Дали титулата на човекот влијае врз вашето мислење за него?

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Не мора да значи ако е министер дека е попаметен и поинтелигентен од продавачка. Има многу квалитетни луѓе кои од разно разни причини работат на пониски позиции. Исто како што има луѓе кои од разно разни причини седнуваат во министерски и слични на нив фотељи но не по сопствена заслуга, памет и образование.
Сигурна си? Да да, министерот туку така, преку врски се бутнал до таа позиција, а продавачката...па да, од што била многу паметна останала во продавницата. :helou:
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Мое лично мислење е дека министрите прво лепат плакати потоа ги унапредуваат веат знамиња на митинзи и дури подоцна откога ќе се земи властта ги ставаат за министри.Затоа јас велам тежок е патот до министерска фотелја.:pos2:.
 
Член од
23 март 2008
Мислења
685
Поени од реакции
165

Ne se soglasuvam so tebe,ministerot pred da lepi plakati ucel vo vioko obrazovni faxovi od tipot na oksvord kembridz,deka ne praat nisto za drzavata ne praat ali ne mozes da gi ramnis so nekoj sto ima sredno obrazivanie,recnikot ne se steknuva so profesija prodavacka,fondot na zborovi se steknuva so citanje knigi a ne gledanje spanski serii.
 
B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Сигурна си? Да да, министерот туку така, преку врски се бутнал до таа позиција, а продавачката...па да, од што била многу паметна останала во продавницата. :helou:
Со колку министри/директори/раководни структури без разлика на која влада припаѓаат си имала прилика да разговараш? Имаш ли сознанија за нивната позадина пред да станат министри/директори/раководни структури? Знаеш ли колку од нив се соодветни според образование и работно искуство за ресорите кои ги водат?

Не преценувај и потценувај луѓе. :wink:
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Имаш ли сознанија за нивната позадина пред да станат министри/директори/раководни структури? Знаеш ли колку од нив се соодветни според образование и работно искуство за ресорите кои ги водат?

Не преценувај и потценувај луѓе. :wink:
Мене воопшто и не ми е многу гајле какви позадини имаат... Од она што го покажуваат сега, а што го покажувале и претходно, без разлика од која влада биле, сите министри и функционери и слично ни најмалку не личат на луѓе кои се соодветни со образованието и работното искуство...80% од сите директори(и нели сите функц.) се под 30 години, што јасно покажува дека ако имаат соодветно образование неможе да имаат којзнае колкаво искуство... Факт е дека во државава се е политизирано, па дури и тоа образование кое го имаат сигурно е завршено со протекции и предности пред другите...
Сепак како и да е, најмалку важна ми е титулата на човекот за да формирам мислење за него...Не ме интересира тоа што го има на хартија. Ме интересира она што го носи во главата....
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Аааа ова од темите за лажење а?

Епа ај да се полажеме малку, или не... кој знае. :toe:
Јас, лично, сум исклучиво тежок на авторитети. Господ знае дека сум пропатил заради тоа, ама, не се каам. Не се каам, затоа што со сите стартувам учтиво и културно, но опинок се познава од самиот почеток. Па кога после првиот збор ќе видам дека некој ме гледа од погоре, толку од мојата почит.

А во принцип, сум човек кој почитува луѓе што стигнале на функција, или имаат респект на авторитет во моите очи. Додека не го срушат самите, како што реков.

Конкретно, за форумот, секогаш сум бил учтив со администрацијата, од почетокот до сега, иако некои провокации сум се воздржувал да не ескалираат иако имало особена потреба од тоа, до денес сметам дека сум останал принципиелен. Со почитување кон оние задолжени за водење на форумот, како и кон останатите.
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Јас, лично, сум исклучиво тежок на авторитети. Господ знае дека сум пропатил заради тоа, ама, не се каам. Не се каам, затоа што со сите стартувам учтиво и културно, но опинок се познава од самиот почеток. Па кога после првиот збор ќе видам дека некој ме гледа од погоре, толку од мојата почит.

А во принцип, сум човек кој почитува луѓе што стигнале на функција, или имаат респект на авторитет во моите очи. Додека не го срушат самите, како што реков.
Токму поради таквите опиноци и мојот став за нив ист како на Виктор сум трпел доста.

Само да го додадам моето мислење за администрацијата (админи и модератори заедно) од форумот како авторитет тука: Ја почитувам истата (иако знам дека понекогаш забегувам доста :) ама сепак мислам дека имам некои граници) и доволно ми било еднаш да ме предупредат за нешто за истото да не го повторам, најспосле и тие се луѓе кои знааат да згрешат а и јас исто :) Во кратки црти тие кои ме почитуваат ги почитувам но сепак, претпоставен е претпоставен ставен тука да раководи.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Ne se soglasuvam so tebe,ministerot pred da lepi plakati ucel vo vioko obrazovni faxovi od tipot na oksvord kembridz,deka ne praat nisto za drzavata ne praat ali ne mozes da gi ramnis so nekoj sto ima sredno obrazivanie,recnikot ne se steknuva so profesija prodavacka,fondot na zborovi se steknuva so citanje knigi a ne gledanje spanski serii.
Министерот пред да лепи плакати учел на Оксфорд Кембриџ добро е што тие високообразовни институции претставуваат отскочна штица за лепење плакати:pos2:.Добро сега малку сериозно не ги потценувајте продавачките тие за да имаат леб на своите маси и да го преживеат месецот мора да продадат нешто т.е.да убедат некого да купи од нивните производи ако работат во бутик или слично.Значи мораат да имаат добар речник за добро да го претстават својот производ.
 
DDvl

Иден Психијатар
Член од
13 април 2008
Мислења
166
Поени од реакции
2
Абе вака на прв поглед со кого и да зборам имал титула или не сепак од куртоазија имам почит ... но сепак доколку зборам со доктор на науки/академик ... колку и да го знам пак ќе иам почик колку толку ...
Ааа пак вака за виртуелен свет коа се работи ... пак исто ми се фаќа за секој имам почит се додека не го запознаам добро ...

Абе вака така со сите што не ги знам зборам со "добар" речник и се обраќам со Вие ... хехе
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Дали тоа што на некои членови под никот им пишува „Модератор“ или “Администратор“ влијае врз вашето мислење за тој човек?
Дали тие членови имаат поголем авторитет врз вас отколку другите членови на форумов?
Што мислите дека би се случило,ако се направи експеримент админите да се регистрираат со други никови и да се однесуваат исто како кога се администратори,да пишуваат слични мислења?
Дали членовите би се однесувале исто спрема тие членови(не знаејќи кои се всушност) со почит или сепак би ги заругале заради нивните различни ставови?
Тоа е околу виртуелниот свет.
Што се однесува до реалноста:
Дали би се однесувале исто доколку некој човек мислите дека е (пример)обичен продавач,и доколку дознаете дека истиот тој е (пример) министер?

Значи дали титулата на човекот било во виртуалниот или во реалниот свет влијае врз вас,вашето однесување и вашето мислење за тој човек?
Хаха
Интересна тема, а уште поинтересно е истакнувањето на одредени лица. Океј, мене нити ми претставувате трн_во_око :) нити нешто друго, бидете тоа што сте но, не истакнувајте се. Навистина, смешно е. :)

Сигурна си? Да да, министерот туку така, преку врски се бутнал до таа позиција, а продавачката...па да, од што била многу паметна останала во продавницата. :helou:
Со колку министри/директори/раководни структури без разлика на која влада припаѓаат си имала прилика да разговараш? Имаш ли сознанија за нивната позадина пред да станат министри/директори/раководни структури? Знаеш ли колку од нив се соодветни според образование и работно искуство за ресорите кои ги водат?

Не преценувај и потценувај луѓе. :wink:

Малце препотентност. :)
Јас сум имал чест да запознаам и разговарам такви луѓе, бидејќи член на поблиската фамилија е претседател на Македонското Научно Друштво. Boy-o-Boy има такви луѓе, кон кои покажувам понизност... онакви вонсериски-ванвременски кои можат да влезат во секаква дискусија, иако не е во нивни домен темата на разговор. Сепак, штознам најверојатно функцијата и тајтлот на луѓето не е она што ги прави ''авторитети''. Едноставно или го имаш она кое ги тера-маѓепсува луѓето да те слушаат и да покажуваат понизност кој тебе, или го немаш. А, за оние другите оние кои велиме дека стигнале до функција со лепење плакати? Е, за нив немам нити почит, нити пак се појавуваат на мојот радар. Продукти кои имаат еднонеделен рок на употреба се чуваат во фрижидер, а не на убава кожна фотеља. Кога тогаш ќе се расипат:)

Во разговор со некој авторитет или било кој постар господин/госпоѓа секогаш персирам, од чиста култура внимавам и мудро избирам зборови. Колку и да не се учтиви со мене, сепак гледам на најбезболниот начин да ја завршам конверзацијата за да не дојде до инциденти ако имаме големи несогласувања. Нормално и јас сум човек па ако дојде до претеризам, најверојатно и јас ќе вратам со слична мера. Но за среќа досега до такви инциденти не дошло и не верувам дека ќе дојде.

И за крај ќе го искористам твојот цитат каде се е убаво кажано.
Почитувам личност, но почитувам и функција. Почитувам, но не и стравопочитувам. Ако се погоди личност која ја почитувам ради нејзините достигнувања, размислувања, ставови, дела да е на одредена функција значи нештото треба максимално да се почитува.
Ако нема личност, а има функција тогаш имам минимална почит базирана на култура кон функцијата.
Апсолутно не.

П.С.
Зошто мислам дека има ваква тема?
Има, слична е. Форумски авторитети :)
 
PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Сигурна си? Да да, министерот туку така, преку врски се бутнал до таа позиција, а продавачката...па да, од што била многу паметна останала во продавницата. :helou:
Можда несвесно, ама со реченицава ги потцени и навреди барем пола од професиите кои се на исто ниво со продавач.

Од каде знаеш воопшто ти какви биле околностите за една продавачка?
Не викам дека сите министри преку врски стигнале таму, ама да наречеш продавачка глупава наспроти министер паметен е неосновано.

Ја ти гарантирам дека кога би извеле тест за интелигенција и способности врз 10 продавачки и 10 министри, еднаков број од двете групи ќе има приближно ист коефициент на интелигенција. Исто ти гарантирам дека можам во секое време да ти најдам барем три продавачки што се попаметни од било кои три министри у државава.

Продавачката можда немала услови да се запише на факултет и да си го продолжи образованието, може потекнува од сиромашно семејство, може маж и е невработен па не била многу пребирлива при изборот на професија со која би ги прехранувала своите деца. Дури можеби завршила факултет и има диплома, ама не успеала да најде работа според струката, пошто сите сме свесни колку високо-образовани луѓе седат дома во неможност да најдат работа. Може била талентиран студент и интелигентна личност, како можеш така да потцениш некого чиј живот и услови не ги познаваш, врз основа на неговото работно место?!

Се надевам нема да завршиш како продавачка. Ако тоа се случи, се надевам дека никој нема да смета дека се случило зошто си глупава.

На темава, администраторите имаат авторитет врз мене само од аспект на тоа што можат да ме банираат кога сакаат. Од мене се очекува да ги почитувам правилата, па според тоа односот е фер и коректен.
Тоа не значи дека ги сметам за попаметни од другите членови или дека треба да се плашам да им преречам. Нормално дека имало многу ситуации кога моето мислење не се поклопувало со мислењето на некој од нив и дека сме се препуцавале по теми; тоа секогаш било на културен начин, затоа што немам навика да си вадам очи со луѓе.
Постовите ги оценувам според нивната вредност, а не според тоа дали се напишани од админ или од некој нов член.

И во реалноста, нормално е дека луѓето со титула имаат авторитет врз мене, зошто се над мене (на пример, професори на факултет) и мојата ситуација во извесна област технички зависи од нивната добра волја. :)
Тоа не значи дека ги почитувам, или стравопочитувам, туку дека сум свесна дека не смеам многу да се опуштам со односот. Има и такви за кои имам високо мислење, ама тие ја добиле мојата почит благодарение на нивната работа, личност, карактер, однесување, а не титула.
 
D

Delux

Гостин
Апсолутно...не дека премногу значи како карактерна особина таа нивна “титула“ама треба да се покаже респект кон нив,бар кога се во канеларија на рабтно место.
Ама и тие се луѓе,и те пијат алкохол по кафани...се сеќавам еднаш многу еминентен човек со реноме,висок авторитет и кредибилитет во Китка во Ресен се испијани дропп,ама народен човек...титулата негова секпак се важи:)

А тука на форумов,имам посебен респект кон модераторите администраторите...оти опасни типови се.
Ќе ти избришат мислење,ќе те банираат, и шо напрај после...бегај тамуу
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Еден колега на работа имаше обичај да каже .Кога директорот каже најголема глупост сите му ракоплескаат . Во ова има некоја вистина .Што се однесува до моето мислење ,почитувам луѓе со титули посебно ако ми се предпоставени или слично . Но моето мислење за нив доаѓа од тоа какви се како луѓе. Односот према секој во обичното комуницирање ми е најнормален и со жената што ми помага дома се однесувам со достојно почитување. Титулата не ми го менува мислењето ако се работи за некој кој не го ценам како човек.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
И во реалноста, нормално е дека луѓето со титула имаат авторитет врз мене, зошто се над мене (на пример, професори на факултет) и мојата ситуација во извесна област технички зависи од нивната добра волја. :)
Тоа не значи дека ги почитувам, или стравопочитувам, туку дека сум свесна дека не смеам многу да се опуштам со односот. Има и такви за кои имам високо мислење, ама тие ја добиле мојата почит благодарение на нивната работа, личност, карактер, однесување, а не титула.
Оние луѓе кои сум ги болдирал во твојата реченица, се луѓето кои имаат авторитет. Тоа е авторитет. Првото е... “ги трпам од што морам“ став.
Болдираните луѓе ги почитувам двојно од останатите, па макар не се согласувам со нив по одредени прашања. Првите, често знам и отворено да ги нападнам, и не се каам за тоа, иако потоа можеби ме чинел таквиот однос.
 
B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Виц е, ама на темата:

Водат љубов директор и секретарка
Секретарката: Директоре, внатре ли е?
Директорот: Да.
Секретарката: АХХХХХ ДИРЕКТОРЕ, АМА Е ГОЛЕМ!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom