Титулата на човекот не влијае на моето мислење за него, но влијае на моето однесување. Сум мислела на пример за некои професори дека се крајно лоши и не треба да предаваат воопшто, но сум се воздржувала и сум се однесувала со нив како што наликува на еден ученик. Така слично се однесувам со секој кој е директно поврзан со мене, а се наоѓа неколку скали повисоко. Доколку не ми е ништо, се однесувам со него според моето мислење. Ако мислам дека не вреди го игнорирам, ако мислам обратно го почитувам.
Тука на форумов ... од самите мои почетоци, па до денес ги почитувам само модераторите и администраторите кои јас сметам дека се добри, си ја знаат работата, при тоа знаат да напишат некое стабилно мислење и ги познавам лично, со што сум заклучила дека се навистина прекрасни луѓе. За истите би имала исто мислење и да беа членови на форумов без никаква титула, како што веќе има доста такви.
Значи за било каде, титулата не ми го оформува мислењето за некој човек.
А за тоа за продавачките, се што имав да кажам го кажа Псај. Апсолутно е грешно да се помисли дека една продавачка е поглупава од некој министер и сл., од многуте наведени примери.