Дали титулата на човекот влијае врз вашето мислење за него?

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Грешка си, 96.5 % е бројот на минатогодишните бруцоши. :toe:

Е добро де, не кажа ништо лошо.
Ја кажа само вистината.
96,5 ???
Тогаш е светски рекорд...

Кутрите 3,5 %....нема никогаш да се вознесат до интелектуалните височини и никогаш нема да стекнат право на почит...
Понекогаш инфлацијата и не е толку лоша работа...:vozbud:

Буш има дипломи од Јеил и Харвард.
Учете децааааааа !

Yes...he`s telling the truth...
http://forum.kajgana.com/showthread.php?39223-9-11-Терористи-или-сепак-не&p=3674639&viewfull=1#post3674639
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Имаше еден филм со Мет Дејмон (незнам како се викаше) , кажа една убава работа.
Вика зошто да давам огромни суми на пари за да завршам некоја школија кога истите книги ги имам у библиотека за 2 долари.
Сега ова не важи за сите професии ама у добри 96,5 % да(барем кај нас).
Па се прашувам сега како би се третирал некој што би ги положил сите испити со 10 кога би имал шанса да ги полага онака на заебанција.
Како некој со титула ?
Би бил повеке "ценет" од лугето?
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740

Можеш да бидеш хирург зашто си ги причитал сите книги што ги предаваат на медицина или прво треба да сецираш трупови?
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Јас убаво пишав ама кој да чита.
Тоа што го напиша ти е комплетно неприменливо во реалноста...така да што и да кажал Добриот Вил Хантинг(ќе да е тој филм),останува на филм.
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Хахах добро , по трет пут не повторувам иста работа .
И едно прашање до тебе , дали сакаш да бидеш над некои луге у било која смисла ?
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Хахах добро , по трет пут не повторувам иста работа .
И едно прашање до тебе , дали сакаш да бидеш над некои луге у било која смисла ?
Како човек ќе трасира пат до успех ако не биде над некого,тоа е природен тек,некој е над мене зашто е подобар ме надминал,над некого сум јас...така да алтер егово на форумов нема да го искористам за да си ставам ореол над глава.Ако поентата е да ми се удри психолошка проекција на основа демек врз основа на титула сакам да сум над другите,одма ќе ти кажам,немам чувство дека со м-р сум над некого,ама се надевам дека ќе постигнам нешто под капата на таа додавка пред моето име и презиме и тоа со примена на она што го научив.Зашто поентата на вложувањето во титула не е бесмиселена ,таа е стремеж кон повеќе,тоа треба да се почитува.Нема штета од повеќе знаење,а верувај читање дома книги е многу поинакво искуство од она кога професор или експерт на поле ќе ти го пренесе тоа.
Зашто да не идеме оф топик,муабетот е тој дали човечката титула(јас зборувам во рамки на образование) прави да го гледам поинаку.За мене прави,знам јас колку крв проплукав фигуративно за да стигнам до овде сосема сама ,така да во тоа огледало го гледам и оној кој стигнал до додавката пред своето име и презиме.
 
VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
За начинот на кој ќе му се обратам на некого (непознат) важни се годините односно „Г-не“ ; „Г-ѓо“ за приближно иста возраст со мене или постарите од мене и со „дечко“ ; „девојко“ за оние “помладите“ (со помалку години де :) ). Титулата бидејќи нели не му ја знам не влијае на начинот на обраќање. По извесен муабет ако се испостави дека тој со кого разговарам има титула (Др; Мр; и слично) дознавањето на титулата ќе влијае на тој начин што:
-Или тој тотално ќе изгуби почит од моја страна, бидејќи џабе му се сите титули на свет ако е цепеница невидена и ми стане јасно како дошол до титулата која очигледно не ја заслужува.
-Или ако се испостави дека покрај титулата располага со солидно знаење за областа за која сме фатиле муабет и едноставо муабетот целосно му „држи вода“ (со факти аргументи и податоци) тогаш моето мислење за него станува уште попозитивно. Односно во вториов случај не дека без титулата нема да го ценам човекот, него едноставно поради титулата ( Др, Мр ) неговото мислење би можел да го употребам во друг муабет (со друго лице) и како потврден факт од стручно лице.
Значи титулата како титула кај мене влијае. Или целосно те поништува ко човек или те потврдува (дефинира) како квалитет. :pipi:

Е сеа сосема друг муабет е ако е во прашање авторитет.
Одсекогаш сум имал “проблем“ со НАМЕТНАТ авторитет.
Бидејќи по природа (карактер) сум доста тврдоглав (знам дека е мана ама јебига таков сум) но и искрен и отворен човек (што на ум то на друм) и ако нешто е ЦРНО а некој што е на позиција над мене ми вика дека е БЕЛО, имам сериозен проблем. :)
Многу пати сум дошол во “конфликт“ со наметнати авторитети (професори во средно и на факултет, старешините во војска, со шефот газдата на работа... ) и знам дека полтроните (г’золижачите) полесно поминуваат (напредуваат) во животот ама јас едноставно не сум таков и против себе неможам и неќам да идам.
Со луѓето кои што со своето знаење и компетентност си ја потврдуваат позицијата на која што се, немам никаков проблем.

Околу муабетот за виртуелниве “авторитети“ (Админ, модератор...) незнам колку е релевантно да се дискутира за нив бидејќи нели се “виртуелни“. :)
Скоро на сите форуми нели си постојат правила кои што секој од нас ги прифатил при самото регистрирање.
Фактот што некој е админ или модератор не повлекува по автоматизам дека секогаш е во право за некоја тема и воопшто не ми било проблем да искажам и спротивен став и да навлезам и во дебата ако е потребно. Тоа мислам дека е случај со сите повозрасни, полнолетни членови на форумов, односно сите кои што имаат изградено лични ставови принципи до кои што си се придржуваат си го кажуваат своето мислење без разлика дали тоа е исто или спротивно со мислењето на виртуелниот авторитет. Помладите (тинејџерите) кои што сеуште се градат како личности нормално е да имаат “страв“ да му се спротивстават на виртуелен авторитет со различно мислење. Тоа е поради фактот што сеуште не се сигурни во исправноста (точноста) на тоа што во моментот сакаат да го кажат (напишат) и сии викаат „ааа овој е модератор сигурно е во право подобро да си ќутам“ . А исто така многу често им се случува и да подпаднат под влијание на некој админ-модератор, па мислењата на админ-модераторот за нив стануваат факти (а не мора да се) и слепо им веруваат и наместо да пишуваат свои размислувања имаш само климнување со глава и сложување со се што кажал виртуелниот авторитет.

Јас мислењата на форумов ги оценувам според квалитетот на содржината во нив а не според тоа кој ги напишал. Искрено на почетокот воопшто и не ме интересираше кои се админи и модератори на форумов :) Дури по 5-6 месеци одкако се зачленив ја разгледав листата „кој се грижи за форумот“ па ми се виде многу долга и искрено и ден денес не знам кој се е модератор и за што. :pipi: Всушност јас имам мислење за ставовите изнесени на некоја тема од некој член кој што е најавен нели под никнејм, за членовите како личности по прашање за тоа: кој е, што е, и каков е приватно... воопшто не се ни интересирам. :toe:

Епа толку... „тоа е се што имав да кажам во врска со..“ (Форест Гамп) темава. :icon_razz
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Не сакам да бидам лош и да те анализирам , сепак ова си е лично твое размислување .Те прашав да видам до кај може да се иде со муабетот , ама изгледа до тука.
Може кога би разговарале за едно три-четириесет години ама сега за сега не.
Можам да кажам дека не почитувам никаква титула и никакво знаење , све е позајмено кај и да е еден ден ке го снема .
А мене ме интересираат исклучиво вечни "работи".

--- надополнето ---

You can only be a master when no one is a slave to you.
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.931
Поени од реакции
12.518
Е сеа сосема друг муабет е ако е во прашање авторитет.
Одсекогаш сум имал “проблем“ со НАМЕТНАТ авторитет.
Бидејќи по природа (карактер) сум доста тврдоглав (знам дека е мана ама јебига таков сум) но и искрен и отворен човек (што на ум то на друм) и ако нешто е ЦРНО а некој што е на позиција над мене ми вика дека е БЕЛО, имам сериозен проблем. :)
Многу пати сум дошол во “конфликт“ со наметнати авторитети (професори во средно и на факултет, старешините во војска, со шефот газдата на работа... ) и знам дека полтроните (г’золижачите) полесно поминуваат (напредуваат) во животот ама јас едноставно не сум таков и против себе неможам и неќам да идам.
Ете така, сличен проблем значи имаме... :)
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Одсекогаш сум имал “проблем“ со НАМЕТНАТ авторитет.
Бидејќи по природа (карактер) сум доста тврдоглав (знам дека е мана ама јебига таков сум) но и искрен и отворен човек (што на ум то на друм) и ако нешто е ЦРНО а некој што е на позиција над мене ми вика дека е БЕЛО, имам сериозен проблем. :)
Многу пати сум дошол во “конфликт“ со наметнати авторитети (професори во средно и на факултет, старешините во војска, со шефот газдата на работа... ) и знам дека полтроните (г’золижачите) полесно поминуваат (напредуваат) во животот ама јас едноставно не сум таков и против себе неможам и неќам да идам.
Ти си комунист од оние кои палеа газеа и плукаа по се што е свето.
Ти си против Бог и неговото устројство и ред на земјата. Такви како тебе креваат во воздух институции и палат државен имот. Маркс Енглез Ленин Троцки ... исто како тебе имаа пробелми со авторитет па после стрелаа се шо има диполома и титула.
Твојата идеја е да се уништи целото човештво и сите негови вредности и земјата да плови безживотна низ студената вселена.
 
VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Ти си комунист од оние кои палеа газеа и плукаа по се што е свето.
Ти си против Бог и неговото устројство и ред на земјата. Такви како тебе креваат во воздух институции и палат државен имот. Маркс Енглез Ленин Троцки ... исто како тебе имаа пробелми со авторитет па после стрелаа се шо има диполома и титула.
Твојата идеја е да се уништи целото човештво и сите негови вредности и земјата да плови безживотна низ студената вселена.
:pos2::pos2::pos2:
Точно така ваше височевство „добро ситуиран господин“ Лет 3... магарето леташе нели???

ПС. Извини не ја кажа твојата “титула“ па можеби погрешно ти се обратив. Ред би било да се претставиш тука на форумов од која кралска или благородничка фамилија си, за да имаат членовите респект кон тебе... да се поклонат пред да ти се обратат...и слично... не вака ко мене... :)
Ах бе Лет... Лет... ти се “истроши“ хуморот.
 
Член од
1 мај 2005
Мислења
16
Поени од реакции
1
Не е важна титулата. Нека биде и Господ, ако работи неправилно, ќе мора да му се укаже, за да не го направи два пати истото, погрешно. Затоа си имаме проблеми, штом не му се укажало на грешното, уште првиот пат а тоа се подразбирало дека е исправно. И џабе е после да се збори на повторената постапка кога е пропуштено да му се укаже уште првиот пат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom