Македонија покрена тужба пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг против Грција

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr_ViRuS
  • Време на започнување Време на започнување
Кур ме боли зошто не ги информирале предавникот и фрчко, да ми простите на изразот. ЈАС требаше да сум информиран што се случува. Еве, било кој нека ми даде било каква шпекулација дека воопшто се припрема ваква работа. Реков еднаш и ќе повторам, ова ми изгледа на непланиран чекор кој скапо ќе го платиме. Ако не ние, на Груевски лично ќе му се врачи сметката.

Озбилен си за ова бе или ..... :uvo:
 
A koi se clenovi na sovetot za bezbednost :wink:?

Намигнувам бек :wink:

И?

Кршење на Судски налог, кршење на резолуциите на ООН?
А покрај неа, да не заборавиме дека сите останатите членки на СБ не признаваат под Уставно име.


Правните мерки се измислени да ги штитат малите земји како нашата, неможат вечно да бидат игнорирани или непочитувани.

За некоја година, Саркози ќе оди да пасе кози, како Буш.
 
Намигнувам бек :wink:

И?

Кршење на Судски налог, кршење на резолуциите на ООН?
А покрај неа, да не заборавиме дека сите останатите членки на СБ не признаваат под Уставно име.



Правните мерки се измислени да ги штитат малите земји како нашата, неможат вечно да бидат игнорирани или непочитувани.

За некоја година, Саркози ќе оди да пасе кози, како Буш.

Brat, treba li da odam tocka po tocka i da ti pokazam koi tvrdenja ti se pogresni? Mislam sepak nema potreba i samiot si znaes.

Ubavo e da se bide entuzijast no samo ako entuzijazmot e potkrepen so provereni i tocni fakti!

PS. Imas sigurni 3 greski i edna potencijalna :smir:.
 
Ај вака,бидејќи сега се вклучив и малку сум скапан од работа,ке може ли некој накратко да објасни што добиваме ако го добиеме спорот во судот
 
ме интересира официјален став на грција. дадоа веќе? ако има нешто, пишете, ако не, да си гледам вести во 11 и 11и30 =)
Ај вака,бидејќи сега се вклучив и малку сум скапан од работа,ке може ли некој накратко да објасни што добиваме ако го добиеме спорот во судот
влез во нато директ под фиром, и пенали ќе плаќа елада. на секој граѓанин по 300 евра месечно, 3 години по ред. за последново се шалев. обвиус.
 
Konecno! se nadevam samo deka nema da go vleckaat predmetot vo Hag sto godini!

И јас се надевам. Ама скепсава не ми дава да мрднам бре. :toe: Кога можеа Египќанинот во ОН да го убедат да не држи во фиока дур не смислат нешто, проблем било за судиине во Хаг.
Респект за исклучоците ама колку што знам судиите најлесни се за замижување ... Посебно ако можат место да замижат да си ги покријат очите со евренца.
 
ме интересира официјален став на грција. дадоа веќе? ако има нешто, пишете, ако не, да си гледам вести во 11 и 11и30 =)
влез во нато директ под фиром, и пенали ќе плаќа елада. на секој граѓанин по 300 евра месечно, 3 години по ред. за последново се шалев. обвиус.

А преговорите пак ли ке продолжат или ке се прекинат
 
Абе, а се спомна грдото лице БЦ еве си да се јавиш. Објасни ми зошто би го информирале докажаниот предавник кога тој и Фрчко се единствените на кој не им се бендиса постапката? :uvo:

Заради консензус бе Дино.

Не ја коментирам одлуката, туку го критикувам начинот на кој е донесена.

Одлука со која се менува стратегијата на државата во спорот за наредниве пет до десет години, не смее да биде донесена на ваков дилетански начин.

Најмалку што можеше да направи владата, е да ги свика релевантните политички фактори во државава и да им ја соопшти ова владина одлука. Така се прави драг мој Дино тоа во културните и демократски држави. Наместо тоа, никола по кој знае кој пат сака да докаже "Државата, тоа сум јас"
Епа не е само он бе. Постои и ИНСТИТУЦИЈА Претседател. Постои опозиција. Постојат и други партии во државата освен ДПМНЕ.

Утре може да му текне да и објави војна на грција.
И откако во договор со неговите партиски другарчиња ќе ја донесе одлуката, ќе го пушти гласникот Милошов да и соопшти на јавноста дека веќе сме во војна.
 
ме интересира официјален став на грција. дадоа веќе?

Грчката Влада вечерва оцени дека Владата во Скопје, со покренувањето на постапка пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг против Грција, само се обидува да го одложи решавањето на меѓусебниот спор за името.
Македонската Влада денеска поднесе тужба бидејќи Грција на самитот на НАТО во Букурешт, во април годинава, ја спречи поканата за влез на Македонија во Алијансата, со што, според македонските власти, го прекрши делот од Времената спогодба од 1995. година, во која се вели дека Грција нема право да го спречува зачленувањето на земјата во меѓународни институции доколку тоа се одвива под привремената референца ПЈРМ.
Министерството за надворешни работи на Грција вечерва на својата веб страница ја објави изјавата на својот портпарол Јоргос Кумуцакос, кој укажува дека Грција не ја прекршила Времената спогодба.
Тој појасни дека Владата во Македонија „го отфрлила неодамнешниот пакет идеи... на ОН (за решавање на спорот со името) и ја продолжува тактиката на одолговлекување“.
„Македонија и порано флагрантно прекрши повеќе темелни и за неа обврзувачки одредби (од Времената спогодба)... и темелните начела на добрососедство“, возврати Кумуцакос, кој најави дека Грција во судот во Хаг ќе поднесе докази за тоа.Со обраќањето до Меѓународниот суд на правдата, „скопската Влада уште еднаш потврдува дека не е заинтересирана за брзо решавање на спорот околу името“, укажува Кумуцакос, додавајќи дека и покрај тоа „Грција ќе остане доследна на процесот под покровителство на ОН за изнаоѓање на обострано прифатливо решение за името“.
Најголемата опозициона партија во Грција ПАСОК вечерва оцени дека „националистичкото раководство во Скопје очигледно ги води во ќорсокак напорите за решавање на проблемот со името“.
ПАСОК ја критикуваше и грчката Влада дека „ја скопјанизирала надворешната политика заради внатрешно-политички потреби“ и дека за тужбата на соседот дознала од медиумите.


Извор
 
Нема врска тоа. Бидејќи можеше да нема ниту еден кој ке ја подржуваше Гејлада па пак да имаше вето. Ова е хипотетички зашто ако немаше подржувачи немаше да се случи ветото.

Сигурен си дека немаше ниту еден што ја поддржуваше Гејлада,јас не би рекол,впрочем сите видовме дека нема ниту еден што ја поддржува Македонија,дури ни Турција на која искрено толку се надевавме.:toe:
А вето,практично и немаше од страна на Гејлада,туку од НАТО само што не го нарекоа така.

Изгубивме повеќе од 6 месеци со поранешните властодршци па не добивме ништо,освен промена на знаме и фиромизирање.Се повеќе се плашам да не почнат сега тријачите на кичма да застанат во одбрана на ова истово што ти си го напишал ,дека тужбава е безсмислена демек не се знае кого тужиме.

А се знае ли,или подобро речено имаме ли основа да тужиме за тоа што сме навеле во представката пред судот во Хаг,оти ова не е тужба туку представка,барем гледано од мој лаички аспект,како архитект а не правник,иако и правнициве некако ми се “збунети“?

п.с Едно прашање до поупатените...Дали е можно ,со покренувањево на тужбава да искористиме времено замрзнување на преговорите со гејците,се додека меѓународниот суд во Хаг не донесе некаква пресуда?
п.п.с И да ,да не заборавам браво за потегов!

Всушност тоа е и целта на Гејлада,да се замрзнат преговорите додека не ја пребродат политичката криза но и економската која одамна им тропа на врата,а деновиве ќе им се втурне внатре во државата.:toe:

Тоа и јас се мислам пошто кога беше самитот, овие Грците кењаа ко демек одлуката за да не се упати покана на Македонија била донесена од НАТО а не од Грција. Но, сепак таквата одлука беше донесена по инсистирање на Грција а токму поради нивниот спор за името. Кој да ти знае??:toe: Ај, белким, овие од владата го растумачиле тоа, имаат сурија од експерти на располагање, ваљда не ги плаќаат само за да ни кажат како побезболно да го примиме.

Владата има сурија од некадарни луѓе ставени по непотистички линии и партијски интересни коалиции како “експерти“,вистинските експерти седат дома или се ставени да “клечат на царевка“ во некој ќош од училницата,зарем тоа не си го разбрал досега.

Абе ајде јас мислам дека ова требаше да се случи многу порано. Да навистина не требаше да стигнеме овде НЕ ЗАЕБАА ФАКТ, ама сега треба да се извлечеме од ова срање. Јас сум кажала и порано јас воопшто не поддржувам промена на име, барам да се врати старото знаме (го почитувам и ова знаме, јас сум Македонка), да се смени овој грб и конечно Македонија (институциите и народот) да ги казни сите што пробаа да профитираат а и оние кои многу профитираа досега. Македонија мора да се трансформира во чудо држава (финансиски, за друго сме чудо :pipi:) не на хартија, туку на дело!!!

Добри сме и финансијски,кога сите светски економии објавуваат рецесија ние најавуваме најголем буџет,со најголема ставка во историјата на Македонија.:toe:

Копилето Фрцко love's грцко даде изјава за Канал 5 во која плука по оваа одлука на Владата. Копилето исто така најде можност да си ги одработи парите кои си ги добива. Прашањето е: Зашто Македонија уште го плаќа ова копиле?
Ова копиле треба да биде исфрлено на улица ко стар пешкир... А пазете уште бил експерт ЛУДИЛО ОВИЕ МИСЛАТ ДЕКА НАРОДОТ Е ГЛУП?

Па зар уште го плаќа Македонија,јас мислев дека преживува од хонорарите за неговите колумини.?

Ишала што би рекле турците,од кога се збореше за ова дека имаме право на тужба,дека е прекршен меѓунадорен договор потпишан во ОН така,да верувам дека правдата ќе биде задоволена,иконечно светот ќе ја дознае македонската приказна
браво за груевски има муда:zver:

Представката не требаше да се дава пред Меѓународен суд во Хаг туку во ОН за каде всушност се обвинува Гејлада дека ги прекршила донесените заклучоци и не ги спровела во парламентот.

Убо де ево накај 2011 МС во Хааг пресудит во наша корист.И шо???

И ништо,дотогаш ќе нема Македонци во државава,ќе останат само заслепени ДПМНЕ-овци и СДСМ-овци,вработени во администрацијата а другите ќе си ја побаарат среќата дури и во Хаг,ама како градежни работници или нешто слично.

Незнам дали знаете, дека ова значи и прекин на преговорите :)
Шуќур.
Ама мадињата шо се подотскрија, нека се покажат до крај.
А Бог и слогата нека ја чуваат Македонија.
За ова, не се разговара.

Кој прекинува?

Sebastian, одлуката на судот е обврзувачка ама судот нема механизам за да казни некого ако не ја почитува одлуката. Со други зборови: маде се тресе во ладна вода, или со уште поинакви, Груевски повторно продава популизам и желба му е, како и на Црвенковски, да владее до ковчег.
За да го потврдам моето мислење, ќе се запрашам јавно:
Спогодбата не е ратифицирана во грчкиот парламент. Како може да тужиш некого за непостоечки договор?
Јас го тужам Себастиан дека ми ја зеде нивата што ми ја продаде. Немам
документ на кој тој е потпишан, ама затоа имам документ на кој јас сум потпишан. Валиден е. Жими мајка.
Зошто продолжија преговорите (а верувам и понатаму ќе продолжат само нема да носат резултат) по самитот во Букурешт на кој "Грција го попречи патот на ФИРОМ во зачленувањето на меѓународни организации", како беше таму точно текстот формулиран... Тие можеа и требаа ВЕДНАШ да бидат прекинати. Договорот прекинува да важи кога ЕДНА од договорените страни ќе го прекрши договореното. Крај на муабетот.
Фактот што судот нема да донесе одлука за овој проблем во барем наредните 2 години е доволно купено време за уздање на населението. Демек чекаме... не сме ние криви.
Простете на мојот скептицизам, но политиката на мојата земја во последниве 18 години направи скептик од мене, нема лутиш.
Со дополнителни коментари, прашања и совети ќе се јавиме повторно во вестите во 22 часот.

Ниту купопродажен договор за имот кој не е заведен од официјален орган не може да биде валиден пред суд,може да се земе во обзир при судска парница,евентуално,доколку сведоците се сеуште живи.Инаку се согласувам со твоето мислење,како да си ме копирал мене.:smir:
 
А преговорите пак ли ке продолжат или ке се прекинат
дур тече постапката ќе течат и преговорите(бар, последно што чув). и по тоа, мислам дека пак ќе има преговори, освен ако имаме муда пак да се обратиме до ОН за враќање на старо име, плус притисок за имотите, итн. акции. зависи од многу фактори. со тек на време ќе се одмотува клопчето. сега станува интересно многу.
 
Интересно дека МК слепо се држи за договор кој и донесе само штета и има намера и да го продолжи иако веќе нема никакво правно дејство.

Некоја чудна логика за мене необјаснива.

Друже, другите само ќе кажам, дека знам имаш малце во глаана, и ќе размислиш.
Грција не ни даде вето, со тоа ништо нема прекрено од "привремената" спогодба. Они се чисти ко солза.

Се ова, е за дечурлана кои слепо веруваат на ветувања и мавања груда.

Толку.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom