквите ги нарекувам предавници, и историјата, не јас, ќе им суди!
6. Ваквите муабети за сојузништва ми се некако...хммм...несоодветни со состојбата во реалноста.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Ме изненадуваш со твоето незнаење и партиско толкување на настаните.

Мала хронологија.

- Со референдумот на 8-ми Септември 1991 година, Македонија стана независна држава.
- На 30-ти Јули 1992 година, Македонија аплицира за членство во Обединетите нации под уставното име, што е период од 10 месеци потребен за административните процедури пред поднесувањето на апликацијата.
Кој е тој период за кој ти зборуваш ?

Трагикомедија и доказ за вмровското лицемерие,се токму твоите изјави и постови, во кои еднаш тврдиш дека македонската економија била уништена во периодот 1994/1998 кога во парламентот немаше опозиција, а еднаш дека уништувањето се случило до 1994-та.
Епа координирајте це веќе еднаш што да пишувате.
Сами се фаќате во своите лаги.
А да тврдиш дека ембаргото од страна на грција, немало никакви последици по економијата на една штотуку оформена држава, е рамно на глупост.


Значи се сложуваш дека со оглед на околностите, договорот од 1995-та бил добро осмислен ?

Најди ми барем една изјава од барем еден политичар во Македонија, во која стои дека по цена на идентитетот треба да направиме договор со Грција.
Најди ми баре еден мој пост, во кој стои дека Македонија треба да прифати промена на нација, јазик и име со референца за целокупна употреба.

Во спротивност мене ви е веќе испод ниво да ја коментирам твојата (широкопозната на форумов) беда, со која секому кој не е провмровски определен, му лепиш етикета предавник.

Партиско толкување? :pos2:

Објасни ми, како е можно Словенија да е примена во ООН на 22 мај 1992 година?
Каде бевме ние и зашто чекавме дури до јули-август за да поднесеме апликација?

Што чекавме, толку време за да излеземе на референдумот за независнот?

Кој беше против НЕЗАВИСНОСТ? :)
Треба пак да постираме изјавите на Киро,Б.Ц и Поповски?

Кое лицемерие ѓонче безобразно, дај постирај ми мои постови, не лажи за да се извлечеш од дупката која си копаш со секој пост.

После Грчкото ембарго нели, толку поразително за нас после кое едвам излеговме, СДС си ја распродаде државата.
И ова не е партиско толкување, туку тажна РЕАЛНОСТ. За која е срамота да се игнорира и прави недоветен.


Договорот од 95 е крајно неповолен за нас, не обврзува на преговори се додека не постигнеме взаемна согласност, договор за НАШЕТО име.

Знаеш како се вели, ако нешто неможеш да сочуваш... тоа не било твое.

Она што сега е единствената корист за нас, е што Грција го прекрши договорот и имаме основа за прекин на спорот.

Кој ХРОНОЛОШКИ според воџата со книшката бр. 1 од Бихачка требаше да трае само 3 месеци.


И што ти кажав за изјавите? Не знаеш да читаш, слеп си?

Никој нема такво нешто да се осмели да објави, затоа не лажат и туркаат наводно САМО смена на името, за да протуркаат тајно и смена на се' останато.
Ми се гади од помислата да глумиш Реален мај есс овде со нели високо умешни интелигентни постови а во исто време да глумиш лудило као.. само името.
И 100 пати да ми изјавиш дека си на иста страна, по однос на нација и името , со секој пост кој води кон пресликување на ставот од Бранко само потенцираш како си манипулираш со нас овде.


Мојата беда, предавнику, е што сум ПРОМАКЕДОНСКИ ориентиран.
Па морам да трпам секакви изроди кои се маскираат во високи интелектуалци а всушност се ефтини проститутки во душа.


Никогаш нема да се сложам со промена на името, без разлика кој да е во прашање, дали Груевски, дали Б.Ц., дали Љубе, дали Тито.. никогаш со никој.
Ете тоа е разликата меѓу мене и тебе, бидејќи безрезервно се поклопуваш со секој “став“ на Бранко по однос на името.


И една интересна сторија за тебе, Реалниот-07 што и да ти значи таа бројка:

Скопје и Атина никогаш поблиску за името


"Прв пат по многу години, грчката дипломатија е на пат да пронајде решение за спорот помеѓу Атина и Скопје за името на ПЈРМ, прифатливо и за двете страни, како Нова Македонија, кое според информациите има најголеми шанси да стане официјално име на земјата", објави вчера атинскиот весник "Апофаси". Според весникот, како што пренесува МИА, спорот ќе биде решен до почетокот на 2005 година.

Весникот оценува дека е во тек "напрегнат дипломатски покер" и цитира извори од грчкото МНР, според кои, прашањето за името на Македонија "првпат се разгледува врз сериозна основа".

На средбата на Петрос Моливиатис со Илинка Митрева се дискутирало за различни имиња, а намерата на министерот за надворешни работи било да се затвори ова прашање, кое се оценува како "отворена рана", тврди весникот. Во грчкото МНР се подготвува варијанта Нова Македонија - решение кое досега е најблиску до одобрение од политичките кругови во Скопје, тврди весникот "Апофаси".
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Секој има право да верува во она што мисли дека е исправно, но и обврска да го види она што му е пред носот.
Црвенковски: „РМ останува на ставот за двојна формула за името“
акедонскиот претседател Бранко Црвенковски по денешната седница на Советот за безбедност, изјави дека Република Македонија останува на ставот за двојната формула во спорот за употребата на уставното име - едно што ќе го користи Грција во билатерална комуникација и употреба на уставното за преостанатиот дел од светот. „Остануваме на нашиот став затоа што цениме дека аргументите што ги имаме се издржани и дека тоа е еден принципиелен пристап и став и оти нема потреба да го менуваме“, нагласи Црвенковски.

И ти после веруваш во добрите намери на Б.Ц. и неговите пудинг цврсти ставови?

И како што читам на насловот на темата,СДСМ во одбрана на Грција по однос на тужбата во Хаг имаш нешто да искоментираш?
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
По незнам кој пат:

1. Името ќе се смени.
2. КОЈ И ДА Е НА ВЛАСТ ќе го стори тоа.
3. СДСМ досега ќе го сменеа името, од таа страна се попрагматични (ако може така да се каже) ЕУ, НАТО, не е битно како, битно е да се влезе.
Сакам и јас ЕУ и НАТО, ама како МАКЕДОНЕЦ!
А се разбира:
4. Тој, којшто ќе го стори тоа, автоматски се откажува од себе и постоењето на овој народ со сите негови нишани.
5. Јас таквите ги нарекувам предавници, и историјата, не јас, ќе им суди!
6. Ваквите муабети за сојузништва ми се некако...хммм...несоодветни со состојбата во реалноста.
Дали тоа го кажуваш како видовит (можеби на сите ни е јасно). А дали не треба да се потруди било каја власт оние први две точки да ги изменаџира во наша корист па останатите точки да имат смисла.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom