Самите овде, многу пати баравме покренување постапка, некои тогаш беа скептици, немаме муда немаме она ова...ама ете, го добивме она кое го сакавме.
Точно, ама зошто тек сега се превзема чекоров? Можеше уште на 7 Април (дека 5 и 6 викенд, не работат судиите) да се направи тоа, цак тужба... Знаеш, не ми е јасно зошто се чекаше 7 месеци за на некој умен во наводници да му текне да го превземе чекоров. Во тек на тие 7 месеци ние преговаравме, не плашеа дека ете сега ножот е стигнат до коска, па не овој пат туку наредниот, па менувавме преговарач, па ни се караат премиерот и претседателот ко мали деца, па власта донесе 100 закони како да се 100 чекори од автобуска до трафика... Се случија толку многу срања, толку пари и време се потроши, а сето тоа можеше да се избегне доколку се превземеше чекоров навреме.
Затоа ова веќе ми наликува на купување на време.. Власта едноставно сака да паузира од преговориве за името и да донесе уште неколку стотина закони во неколку стотина чекори.
А постои уште една варијанта во умов мој. Владата се реши на ова бидејќи цело време се надеваа виновник претседателот ќе го направат за евентуална промена на име. Кога тој го повлече својот преговарач и воедно ги тргна од лична одговорност настаните во тој правец, тие поднесоа тужба која веројатно ќе се одговори за 4 години, кога ќе му заврши мандатот на Груевски и дајбоже никогаш повторно да не ми се појави во парламент, па наредниот ќе ја продолжи играва. Ова засега е моја претпоставка, но ќе видиме како ќе се развива понатаму.
Сепак, доаѓаме до еден заклучок дека преговорите се блокирани, нашето членство во НАТО и ЕУ е блокирано во наредните 4 години..... Треба да се чуствуваме онаквувани. Јас барем се чуствувам таков, ти можеби не бидејќи имам впечаток дека живееш надвор од границиве (ако грешам поправи ме). Знаеш, ти го имаш знамето, го имаш името... Јас имам долгови, слабо работа има последниве неколку месеци, обврските растат...
На нашите животи им доаѓа крајот кога ќе станеме тивки за нештата што се важни.