Втора шанса

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Не очекувам некој да се врати, но очекувам тие што се сега со мене никогаш да не заминат!
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
Не давам втора шанса. Никогаш. Во ниеден случај.

Доколку на некој му пружам една шанса, треба паметно да ја искористи. А не по некое време да дојде и да бара да му простам. Како што заебал работа еднаш, ќе заебе и друг пат. И трет пат доколку му се укаже. Затоа, со луѓето кои еднаш се поставиле така што ми наштетиле намерно, сум на дистанца. Доколку се појават по некое време, без разлика дали станува збор за партнер или за пријатели, ќе ги испочитувам така што ќе им направам коректен муабет, ќе ги прашам како им е сега животот, можеби и ќе излеземе на кафе. Но ништо повеќе.
 

Stre3T Danc@

The definition of #BFABB
Член од
10 април 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
146
Ми се случи :(
Мојата животна дилема се заснова на тоа прашање.. Дали згрешив што не му дадов втора шанса?
Се гледав со еден тип 8 месеци. Се најдовме со заедничките интереси околу играњето и се здруживме премногу, се гледавме релативно често и имавме доста убави моменти заедно. Доаѓав кај него дома, седев со неговите, слушавме музика, правевме кореографии, гледавме филмови.. буквално уживавме заедно.
Но, тој имаше специфичен карактер. Претпоставувам дека сеуште не беше доволно зрел, иако 1на година постар, но го засакав и минував низ секоја ситница, а всушност така само допринесував да се прелее чашата.
Една вечер кога требаше да излеземе, другарот го извиси и тој крајно се изнервира и цела вечер ја помина без да изусти збор. Не знаев како да го утешам, но бев покрај него. Кога дојде време да си одам, сама си викнав такси и се налути зошто не сум му кажала дека ќе си одам. Можеби нависина погрешив, но морав да одам и заминав. Потоа го барав уште безброј пати и се правеше недостапен.
По 2 месеци јас отидов натаму. Влегов во нова врска, а тој се врати во мојот живот молејќи ме за прошка. Велеше дека сфатил колку ме сака, сака да сме заедно и ветува дека ќе се смени..но веќе беше предоцна, не можев да уништувам една врска за друга. Му кажав што чувствував за него, дури и се налути што не сум го чекала досега.. и тоа ме изиритира крајно. Јас дури и покрај сомнежите дека се гледа со други девојки минував низ се. Дали немаше со која да излегува, па ме побара или навистина му беше жал, не знам.. не успеа да ми го докаже неговото тврдење, затоа што не сакав да минувам низ истото. А потоа, откако повторно избувна, ме навреди и останавме без контакти. И по 1 месец, па потоа по 2 недели пак ме бараше, и пак и пак.. но имав врска и никој не заслужува да добие таков крај, а кога јас го барав за да се извинам него го немаше. Секој пат кога ме бараше се повеќе ме повредуваше.
Не сакав да манипулира со мене.
Последниот разговор ни беше жесток.. Бескрајно ме молеше да бидеме пак заедно и дури тогаш ми го искажа неговиот став кон мене, или пак само изреволтирано ме понижи. И тоа му беше последен пат, тука ставивме крај, до денес немаме апсолутно никаков контакт.
Сепак, јас го сакав премногу и криво ми е што по толку време завршивме така, покрај се, но тој ми нанесе премногу болка преку која не се минува.
И тој е воедно единствениот бивш кој ми недостига на моменти. И утре да добијам прилика повторно да разговарам со него, не знам како би постапила. :toe:
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Стрит, може си почувствувала дека во него има потенцијал на прекрасна личност, којашто е сеуште скриена зад... хм :), немој да се лутиш, но овој звучи ко Едиповец, а можеби се лажам. Тие Едиповците знаат да кријат прекрасни личности во себе, но ретки се тие кои ќе ги ослободат.
Здравје Боже, еден ден се ќе се види.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Мислам дека би дала втора шанса, мислам најчесто велам дека кога некој ќе ме повреди тоа е тоа и дека не би можела да верувам во таа личност пак, но во суштина јас верувам во простување и сметам дека би можела да ја примам таа личност во мојот живот. Освен за врските, сметам дека еднаш замртвена врска не може повторно да се препороди, така да тоа би било губење време.
Не знам, се зависи од личноста и од степенот на кој ми значи...

Сум била повредена и секогаш сум велела опростено е, дури и кога прошка и не била побарана. Сум правела работи и тие не биле ценети... но не ми е грижа, повторно би го направила истото ако ја имам шансата...
 
M

MIL

Гостин
Aко сеуште живее во моето срце и не сум ја заборавил и давам шанса без разлика на се :toe::smir::back:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Сите сме мали деца. Сите сакаме прегратка откако ќе ја скршиме теглата со џем. И знаеме дека повеќе не смееме да го правиме тоа, но... шест часа подоцно, повторно ни кркорат цревата.
Човекот е река, некогаш брза некогаш спора, но никогаш не застанува да се покори на потребите на рибарот, затоа и тој никогаш не застанува да лови онаму каде има брзаци, тие секогаш ќе бидат таму, без исклучок.
 
Д

ДаркхарТ

Гостин
Јас никому не давам втора шанса. Ниските удари во животот ме научиле дека не секој ја заслужува. За било што и да станува збор. Впрочем од каде да знам дека таа личност што ја бара ја заслужил? Затоа се водам на моите принципи. Сум си ги поставила јас и како такви треба да бидат прифатени од луѓето околу мене.
 
S

StereoLove

Гостин
Сите грешиме нели?никој не е совршен...човечки е и да се простува.
Ке дадам втора шанса но само зависи дали навистина се кае или не и зависи од тоа што го сторил.По навика простувам и давам втора шанса.
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
248
Поени од реакции
54
Јас никому не давам втора шанса. Ниските удари во животот ме научиле дека не секој ја заслужува. За било што и да станува збор. Впрочем од каде да знам дека таа личност што ја бара ја заслужил? Затоа се водам на моите принципи. Сум си ги поставила јас и како такви треба да бидат прифатени од луѓето околу мене.
znaes u pravo si dunde za ova ako ednas te zeabe a si imal poverenje glupo e po drugi put da te zaebe koa si videla so coek bil turi mu pepel.i ja taka praam ako ednas izgubil nekoj poverenje nema vise vracanje u moj tefter be
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Јас никому не давам втора шанса. Ниските удари во животот ме научиле дека не секој ја заслужува. За било што и да станува збор. Впрочем од каде да знам дека таа личност што ја бара ја заслужил? Затоа се водам на моите принципи. Сум си ги поставила јас и како такви треба да бидат прифатени од луѓето околу мене.
Ова е клучното нели? Ќе дојде време кога ќе биде потребно дадеш некому, од искуство ти кажувам.
 
Д

ДаркхарТ

Гостин
Ова е клучното нели? Ќе дојде време кога ќе биде потребно дадеш некому, од искуство ти кажувам.
А јас пак од искуство не давам втора шанса. Кој ме одебал еднаш ќе ме одебе уште еднаш. Нема зошто да се косам два пати... Ќе се искосам еднаш ќе пројде време и ќе биде како воопшто да не се случило ништо. Го отпишувам од мојот живот тој што ми згрешил по брза постапка веднаш штом ќе си го добие заслуженото.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Луѓето секогаш го бараат она што им треба, а не она што го заслужуваат. Втора шанса не се дава, туку се заслужува.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
А јас пак од искуство не давам втора шанса. Кој ме одебал еднаш ќе ме одебе уште еднаш. Нема зошто да се косам два пати... Ќе се искосам еднаш ќе пројде време и ќе биде како воопшто да не се случило ништо. Го отпишувам од мојот живот тој што ми згрешил по брза постапка веднаш штом ќе си го добие заслуженото.
Да, ама затоа реков тоа е клучното. Зошто постојат случаеви каде што некој ќе си ја заслужи таа втора шанса.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom