Нема врска тоа. Бидејќи можеше да нема ниту еден кој ке ја подржуваше Гејлада па пак да имаше вето. Ова е хипотетички зашто ако немаше подржувачи немаше да се случи ветото.
Сигурен си дека немаше ниту еден што ја поддржуваше Гејлада,јас не би рекол,впрочем сите видовме дека нема ниту еден што ја поддржува Македонија,дури ни Турција на која искрено толку се надевавме.

А вето,практично и немаше од страна на Гејлада,туку од НАТО само што не го нарекоа така.
Изгубивме повеќе од 6 месеци со поранешните властодршци па не добивме ништо,освен промена на знаме и фиромизирање.Се повеќе се плашам да не почнат сега тријачите на кичма да застанат во одбрана на ова истово што ти си го напишал ,дека тужбава е безсмислена демек не се знае кого тужиме.
А се знае ли,или подобро речено имаме ли основа да тужиме за тоа што сме навеле во представката пред судот во Хаг,оти ова не е тужба туку представка,барем гледано од мој лаички аспект,како архитект а не правник,иако и правнициве некако ми се “збунети“?
п.с Едно прашање до поупатените...Дали е можно ,со покренувањево на тужбава да искористиме времено замрзнување на преговорите со гејците,се додека меѓународниот суд во Хаг не донесе некаква пресуда?
п.п.с И да ,да не заборавам браво за потегов!
Всушност тоа е и целта на Гејлада,да се замрзнат преговорите додека не ја пребродат политичката криза но и економската која одамна им тропа на врата,а деновиве ќе им се втурне внатре во државата.
Тоа и јас се мислам пошто кога беше самитот, овие Грците кењаа ко демек одлуката за да не се упати покана на Македонија била донесена од НАТО а не од Грција. Но, сепак таквата одлука беше донесена по инсистирање на Грција а токму поради нивниот спор за името. Кој да ти знае??

Ај, белким, овие од владата го растумачиле тоа, имаат сурија од експерти на располагање, ваљда не ги плаќаат само за да ни кажат како побезболно да го примиме.
Владата има сурија од некадарни луѓе ставени по непотистички линии и партијски интересни коалиции како “експерти“,вистинските експерти седат дома или се ставени да “клечат на царевка“ во некој ќош од училницата,зарем тоа не си го разбрал досега.
Абе ајде јас мислам дека ова требаше да се случи многу порано. Да навистина не требаше да стигнеме овде НЕ ЗАЕБАА ФАКТ, ама сега треба да се извлечеме од ова срање. Јас сум кажала и порано јас воопшто не поддржувам промена на име, барам да се врати старото знаме (го почитувам и ова знаме, јас сум Македонка), да се смени овој грб и конечно Македонија (институциите и народот) да ги казни сите што пробаа да профитираат а и оние кои многу профитираа досега. Македонија мора да се трансформира во чудо држава (финансиски, за друго сме чудо

) не на хартија, туку на дело!!!
Добри сме и финансијски,кога сите светски економии објавуваат рецесија ние најавуваме најголем буџет,со најголема ставка во историјата на Македонија.
Копилето Фрцко love's грцко даде изјава за Канал 5 во која плука по оваа одлука на Владата. Копилето исто така најде можност да си ги одработи парите кои си ги добива. Прашањето е: Зашто Македонија уште го плаќа ова копиле?
Ова копиле треба да биде исфрлено на улица ко стар пешкир... А пазете уште бил експерт ЛУДИЛО ОВИЕ МИСЛАТ ДЕКА НАРОДОТ Е ГЛУП?
Па зар уште го плаќа Македонија,јас мислев дека преживува од хонорарите за неговите колумини.?
Ишала што би рекле турците,од кога се збореше за ова дека имаме право на тужба,дека е прекршен меѓунадорен договор потпишан во ОН така,да верувам дека правдата ќе биде задоволена,иконечно светот ќе ја дознае македонската приказна
браво за груевски има муда
Представката не требаше да се дава пред Меѓународен суд во Хаг туку во ОН за каде всушност се обвинува Гејлада дека ги прекршила донесените заклучоци и не ги спровела во парламентот.
Убо де ево накај 2011 МС во Хааг пресудит во наша корист.И шо???
И ништо,дотогаш ќе нема Македонци во државава,ќе останат само заслепени ДПМНЕ-овци и СДСМ-овци,вработени во администрацијата а другите ќе си ја побаарат среќата дури и во Хаг,ама како градежни работници или нешто слично.
Незнам дали знаете, дека ова значи и прекин на преговорите

Шуќур.
Ама мадињата шо се подотскрија, нека се покажат до крај.
А Бог и слогата нека ја чуваат Македонија.
За ова, не се разговара.
Кој прекинува?
Sebastian, одлуката на судот е обврзувачка ама судот нема механизам за да казни некого ако не ја почитува одлуката. Со други зборови: маде се тресе во ладна вода, или со уште поинакви, Груевски повторно продава популизам и желба му е, како и на Црвенковски, да владее до ковчег.
За да го потврдам моето мислење, ќе се запрашам јавно:
Спогодбата не е ратифицирана во грчкиот парламент. Како може да тужиш некого за непостоечки договор?
Јас го тужам Себастиан дека ми ја зеде нивата што ми ја продаде. Немам
документ на кој тој е потпишан, ама затоа имам документ на кој јас сум потпишан. Валиден е. Жими мајка.
Зошто продолжија преговорите (а верувам и понатаму ќе продолжат само нема да носат резултат) по самитот во Букурешт на кој "Грција го попречи патот на ФИРОМ во зачленувањето на меѓународни организации", како беше таму точно текстот формулиран... Тие можеа и требаа ВЕДНАШ да бидат прекинати. Договорот прекинува да важи кога ЕДНА од договорените страни ќе го прекрши договореното. Крај на муабетот.
Фактот што судот нема да донесе одлука за овој проблем во барем наредните 2 години е доволно купено време за уздање на населението. Демек чекаме... не сме ние криви.
Простете на мојот скептицизам, но политиката на мојата земја во последниве 18 години направи скептик од мене, нема лутиш.
Со дополнителни коментари, прашања и совети ќе се јавиме повторно во вестите во 22 часот.
Ниту купопродажен договор за имот кој не е заведен од официјален орган не може да биде валиден пред суд,може да се земе во обзир при судска парница,евентуално,доколку сведоците се сеуште живи.Инаку се согласувам со твоето мислење,како да си ме копирал мене.:smir: