Многу аматерски и подло е да се префрла топката.
Жално е и бедно да се гледа, како некој овде настанот го третира како фудбалски натпревар.
И наместо да се фати за суштината на проблемот и темата , се фаќа за префрлање топки, аутови корнери,пенали и давање голови.
Сите досегашни влади од 2001 навака си сносат одговорност.
Да. Точное дека сите досегашни влади не се заинтересираа да го решат овој проблем.
Но точно е и тоа дека најповикани за донесување ваков закон, се токму оние кои 4 години собираа политичко популистички поени на нивниот грб. Бранителите од уста не ги вадевте 4 години, за да сега си поигрувате со нивното достоинство.
Соберете толку потписи, соберете волку потписи...па кој ве дрибла.
Ало бре.
СДСМ изгуби на последните избори. И претпоследните. Ти текнуе ?
Една од многуте причини поради која изгуби, беше и ова.
Денес е ДПМНЕ на власт.
63 пратеника има во парламентот.
Кој тоа треба да го донесе законот ?
Или сеуште мислиш дека твојата партија е во опозиција, па изиграваш опозиционер.
А срамно е како ти најде да обвинуваш за популизам кога самиот ја користиш темава за истото, односно следејќи го неуспехот на СДС да го реши овој проблем сега популистички се префрла вината на другиот демек сите проблеми и маки започнале со падот на СДС од власт.
А ти наместо да ги минимизираш глупостите на ДПМНЕ, што очигледно ти е и работа, пробај да објасниш, поради кои причини не е донесен законот.
Дали поради финансиски причини ?
Поради законски пречки ?
Или поради противењето на ДУИ ?
Пробај да објасниш како тоа најпатриотската партија во Македонија која се вика ВМРО ДПМНЕ, ги изигра бранителите на кукавички начин.
Немој да се правиш ко паднат од Марс кога многу добро ги знаеш причините за неносењето на законот.
Нема потреба од глумење лудило.
А пак ликот кој ги отвара темиве, нема потреба да го коментираме, зашто на сите ни е јасно со која цел ги отвара, најмалце што му чуе се правата на бранителите и нивното достоинство.
Зошто доколку тебе ти чуе, ти не отвори една тема со еден апел до владата од симпатизерите на ДПМНЕ, за носење на законот.
Затоа поштеди не од лицемерие и немој да искористуваш прилика да поентираш како да не знаеме со кого си имаме работа.
Се виде вашето лицемерие после доаѓањето на Бошковски од Хаг. Се виде и пред тоа со коалицирањето со ДУИ. Се гледа и денес со законот за кој коментираме. Ништо и во иднина нема да се смени. Навикнати сте да бидете лицемери.
Јас лично својот допринос го дадов, кон “Достоинство“.
А да плукам за меракот на Месијата или твојот, немам намера.
Уште помалце да оправдувам некого.
Па ете гледаш колку вреди твојот глас што си го дал.
Договор со ДУИ за изедначување на правата на бранителите, со правата на бившите припадници на ОНА.
Разликата е во тоа што мојот глас што го дадов, не е толку евтин како твојот, за да на секој неморален договор од страна на политичарите премолчувам.
Па сега ти види кој е лицемер во ситуацијава.
Размисли првин дали луѓево не се заситени и од вашава пропаганда на форумов, како што си толку гласен за популизмот и рекламите на Грујо.
А ти би бил најсреќен кога само твоите аргументи би се слушале на форумов.
Рај за тебе.
Исто како и рекламите кои ги спомнуваш.
Ама уште многу прашок ќе ви треба за да ги исперете сите мозоци во Македонија со вашите лаги.
Не оди тоа толку лесно како што сте замислиле.