Мразам снег !
Стварно мразам снег, поради подмрзнатите и лизгави места од кои треба да пазам како одам, да се фаќам за огради и слични предмети ако одам по угорница. Па наместо за 5 мин да стигнам до некаде мене ми треба 10, накиснувам целата со се чорапи. Сабајле ни 10 јоргана не ме греат , целата сум мрзелива само сакам да седам со ќебе пред телевизор и да медитирам со мантра „Шехерезад омммм“ .Тогаш се што ќе падне на под не го померувам .
Врв на сето тоа е што почнувам да ги мразам сите со се децата , особено децата. Посебен момент е кога дечурланана ќе почнат да се маваат со топки ах да имав пиштол не не.. камшик! Додуша и тогаш ќе ме мрзи да камшикувам , станувам крајно летаргична и од мрза дури и во депресија паѓам, чекај ме мрзи и да паднам у депресија. Едноставно се претворам у прикладен зеленчук за сите пригоди и забави . Инвентар кој само гледа халмарк или а1 ... и чека снегот да се стопи :самоубиство: