Како се станува возрасен?

Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Пак ќе кажам дека се зависи каков е човекот што носи во себе и што е за него одговорност . Не значи ако некој се смее на глупости се однесува како дете дека не е е возрасен, во дадена ситуација тој можеби ќе биде поодговорен од некој кој е многу сериозен. Дури и дефиниција за возрасен не може да биде апсолутно точна бидејќи се е релативно и во зависност од тоа кој како ја сваќа возрасноста.Сите во животот проаѓаат низ трауми , деца воспитувани на најправилен начин или чувани си огромна љубов исто така доживуваат трауми ,доаѓање на нов член во семејството ,промена на финансиската ситуација,односите меѓу родителите ,се одразува различно .Ќе се негирам и сама себе ,иако раснат во исто семејство двете деца различно се воспитуваат а на тоа влиаат многу околност ,ни следната минута не е е иста а камоли поминато време од едно до друго дете . Така да ,се делува на личноста во нејзиното формирање и прифаќање на некој работи или не прифаќање на истите . Затоа мислам дека секој е различен и различно се однесува во исти ситуации. Наше е да си го одработуваме нашиот дел онака како мислиме дека е најдобро а да го почитуваме другиот и неговиот начин на живот без да се трудиме да го менуваме по наш терк.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Возрасен е оној кој си е одговорен за своите постапки, има чувство за другите што го опкружуваат, умее правилно да реагира...
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Со наполнување на 18 години, а зрел со созревање.

Многу работи се битни за созревање, али најбитен моменат е сопственото обезбедување на егзистенција. Значи моменатот кога без ничија помош некој започнува да си го брише својот газ т.е. да се рани.
 

Little Lady

Born To Be Wild
Член од
28 октомври 2008
Мислења
339
Поени од реакции
8
hmmmm....abe ova so napolnuvanjeto na 18 godini, poveke mi e kako odgovor na prasanjeto Koga(zakonski) se stanuva vozrasen, a ne Kako?!

Оној кој го поминува детството неповреден никогаш нема да стане возрасен
a za mudrava misla :pipi: ..se odnesuva na toa deka site sto ziveat vo rozov svet i pod stakleni zvona, cel zivot se ponashaat kako deca, toa neznaci deka ne se sposobni da si obezbedat egzistencija, ama ednostavno site okolu niv treba da se grizat se da im bide pogodeno, ne smeat da si dozvolat da stradaat...pa najcesto i uspevaat da si najdat partneri sto ke im go obezbedat seto toa :toe:...ama nekoj den ko ce se razbuda, e teshko niv
a dodeka drugi so koi zivotot bil surov, vo odredena smisla, uste od pomali godini, ja sogleduvaat realnosta mnogu pobrzo sto e i klucno za sozrevanjeto, so cel da se "borat" so okolinata, gradat svoi stavovi, go gradat svojot karakter, a pak i pokasno odeluvanjeto od doma e uste eden golem plus za seto toa :jaj:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Оној кој го поминува детството неповреден никогаш нема да стане возрасен
Оној кој го поминува детството релативно неповреден,како возрасен човек има натпросечна интелегенција и голема воља за живот.
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Дали мислите дека е ова точно? Факт е дека некои луѓе едноставно никогаш не пораснуваат, но дали тешкотиите низ детството, тинејџерството, допринесуваат или не? Дали е сосема обратно? Мирното детство да ни овозможи подлога за спознавање на светот и со тоа да влеземе лесно во светот на возрасните... М?
Нема врска. Скроз обратно е.. Бар јас така мислам.
Тој што ќе го помине детството неповреден сепак го ПОМИНУВА детството па станува возрасен и натака учи што треба..
Тој што е присилен порано да порасне го рипа најубавиот дел од животот.. И е дете цел живот.. Го бара пак тоа што го рипнал некогаш..
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Оној кој го поминува детството релативно неповреден,како возрасен човек има натпросечна интелегенција и голема воља за живот.
А, тоа тврдење го поткрепуваш...со?
 
Член од
23 февруари 2007
Мислења
780
Поени од реакции
69
Оној кој го поминува детството релативно неповреден,како возрасен човек има натпросечна интелегенција и голема воља за живот.
Знаеш некој таков?

А иначе возрасен не мора да значи 18 години, сум видел многу млади деца кои кога ќе ги чуеш и кога ќе ги гледаш како се однесуваат не можеш едноставно да ги наречеш деца.
 
Член од
24 август 2008
Мислења
1.120
Поени од реакции
163
Оној кој го поминува детството релативно неповреден,како возрасен човек има натпросечна интелегенција и голема воља за живот.
Мислам дек не си баш во право пошо виденоживотот е даен за да се поминет сите негови етапи и се по ред.Јас знам баш еве една моја соученичка, шо случајно ми е и комшивка ко мала ни еднаш не ја иам видено да си играт надвор, ко сите ние шо нормално си игравме криенка и сл.Та за то време ја читаше Ана Каренина (а ние шо се викат не знаевме ни да читаме).А и сега така се понашат, не излегвит чаршија ко сите нормални туку ојт со мајка и татко и негде по вечери и такви работи не знам се ко за возрасни прајт а јас пак мислам дека и за то имат време, долг е животов ехеее.Таја сеа ак не излегвит ќе сакат на 40 години зш некош морат да го прајт то (освен ако е некој намќор шо немат ни слушнато шо е то диско) и после на 40 год в диско ќе ојт?Та воопшто не си го живејт животов, можда е паметна не викам не ама соцјализирање не е само да седиш дома забулен и да читаш книги да учиш и слично, требит и со љуѓе малу да се измешат.
 

PhantomerX

Несопирлив
Член од
30 октомври 2008
Мислења
623
Поени од реакции
46
Нели интелигенцијата се стекнува додека си уште бебенце... Можеш од глупо детенце како што те знаат сите, ко ке пораснеш да бидеш попаметен?
Не верувам.
Инаку со 18 стануваш само полнолетен. А ментално возрасен стануваш спонтано онака како што ке реагираш на ситуациите кои ги имаш пред тебе во животот.
Однесувањето пред се те прави возрасен. Годините се најмала мерка. Тие помагаат да добиеш право да одлучуваш а одлуките покажуваат колку си возрасен.
 

Ајанта

Македонка
Член од
21 декември 2008
Мислења
580
Поени од реакции
37
Пиеш млеко и јадеш еурокрем, и оп-оп-оп, возрасеееен:wink: Шалата настрана, темава е сериозна.Многу често сретнувам полнолетни+ кои сепак не се возрасни, т.е созреани. Според една дефиниција со која што јас начелно се сложувам, возрасен си кога ќе им простиш на родителите. Значи, возрасен си кога потполно, материјално и емоционално ќе се одделиш од матичното семејство во кое ќе гледаш драги, блиски луѓе, а не рамо за плачење, вреќа за боксирање или крава за молзење:wink:
 
Член од
27 септември 2007
Мислења
1.028
Поени од реакции
440
Возрасен се станува кога ќе созрееш доволно и кога ќе бидеш во состојба да се контролираш, да живееш сам, да не бидеш зависен од никого, да имаш контрола над сопствениот живот,кога ќе научиш уште мнноооогу многуу кога ќе почнеш да ствараш итн. п.с. а и сите родители баби дедовци понекогаш прилегаат на деца и не се однесуваат како возрасни, а децата според мое мислење неможат да прилегаат на возрасни само по фактот дека тие размислуваат паметно или деца кои имале многу тешко детство и слично децата неможат да бидат како возрасните зошто каде е искуството? Али се во свое време:helou:
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
годините не се мерило за зрелоста познавам многу 15 годишни деца кои се многу попаметни од некои 25 годишни.
Тоа според мене најмногу зависи од средината во која живееме, најмногу од домашното воспитание, од друштвото и образованието
каква личност што ќе се оформиш околу 20 до 25 година таков остануваш цел живот, секако има и исклучоци, ама таа возраст според мене е клучна за оформување на сопственото јас и "станување возрасен" или не
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
годините не се мерило за зрелоста познавам многу 15 годишни деца кои се многу попаметни од некои 25 годишни.
Тоа според мене најмногу зависи од средината во која живееме, најмногу од домашното воспитание, од друштвото и образованието
каква личност што ќе се оформиш околу 20 до 25 година таков остануваш цел живот, секако има и исклучоци, ама таа возраст според мене е клучна за оформување на сопственото јас и "станување возрасен" или не
15 годишни, кои се попаметни, но не и повозрасни. Да си паметен не значи и да си возрасен.

Ада ми бараше дефиниција за возрасен, која секако не можам да ја изнесам. Но, мислам дека главен предуслов е долготрајното поднесување сметки за своите акции пред општеството, универзумот, себе, Господ... свесноста за нештата. Што подолго го имаш товарот на животот на грб, толку повозрасен ќе станеш. Што значи, одговорноста можам да ја изедначам со “возрасноста“. Затоа раѓањето на свое дете е можеби најбрзиот начин за влегување во светот на возрасните.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
15 годишни, кои се попаметни, но не и повозрасни. Да си паметен не значи и да си возрасен.

Ада ми бараше дефиниција за возрасен, која секако не можам да ја изнесам. Но, мислам дека главен предуслов е долготрајното поднесување сметки за своите акции пред општеството, универзумот, себе, Господ... свесноста за нештата. Што подолго го имаш товарот на животот на грб, толку повозрасен ќе станеш. Што значи, одговорноста можам да ја изедначам со “возрасноста“. Затоа раѓањето на свое дете е можеби најбрзиот начин за влегување во светот на возрасните.
Или кога ќе ти дојдат покачени сметки за парно и струја,а треба да ги платиш до 15:)За киријата да не правам муабет,туку кажи каде да се жалам за сметкиве,ме фати параноја:nesum:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom