- Член од
- 18 ноември 2007
- Мислења
- 609
- Поени од реакции
- 41
Пак ќе кажам дека се зависи каков е човекот што носи во себе и што е за него одговорност . Не значи ако некој се смее на глупости се однесува како дете дека не е е возрасен, во дадена ситуација тој можеби ќе биде поодговорен од некој кој е многу сериозен. Дури и дефиниција за возрасен не може да биде апсолутно точна бидејќи се е релативно и во зависност од тоа кој како ја сваќа возрасноста.Сите во животот проаѓаат низ трауми , деца воспитувани на најправилен начин или чувани си огромна љубов исто така доживуваат трауми ,доаѓање на нов член во семејството ,промена на финансиската ситуација,односите меѓу родителите ,се одразува различно .Ќе се негирам и сама себе ,иако раснат во исто семејство двете деца различно се воспитуваат а на тоа влиаат многу околност ,ни следната минута не е е иста а камоли поминато време од едно до друго дете . Така да ,се делува на личноста во нејзиното формирање и прифаќање на некој работи или не прифаќање на истите . Затоа мислам дека секој е различен и различно се однесува во исти ситуации. Наше е да си го одработуваме нашиот дел онака како мислиме дека е најдобро а да го почитуваме другиот и неговиот начин на живот без да се трудиме да го менуваме по наш терк.