Еј, ама емо тема.
Ова „убивање на љубовта“ ми е премногу sci-fi поим.
Али согледано од другата страна на паричката „како љубам јас (читај лигавам)“ би требало да следи како состав за писмена работа:
Јас љубам како што индијанците ја љубеа својата земја, како што мојот мачор ќе ме гледа со натажени очи откако ќе го удрам, како што ќе го љубам потписот на мојата личност со нож од мојата рака на моето омилено дрво во шумата, како утринското сонце кое поминува низ прозорецот на мојата перница, како трчањето на дожд без никаква цел, како својот поглед во огледало, како вкусната капка крв на мојата личност, како првото сопнување на првиот снег, како мирисот за време на готвењето на првиот ајвар, како мазната кожа на мојата личност допрена со мојот нос, како благоста на мојата главоболка причинета поради нерва од мојата личност, како моќноста на секоја моја слабост, како првото учење на некој вид спорт, како мотивацијата при гневно зграпчување на перницата, како неможноста и спречувањето за еден допир кон мојата личност, како непомислата на себеси гледајќи го нејзиниот лик, како посматрањето на секое нејзино движење, како верувањето во бесмртен живот кога би биле заедно.