Ова ме потсетува на ситуацијава: седат во кафана кафанџија и лекар, и кафанџијата пола саат му ’објаснува’ на лекарот за анеуризма; во стил, не знаеш ти, јас ќе ти кажам.
Зашто не ги почитуваме другите и нивната работа, па се наоѓаме секогаш попаметни од нив? И ако не се согласуваш (а притоа понекогаш сме во право, а понекогаш само тврдоглави и каприциозни), барем ислушај, имај почит, биди културен. Да се слушаме едни со други, никој никого не слуша а секој сака тој да каже.
Инаку, јас се воодушевувам на луѓе кои немаат титула ни образование од некоја дејност, ама страствено ги привлекува истото и така фино и убаво ја сфатиле суштината, да ти е мерак да полемизираш со нив. Ама притоа си имате убава комуникација, и ниедна титула не е пречка за секој да има свое мислење. Секогаш можеме да научиме едни од други; но дрскоста ми пречи од било која страна да доаѓа.
Ниедно големо име, авторитет со својот лик и дело не се недопирливи во таа смисла, а сите имаат општа скромност притоа, како Тоше. И баш ме изненади во таа смисла Милчо Манчевски. Попрво би го обвинил народот и менталитетот за ваков таков или онаков, место да го сослуша неговоот мислење.