Гледам дека има ставено тема за исповед. Но, за да се разбере правилно исповедта, мора прво да се сфати што претставува покајанието. Ќе се обидам да објаснам кое е учењето на Црквата за покајанието. Па еве вака:
Зборот покајание доаѓа од грчкиот збор метаноја, кој во буквален превод значи преумување. Тоа пак што значи? Значи, да се премислиме за нешто. Досега мислев вака, отсега ќе мислам поинаку. На пример, досега сакав да излегувам со оваа женска, сега сакам со оваа другава. Или, досега сакав да живеам во стан, сега сакам во куќа со базен. Друг пример, досега ми правеа почест другарите, отсега сакам да ми прават почест и комшиите. Сите овие се примери на покајание. Но, за своја основа ги има страстите (сластољубие, среброљубие и славољубие).
Вистинско покајание е она, кое како критериум го има Христос. Тоа што значи? Тоа значи, целиот мисловен процес да го насочиме кон Христос.
Јас сум крив за се`. Ова „јас сум крив за се`“ води до „Господи помилиј“. Ако преумувањето е вистинско, тогаш тоа „јас сум крив за се`“, односно „Господи помилуј“ ќе стане секојдневна мисла, која умот ќе ја практикува. Постепено, тоа се вселува и во срцето и се раѓа внатрешната молитва...
Ама.. битно е да се почне. Добра почетна движечка сила кај секој човек е стравот Божји. Зависи кој што сака во животот..