Деструктивноста односно Големата експлозија како настанување е многу погубна како филозофија, затоа што луѓето кои што ја сметаат таа филозофија како вистинита се повеќе предаторски настроени. Под тоа мислам дека се повеќе склони кон манири победникот зема се, се е мое ништо твое, опседнати со контрола, па посилниот преживува итн. Не е толку важно дали еволуцијата е вистинита или не, повеќе е важно нејзиното влијание негативно како филозовска школа врз човековиот живот а со тоа и општо животот на оваа планета.
Кој како ја разбрал. Има луѓе кои мислат дека еволуцијата е случајна. Тоа не е точно. Еволуцијата е едноставно селективна.
Праживуваат единките кои се подобро прилагодени на средината. Тие имаат повеќе потомства. Толку.
Нема случајност, нема план. Има само бескрајни итерации од кои продолжуваат да итерираат оние кои најдобро се снашле.
Нема посилен - послаб. Нема попаметен - поглуп. Нема усложнување или упростување како дифолт. Едноставно оној организам кој ќе преживее подолго и ќе се ископира поише пати го креира идниот вид.
Еволуцијата НЕ Е СЛУЧАЈНА.
Еволуцијата е НЕПОБИТЕН ФАКТ.
Еволуцијата НЕ СЕ ЗАНИМАВА СО НАСТАНОКОТ НА ЖИВОТОТ.
Инаку, ме интересира како би го елаборирал/поткрепил ова свое тврдење:
повеќе е важно нејзиното влијание негативно како филозовска школа врз човековиот живот а со тоа и општо животот на оваа планета.
Какво е тоа негативно филозофско влијание?